Цхинвали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Споменик за жртвите од грузиско-осетскиот конфликт.

Цхинвали (осетски: Цхинвал или Чъреба, грузиски: ცხინვალი) е главен град на дефакто независната и признатата од Русија и Никарагва Република Јужна Осетија. Според грузиската официјална административна поделба, Цхинвали е град во регионот Внатрешна Картли. Градот се наоѓа на реката Голем Лиакви, на приближно 100 km североисточно од Тбилиси, главниот град на Грузија.