Мурманск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мурманскпристаништен град и административен центар на Мурманската област во северозападниот дел на Русија и лежи на брегот на заливот Кола. Лоциран е на 12 километри од Баренцовото Море, на северниот дел на полуостровот Кола, недалеку од границата на Русија со Норвешка и Финска. Има население од околу 310.000. И покрај стагнацијата и намалувањето на населението во градот, Мурманск останува најголем град северно од Северниот поларен круг.