Augsburg Airways
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Augsburg Air | ||
|---|---|---|
| IATA IQ |
ICAO AUB |
Ознака AUGSBURG-AIR |
| Формирана | 1980 | |
| Хабови | Аеродром Минхен | |
| Големина на флота | 12 | |
| Дестинации | ||
| Седиште | ||
| Клучни луѓе | ||
| Вебсајт: http://www.augsburgair.de/ | ||
Augsburg Airways e регионална авиокомпанија базирана во Аугсбург, Германија. Дел е од Lufthansa Regional групацијата и оперира на домашни и меѓународни дестинации под закрила на Луфтханза. Главна централа на авиокомпанијата е аеродромот во Минхен.
Историја [уреди]
Авиокомпанијата беше основана во 1980 година, и започна со операции во 1986 година. Најпрвин беше позната под името Interot Airways, со летови од Аугсбург до Дизелдорф. Во 1993 година започна со летови кон Европските дестинации за одмор, и прва дестинација беше Фиренца. Кооперацијата со Луфтханза започна во 1996 година, со што го промени првобитното име Interot Airways во Augsburg Airways. Од 1 Јуни, 2002 година стана официјална членка на Луфтханза групацијата.
Флота [уреди]
Флотата на Augsburg Airways се состои од следниве авиони:
- 3 Bombardier Dash 8 Q300
- 9 Bombardier Dash 8 Q400
- 1 Embraer ERJ-195
Заклучно со август 2008, просечната старост на авионите е 8.1 година.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Augsburg Airways“ |