Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт
International Air Transport Association
Основана април 1945
Седиште Канада Монтреал, Канада
Членство 240 авиокомпании
Клучни лица Италија Џовани Бизињани, генерален и извршен директор
Мреж. место http://www.iata.org

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) е меѓународна индустриска група на авиокомпании базирана во Монтреал, Канада, каде што исто така е сместена и централата на меѓународната цивилна организација за воздухопловство. Главната цел на оваа организација е да им помага на авиокомпаниите да ја синхронизираат нивната ценовна програма со другите авиокомпании. Генерален директор на организацијата е Џовани Бисињани. Асоцијацијата беше формирана во Април 1945, во Хавана, Куба, и беше замена за меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај, формирана во 1919 година во Хаг. Кога беше формирана IATA имаше 57 членови од 31 нација, најголемиот дел од Европа и Северна Америка. Денеска има повеќе од 240 членови од повеќе од 140 држави од целиот свет.

За пресметување на цената IATA го има поделено светот во три региони:

  1. Јужна, Централна и Северна Америка.
  2. Европа, Близок Исток и Африка. IATA Европа ги вклучува и државите како Турција, Израел, Мароко, Алжир и Тунис.
  3. Австралија, Азија, Нов Зеланд и островите во Тихиот Океан.

Со оваа распределба, на авиокомпаниите им се дало право да се консултираат за висината на цените ако се членови од ист регион. Но, асоцијацијата исто така била обвинета дека работи како картел, и со тоа многу нискобуџетни авиокомпании не се членови на IATA. Во 2005 година, Нили Крос, европскиот комесар за конкурентност на пазарот дал предлог за отстранување на усогласувањата на цените. Во јули 2006 година, американскиот оддел за транспорт исто така се изјаснил за отстранување на усогласувањето на цените. IATA одредува повикувачки кодови од 3 букви за обележување на аеродроми и повикувачки кодови од 2 букви за повикување на авиокомпании кои се користат низ целиот свет. IATA е водечка во светот во акредитација на туристички агенции со исклучок на САД. Дозвола за продажба на авионски билети е дозволена преку IATA на национално ниво.

IATA исто така ја одржува Timatic базата со податоци која содржи информации за патниците кои патуваат од една држава до друга по авионски пат. Користена е од авиокомпаниите за да одредат дали на патникот му е дозволен пристап до саканата држава.

Во 2004 година, IATA го претставила пакетот „Поедноставување на бизнисот“ - пакет од пет иницијативи со кои со планира да се заштедат околу 6,5 билиони американски долари секоја година од авиокомпаниите низ целиот свет.