Државен музеј (Амстердам)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Државен музеј
Rijksmuseum
Поглед на Државниот музеј во Амстердам
Поглед на Државниот музеј
Државен музеј (Амстердам) се наоѓа во Амстердам
Местоположба во Амстердам
Отворен 1800[1]
Место Museumstraat 1[2]
Амстердам, Холандија
Координати 52°21′36″ СГШ 4°52′48″ ИГД / 52.36, 4.88
Тип музеј на уметност
национален музеј
Збирка 1.000.000 предмети[3]
Посетеност 965.000 (2012)[4]
Директор Вим Пејбес[5]
Претседател Јап де Хоп Схефер[5]
Кустос Тако Дибиц[5]
Јавен превоз

Трамвајски: 2 Трамвајска линија 2 5 Трамвајска линија 5, 7 Трамвајска линија 7, 10 Трамвајска линија 10, 12 Трамвајска линија 12[2]

Автобуски: 26, 65, 66, 170, 172, 197[2]
Мреж. место rijksmuseum.nl

Државен музеј (холандски: Rijksmuseum) — музеј посветен на уметноста и историја во градот Амстердам, Холандија. Се наоѓа во реонот Амстердам-Југ, недалеку од Музеј на Ван Гог, Градскиот музеј и Концертниот дом (Concertgebouw).[6]

Основан е во Хаг во 1800 г., а осум години подоцна е преместен во Кралскиот дворец во Амстердам. По извесно време префрлен е во нови простории во and later in the Триповиот дом (Trippenhuis), денес седиште на Кралска академија на уметностите и науките.[7] Музејот се вселил во сегашната зграда веднаш по нејзината изградба во 1885 г.[3] Во 2003 г. ова здание било затворено за реновирање[8] и повторно отворено од кралицата Беатриса на 13 април 2013 г. Реновирањето траело цели десет години и чинело вкупно 375 милиони евра[9][10]

Музејот има вкупно милион предмети од уметничко и историско значење што го опфаќаат периодот од 1200 до 2000 г. Од нив се изложени 8.000 експонати.[3]

Збирката опфаќа слики од холандско-фламански мајстори од Златното доба како што се Јакоб ван Рејсдал, Франс Халс, Јан Вермер, Јан Стен, Рембрант и неговите ученици.[3]

Постои и мала азиска збирка изложена во Азискиот павилјон.[3]

Во состав на музејот работи и истражна библиотека од областа на историјата на уметноста, најголема од овој вид во земјата.

Некои дела[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Историја на Државниот музеј - Државен музеј. пров. на 4 април 2013 (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Адреса и маршрута - Државен музеј. пров. на 4 април 2013 (англиски)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 The renovation - Државен музеј. пров. на 4 април 2013 (англиски)
  4. Најпосетени 55 музеи во 2012 г - Музејски сојуз на Холандија. пров. на 4 април 2013 (холандски)
  5. 5,0 5,1 5,2 Надзорен одбор и Директорски одбор - Државен музеј. пров. на 4 април 2013 (англиски)
  6. Музејски плоштад - „Јас сум Амстедам“, пров. на 4 април 2013 (англиски)
  7. Историја на Државниот музеј - Државен музеј. пров. на 4 април 2013 (англиски)
  8. Одбројувањето започна – Државниот музеј отвора за 99 дена - NRC Handelsblad, пров. на 4 април 2013 (холандски)
  9. Државниот музеј во Амстердам се подготвува за велелепно отворање - Би-Би-Си Вести, 4 април 2013 (англиски)
  10. „Државниот музеј во Амстердам е повоторно отворен: Ново златно доба“ - The Economist, пров. на 14 април 2013 (англиски)

Надворешни врски[уреди]