Дмитриј Донски
Св. Дмитриј Иванович Донски (руски: Дми́трий Донско́й) (12 октомври 1350 во Москва- 19 мај 1389 во Москва) бил син на Иван II Красни, а бил принц од Москва од 1359 година и принц од Владимир од 1369 година, па се до до всојата смрт во 1389 година. Тој е првиот принц од Москва којшто војувал со Татарите,а поради неговата победа над нив во битката кај Куликово во 1380 којашто се водела по течението на реката Дон, Дмитриј го добил псевдонимот Донски.
Донски е принаен за светец во Русија, и неговиот ден се чествува на 19 мај[1][2].
[уреди] Рано владеење
Дмитриј го преземал тронот како принц на Москва на само 9 години. За време на неговото рано владеење мошне активна била владата на чело со московскиот митрополит Алексеј. Во 1360 годна најголемото достоинство помеѓу руските принцови, принцот од Владимир го трансформирало во Кан на златната орда по Дмитриј Константинович од Нижни Новгород. Во 1363 кога принцот бил сменет, Дмитриј бил крунисан за принц од Владимир. Три години подоцна, тој склучил примирје и сојузништво со Дмитриј Константинович и се оженил со неговта ќерка Евдоксија. Во 1376 година нивните здружени војски ја уништиле Волга Бугарија.
Најзначајно од неговото рано владеење е започнувањето на изградбата на Кремљ којшто бил завршен во 1367 година. Новата тврдина му овозможила градот полесно да ги одбие опсадите, а особено оние на Алгирдас од Литванија, во 1368 и 1370 година. Третиот обид во 1372 година завршил со примирјето во Љубуцк. Во 1375, Дмитриј преговарал да ги реши конфликтите со Михаил II Тверски под влијание на Владимир во свооја корист. За време на неговот владеење многу принцови од северна Русија му се придружиле против ордата. За време на своето владеење со Москва, Дмитриј Донски двојно ја зголемил територијата на принцството.
[уреди] Борбата против ордата
Триесетгодишното владеење на Дмитриј Донски претставува почеток на крајот од монголското владеење од денешни делови на Русија. Монголските сили биле ослабнати поради граѓанската војна во Монголија и династичките борби за престолот. Дмитриј ја искористил таквата предност и својата борба против Монголите ја започнал со битка против Татарите.
Дмитриј е првиот руски владетел којшто извојувал победа над Монголите. Монголскиот генерал Мамаи, пратеник од тронот се обиел да го казни Дмитриј за зголемената моќ којашто ја употребил во битките. Во 1378, Мамаи испратил монголска војска, но таа била поразена во битката кај реката Вожа. Две години подоцна, Мамаи лично предводел војска во походот кон Москва. Но, Дмитриј го пресретнал и го поразил во битката кај Куликово. Битката се војувала по течението на реката Дон, па поради тоа тој бил наречен Дмитриј Донски.
Поразот на Мамаи му го одземал високиот углед на тронот, па тој бил симнат од генералот Токтамиш. Монголскиот Кан го оддржал правото над некои делови од Русија, но затоа му дозволил на Дмитриј да може да собира данок во деловите каде што живеело монголско население. Тој ги задржил добрите односи со Златната орда и бил назначен за Голем војвода од Владимир. По неговата смрт во 1389 година, неговиот син Василиј I ги наследил неговите титули без согласност со монголскиот Кан.
[уреди] Наводи
- ↑ (грчки) Ὁ Ἅγιος Δημήτριος ὁ μεγάλος Πρίγκιπας. 19 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
- ↑ June 1 / May 19. HOLY TRINITY RUSSIAN ORTHODOX CHURCH (A parish of the Patriarchate of Moscow).
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Дмитриј Донски“ |
| Руски владетели | ||
| Руски кнезови и цареви (1283–1547) | Даниел Московски • Јуриј III • Иван I • Симеон • Иван II • Дмитриј Донски • Василиј I • Василиј II • Иван III • Василиј III • Иван IV • Фјодор I • Борис Годунов • Фјодор II • Лажен Дмитриј I • Василиј IV • Михаил Романов • Алексеј I • Фјодор III • Иван V • Петар I | |
| Императори на Русија (1721–1917) | Петар I • Катерина I • Петар II • Ана Ивановна • Иван VI • Елисавета Петровна • Петар III • Катерина II • Павел I • Александар I • Николај I • Александар II • Александар III • Николај II | |
| Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) | Владимир Ленин • Јосиф Сталин • Георгиј Маленков • Никита Хрушчов • Леонид Брежнев • Јуриј Андропов • Константин Черненко • Михаил Горбачов | |
| Претседатели на Русија (1991–) | Борис Елцин • Владимир Путин • Димитриј Медведев | |