Аеродром Берлин-Тегел

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Аеродром Берлин Тегел)
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Берлин Тегел
Flughafen Berlin-Tegel
Berlin Tegel Airport
Berlin-Tegel from the air.jpg
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
08L/26R 9,918 3,023 Асфалт
08R/26L 7,966 2,428 Асфалт

Аеродромот Берлин Тегел (IATA: TXL, ICAO: EDDT), познат и како Аеродром „Ото Лиилентал“ е главен аеродром кој го опслужува Берлин, Германија. Се простира во населбата Тегел, и е препознатлив по хексагоналната терминална зграда. Во 2008, аеродромот опслужи околу 14,530,000 патници. Аеродромот се планира да биде затворен во 2012 година, 6 месеци по комплетирањето на новиот Берлин Бранденбург Аеродром, на кој се планира да се слеат сите летови кон Берлин. Аеродромот Тегел служи како база за Air Berlin, како и помала база за Луфтханза и TuiFly. Air Berlin и Луфтханза преземаат околу 60% од вкупниот сообраќај на аеродромот.

Историја[уреди]

Ерата на студената војна[уреди]

Специјалниот статус на Западен Берлин за време на студената војна (8 мај 1945 - 2 октомври 1990) значеше дека целиот сообраќај до и од западна Германија беше расподелен на трите победнички земји од Втората Светска Војна. Air France беше првата авиокомпанија да започне со редовен авиосообраќај на Тегел на 2 јануари 1960 година. Авиокомпанијата се одлучи да ги префрли сите свои операции од аеродромот Берлин Темпелхоф на Берлин Тегел аеродромот поради прекратката писта на аеродромот Темпелхоф. Pan Am стана втората авиокомпанија со редовен авиосервис си три летови во неделата кон аеродромот Њујорк Кенеди во Мај 1964 година. Од Април 1968 година, целиот чартер сообраќај, најмногу од тур операторите од Велика Британија и САД, кои дотогаш оперираа од аеродромот Берлин Темпелхоф, ги префрлија сите свои операции на аеродромот Берлин Тегел. Нова зграда посебно наменета за овие чартер компании беше изградена. Други авиокомпании кои оперираа со редовен авиосервис од и до Берлин за време на студената војна беа:

  • Court Line Aviation - Британска авиокомпанија која оперираше на летови од Берлин Тегел до Лондон Лутон и Париз Ле Буржет аеродромите помеѓу 1970 и 1974 година под договор со Западно Берлинската студентска унија
  • Touraine Air Transport - Француска регионална авиокомпанија која сообраќаше до Саарбрукен неколку пати во денот од 1978 до 1984 година
  • Berlin Regional UK - Британска компанија базирана во Берлин основана во 1986 година од поранешен генерален менаџер на British Airways која сообраќаше на домашни и меѓународни регионални дестинации кои не беа опслужувани од никоја друга авиокомпанија од аеродромот Берлин Тегел во тоа време
  • TWA - Американски авиопревозник кој сообраќаше до аеродромите во Франкфурт и Брисел два пати дневно
  • Pan Am Express - регионална подружница на Pan Am која започна со операции во ноември 1987 година. Оперираше на дестинации како Базел, Бремен, Дортмунд, Хановер, Инсбрук, Касел, Кил, Милано, Салцбург, Стокхолм и Виена

Ерата после паѓањето на Берлинскиот ѕид[уреди]

По обединувањето на Германија на 3 октомври 1990 година, сите рестрикции за аеродромите во Западен Берлин беа симнати. Луфтханза започна со летови кон Берлин на 28 октомври 1990, најпрвин со 12 летови кон Келн, Франкфурт и Лондон Гетвик. Овој период беше период кога легислативата на ЕУ за внатрешен авио пазар беше сѐ уште во процедура и кога домашните летови беа сѐ уште резервирани за летови од секоја држава посебно. Луфтханза и останатите Германски авиокомпании лобираа кај владата да ги забрани сите активности на Dan Air и British Airways од и кон Берлин. Ова резултираше со откупување на 49% од сопственоста на Германската регионална авиокомпанија Delta Air од страна на British Airways, и преименување на истата во Deutsche BA. British Airways исто така ја замени флотата на авиокомпанијата со авиони од типот Боинг 737. Останати авиокомпании кои започнаа со редовен сообраќај кон Берлин по обединувањето на Германија беа: Aero Lloyd, Alitalia, American Airlines, SAS Eurolink, Swissair и TWA.

