Adria Airways
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Adria Airways d.d. е авиокомпанија базирана во Љубљана, Словенија. Adria Airways е национален авиопревозник на Словенија како и регионален член на Star Alliance. Оперира на дестинации низ Европа како и чартер летови до Европа и Блискиот Исток. Главна база на авиокомпанијата е Аеродромот Јоже Пучник Љубљана.
[уреди] Историја
Авиокомпанијата започна со операции 1961 година, во почетокот како чартер авиокомпанија со авион од типот Douglas DC-6 под името Adria Aviopromet (Adria Airways). Малку подоцна, уште еден ист авион Douglas DC-6 беше купен од KLM. Во 1968 година, авиокомпанијата го промени своето име во Inex - Adria Airways, а исто така во својата флота го додаде првиот авион на млазен погон, Douglas DC-9. Името на авиокомпанијата беше променето кога се здружи со Белградската компанија Interexport, но го врати своето име по завршувањето на договорот во 1986 година. Во раните 80-тите години од минатиот век, Inex - Adria започна со првите регуларни летови, исто така додаде уште еден авион во флотата, McDonnell Douglas MD-80 и стана член на IATA. Најголемиот број од авионите беше употребуван за чартер летови низ Европа. Меѓународни летови беа додадени, во почетокот до Ларнака, во ноември 1983 година. До крајот на 80-тите години, откога го промени името во Adria, додаде уште неколку Airbus A320 авиони. Со распаѓањето на поранешна Југославија, Adria Airways го задржи статусот на национален авиопревозник на Словенија. Во раните 90-ти години, имаше неуспешно преземање на компанијата од страна на Albert Group предводена од Evan Hammer. Во март 1996 година, Adria го заврши својот делумен процес на приватизација. На 23 Јули, 2002 година, Bombardier Aerospace ја назначи Adria за првa официјално признат авиокомпанија за поправка на авионите од типот CRJ. На 18 Ноември, 2004 година, Adria Airways влезе во Star Alliance групацијата. Во 2001 година, Adria Airways забележа голем пад во бројот на патници поради терористичките напади на 11 септември во Њујорк, истата година. Компанијата работеше со загуби во следните пет години. Во 2006 година, авиокомпанијата забележа минимален профит и забележа повеќе од еден милион патници на годишно ниво. Во 2007 година, Adria Airways имаше бројка од 1,136,431 превезени патници и профит од 420,000 евра. За 2008 година планирано е 12% пораст на профитот. Компанијата има 592 вработени.
[уреди] Дестинации
Заклучно со април 2008, Adria Airways лета на овие дестинации:
[уреди] Флота
| Авион | Вкупно | Патници | Забелешки |
|---|---|---|---|
| Airbus A320-231 | 3 | 162 | 1 оперира за Afriqiyah Airways. |
| Boeing 737-500 | 1 | 112 | B737-500 позајмен од Ukraine International Airlines. |
| Fokker 100 | 1 | 105 | позајмен од Carpatair |
| Bombardier CRJ200 | 8 | 48 | |
| Bombardier CRJ900 | 2 | 86 | нарачка на уште 2 CRJ900 |
| Bombardier CRJ1000NextGen | 0 | 100 | 1 CRJ1000 (нарачка) |
| Boeing 767-200ER | 0 | 224 | 1 нарачка на Boeing 767-200ER. |
| Вкупен број на авиони: | 15 |
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Adria Airways“ |