Феликс Ѕержински

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Феликс Ѓержински)
Ѕержински во 1918 г.

Феликс Ѕержински (пол. Feliks Dzierżyński, рус. Феликс Эдмундович Дзержинский); 11 септември 187720 јули 1926) — полски комунист со револуционерни идеи. Основач е на Болшевичката тајна полиција Чека, подоцна КГБ. Познат е по мачењето на голем број на луѓе како и големиот број на атентати за време на Црвениот терор и Октомвриската револуција.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѕержински е роден во благородничко семејство од полската шлахта на имотот Ѕјаржинава во близина на Ивјанец и Ракав во западна Белорусија, во тоа време дел од Руското царство. Избркан од училиштето во Вилњус поради револуционерни активности. Во 1895 тој се приклучил кон марксистичката група на Литванската социјалдемократска партија и станал еден од основачите на Категорија:Учесници во Руската граѓанска војна во 1900. Најголем дел од својот живот го поминал во различни затвори, а од 1897 до 1900 бил повеќепати апсен поради своите револуционерни активности, а неколкупати бил испраќан и во Сибир од каде што избегал неколкупати. Потоа заминал во Берлин каде што учествувал во неуспешната револуција во 1905 г. По ова повторно бил затворен, но овој пат во Охрана. Откако набрзо повторно се активирал во 1912, повторно бил уапсен поради истите причини и бил затворен во Москва.

Во март 1917 повторно се вклучил кон револуционерните движења заедно со неколку негови истомисленици од затворот, но рускиот весникПравда“ тврдел дека тој повторно избегал со голем број на придружници што тој го демантира со истекување на затворската казна .Прво што направил е што се приклучил кон Болшевичката партија со што неговите одлики и идентитет биле сменети,а неговиот прекар добиен во партијата бил Железниоит Феликс.

Водач на Чека[уреди | уреди извор]

Ленин го прогласил Ѕержински за херој на партијата и побарал од него да ги организира силите за политички закани. На 20 декември 1917, Народниот совет на комесари го формира Серускиот посебен комитет за борба против контрареволуцијата и саботажата кој уште се нарекува и Чека (руски: ВЧК). Чека како организација примила огромен број на најразлични ресурси,а тоа Ѕержински го искористил за насочување на трупите во битка со опозицијата и за кревање на авторитетот на организцијата. За организирање на овие активности тој имал голема поддршка од Ленин.

За време на Црвениот терор биле извршени илјадници атентати на политичари од опозицијата. Покрај атентати некои биле затворани во државните затвори низ цела Русија. За тоа Ѕержински гордо изјавува: „Црвениот терор подразбира тероризам, апсење и уништување на непријателите на револуцијата врз основа на големината на улогата што тие ја играле пред револуцијата“.

На крајот од 1922 службата од Чека била преобразена во Државен политички директорат, оддел на НКВД. Но,тоа не ја намалило моќта на Ѕержински, напротив тој бил главен во Чека/ГПУ/ОГПУ, бил главен и на Весека(главен совет за национална економија),а бил и министер за внатрешни работи и министер за комуникации.

Ѕержински умрел од срцев удар на 20 јули 1926 во Москва. Неговото име останало запаметено засекогаш во КГБ за време на Советскиот Сојуз. Градот Којданава каде што бил имотот на којшто е роден бил преименуван во Ѕержинск, а уште 3 града во Русија и 2 во Украина се преименувани во негова чест. Во Белорусија во негова чест е отворен и музеј посветен на неговото раѓање и текот на неговиот живот.