Павле (српски патријарх)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Патријарх Павле (Србија))
Прејди на: содржини, барај
Патријарх Павле
Црква Српска Православна црква
Поглед Белград
Од 1 декември 1990
До 15 ноември 2009
Претходник Патријарх Герман
Наследник Патријарх Иринеј
Лични податоци
Родено име Гојко Стојчевиќ
Роден 11 септември 1914(1914-09-11)
Кучанци, Австро-Унгарија
Починал 15 ноември 2009(2009-11-15) (на 95 год.)
Белград, Србија
Buried Манастир Раковица

Патријарх Павле, роден како Гојко Стојчевиќ, бил Патријарх на Српската Православна црква во периодот од 1990 до 2009 година.


Патријархот Павле е роден на 11 септември 1914 година во селото Кучанци кај Долни Михољац во Славонија. Богословски факултет завршил во Белград. Две години студирал медицина во Белград. Во 1957 година станал архимандрид, а од 1955 година две години бил на постдипломски студии во Атина. Во 1957 година бил устоличен во Призрен од епископот Герман и захумско-херцеговскиот Владислав. На Косово поминал 33 години[1].

На вонредното заседание на Светиот архиерејски сабор на 1 декември 1990 година, со кој претседавал загрепско-љубљанскиот митрополит Јован Павловиќ, заменик на тогаш болниот патријарх Герман, се избирал нов патријарх меѓу тројцата кандидати со тајно гласање. Бидејќи ниту еден од кандидатите не добил доволен број гласови, изборот бил направен со ждрепка на т.н. „апостолски начин“, односно архимандритот троношки Антоние го извлекол името на идниот патријарх. Така Павле станал 44-поглавар на СПЦ[2]. Тој бил устоличен на 2 декември 1990 година.

Наводи[уреди]

  1. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=206C05689BA80B41B765909EE03117F9 Утрински весник: Почина српскиот патријарх Павле
  2. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116302 А1 Телевизија: Почина српскиот Патријарх Павле