Година Патници Товар[t] Пошта [t] Сообраќај
1991 6.715.402 13.585 16.002 120.344
1992 6.641.634 16.493 18.705 96.896
1993 7.000.168 16.060 17.672 90.750
1994 7.234.345 16.625 16.869 93.103
1995 8.186.512 17.131 16.229 112.521
1996 8.298.736 17.836 17.525 117.247
1997 8.622.359 19.043 16.465 117.495
1998 8.810.476 15.183 15.639 115.092
1999 9.543.437 15.349 15.887 118.188
2000 10.268.325 17.096 26.792 127.668
2001 9.863.870 17.578 15.977 125.484
2002 9.055.002 13.787 14.258 111.334
2003 11.055.303 12.800 4.665 134.395
2004 11.014.062 12.009 8.044 131.875
2005 11.500.454 11.246 3.125 137.288
2006 11.787.960 13.490 5.522 134.322
2007 13.510.188 14.830 4.823 145.423

Јавен Транспорт[уреди]

Аеродромот е поврзан со јавната транспортна мрежа на Берлин преку автобуси, преку кој аеродромот се поврзува со У-Бан и С-Бан, како и со Regional Express возовите и меѓународните возови.

  • JetExpress TXL автобус сообраќа до станицата Beusselstraße, Hauptbahnhof, главната железничка станица, Unter den Linden станицата, со последна станица Alexanderplatz.
  • Х9 Express автобус сообраќа до Jakob-Kaiser-Platz станицата, Berlin Jungfernheide со последна станица Berlin Zoologischer Garten.
  • Автобусот број 109 сообраќа до Jakob-Kaiser-Platz станицата, Berlin-Charlottenburg и Berlin Zoologischer Garten.
  • Автобусот број 120 сообраќа до Kurt-Schumacher-Platz и Osloer Strasse.

Сите автобуси се оперирани од стран на BVG, така што цените се подеднакви за сите линии (125 денари за еден тикет кој важи за два часа за целата сообраќајна мрежа на Берлин).

Терминали[уреди]

Моментален изглед на терминалот
Експанзија на терминалот со два хексагонални прстени

Аеродромот содржи четири терминали. Бидејќи аеродромот е мал во споредба со другите поголеми аеродроми, овие терминали исто така можат да бидат наречени и хали.

  • Главниот терминал е оригинален дел од аеродромот. Содржи два дела:
    • Терминал А е хексагонален прстен со паркинг површина. Содржи 14 порти со 16 влеза (А00 - А15). Не постои никаква транзит зона, што значи дека секоја порта има своја безбедносна точка како и излез за патниците кои пристигнуваат на аеродромот. Сите поголеми авиокомпании пристигаат на овој терминал.
    • Терминал Б е терминал кој порано се користел како хала за чекање во главниот терминал.
  • Терминал Ц беше отворен во мај 2007 како привремено решение бидејќи сите останати терминали беа исполнети. Најмногу се користи од страна на Air Berlin. Содржи 19 шалтери за чекирање и 8 паркинзи кои не се поврзани со порти. Моментално, 5 додатни паркинзи се конструираат со што овој терминал е проширен близу 50% повеќе отколку што беше најпрво замислено. Изградбата се планира да заврши во август 2009, со што Delta Air Lines, Continental Airlines и Hainan Airlines ќе ги преместат своите операции таму.
  • Терминалот Д беше отворен во 2001 година. Содржи 22 шалтери за чекирање. Овој терминал е единствениот кој е отворен 24 часа во денот.
  • Терминалот Е содржи три шалтери за чекирање (Е16 - Е18).

Авиокомпании и дестинации[уреди]