Еминем
| Еминем | |
Еминем настапува во живо на DJ Hero забавата во Лос Анџелес, Јуни 1, 2009 |
|
| Background information | |
|---|---|
| Website | eminem.com |
Еминем (Сент Џозеф, Мисури, САД, 17 октомври 1972), вистинското име Маршал Брус Метерс (познат и под називот Слим Шејди) е американски рапер, продуцент и глумец. Еминем се здоби со огромна популарност во 1999 год. по објавувањето на неговиот прв комерцијален албум The Slim Shady LP, кој освои Греми награда за најдобар рап албум. Неговиот следен албум The Marshall Mathers LP, стана најбрзо продаваниот соло албум во американската музичка индустрија.[1] Албумот го издигна Еминем во музичките височини, што резултираше со отворање на неговата сопствена продукциска куќа Шејди Рекордс. Како последица на неговиот комерцијален успех, рап групата од Детроит Д12, во која воедно членува и тој, премина од андерграунд во меинстрим рап.
The Marshall Mathers LP и неговиот трет студиски албум The Eminem Show исто така освоија Греми награди за најдобар рап албум, правејќи го Еминем првиот рапер со оваа статуетка за три последователни албуми. Истата награда повторно ја освои во 2010 со албумот Relapse, вкупно негова 11та Греми награда. Во 2003 год. освои Оскар за најдобра филмска музика со песната Lose Yourself од филмот 8 Mile, во кој ја толкуваше главната улога. Lose Yourself сеуште го држи рекордот за рап песна со најмногу поминати недели на позицијата број 1 на американската топ листа. По турнејата во 2005 год. Еминем се повлече од музичкиот живот. Во 2009 год. го издаде албумот насловен Relapse, негов прв студиски проект по Encore од 2004. Со Relapse ја заработи неговата 4-та награда за најдобар рап албум, вкупно 11-то негово признание од ова натпреварување. Во 2010 год. Еминем го издаде својот седми албум Recovery, кој претставуваше шести последовен број 1 албум за раперот во САД, но доживеа успех и во останатите земји во светот.
Од страна на Vibe магазинот во 2008 беше прогласен за најдобар рапер на сите времиња. Вклучувајќи ја неговата работа со Д12, Еминем има 9 број 1 албуми на американската Билборд 200 листа ( 7 соло албуми и 2 со неговата група ). 13 синглови од неговата дискографија достигнаа број 1 на светските топ листи. Во декември 2009 год. на Еминем му беше доделена наградата Музичар на деценијата 2000-2009 од страна на Билборд. Со продадени 40 милиони албуми во САД и преку 90 во светот, Еминем е најпродаваниот музичар на 21-от век и најпродаваниот рапер на сите времиња.
Содржина |
[уреди] Ран живот
Еминем е роден под името Маршал Брус Метерс на 17 Октомври, 1972 год. во Сент Џозеф, Мисури, како син единец на Дебора Нелсон Метерс-Бригс и Маршал Брус Метерс Јуниор. Има корени кои водат од Англија и Германија. Неговиот татко го напуштил семејството кога Еминем имал 18 месеци, па затоа бил израснат само од неговата мајка во голема сиромаштија. Се до неговата 12-та година, немал постојано место на живеење, бидејќи постојано се преселувал низ различни градови во Мисури, се до неговото конечно доаѓање во Ворен, населба во Детроит.
Откако го слушнал албумот Licensed to Ill на Бисти Бојс како тинејџер, Маршал се почнал да се интересира за рап музиката. На возраст од 14 години, под псевдонимот М&М, почнал аматерски да пишува стихови. Се приклучил на групата Bassmint Productions, и ја направиле нивната прва касета Steppin' Onto The Scene. Групата подоцна го сменила името во Soul Intent и под тоа име го објавиле нивниот прв сингл Fuckin' Backstabber. Иако посетуваше средно училиште, често учествуваше на freestyle битките во Источен Детроит. И покрај првичниот неуспех да се наметне во оваа доминантно афро-американса музика, полека почнал да го привлекува вниманието на андерграунд публиката. Двапати повторувал 1-ва година средно поради бројните отсуства и слабите оценки. Средното училиште го напуштил на 17 годишна возраст.
Во 1991 год. неговиот чичко Роналд „Рони“ Нелсон извршил самоубиство пукајќи си во главата. Маршал бил многу близок со него, и бил запрепастен од семејната трагедија. Во негова чест, на неговата лева рака истетовирал „Рони, почивај во мир“.
[уреди] Музичка кариера
[уреди] 1992-1998: Раните почетоци
[уреди] 1997-1999: Комерцијален пробив
[уреди] 2000-2001: Етаблирање во музичките води
[уреди] 2002-2003: Доминација во хип-хоп културата
[уреди] 2004-2005: Статус на рап икона
[уреди] 2005-2008: Најави за повлекување
[уреди] 2008-2009: Враќање во музиката
[уреди] 2010-денес: Опоравување
[уреди] Дискографија
- Infinite (1996)
- The Slim Shady LP (1999)
- The Marshall Mathers LP (2000)
- The Eminem Show (2002)
- Encore (2004)
- Relapse (2009)
- Recovery (2010)
[уреди] Филмографија
- Da Hip-Hop Witch (2000)
- The Wash (2001)
- 8 Mile (2002)
- Have Gun - Will Travel (2007)
[уреди] Наводи
- ↑ „Еминем ја симна Бритни од врвот“. Rolling Stone. Архивирано од оригиналот на April 1, 2008. http://web.archive.org/web/20080401120550/http://www.rollingstone.com/news/story/5923810/eminem_bounces_britney_from_top_spot. проверено на 2008-04-23.

