Црква Свети Василиј (Москва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква Свети Василиј
Собор Покрова пресвятой Богородицы
Saint Basil Moscow crop.jpg

Поглед кон катедралата

Основни податоци
Место Црвен плоштад, Москва
Држава Русија
Мреж. место State Historical Museum
Архитектонски опис
Архитект Барма и Постник
Карактеристики

Црква на Молитвата на Девицата на шанецот (руски: Собор Покрова что на Рву) или попросто Катедралата Покровскиј, попозната како Катедралата на Св. Василиј благословениот (руски: Собор Василия Блаженного) или Катедрала Св. Василиј е црква со повеќе конусни покриви карактеристични за руската црковна архитектура која што се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва и се смета за симбол на уникатната позиција на Русија помеѓу Европа и Азија.

Изградбата на црквата започнала во времето на Иван IV (познат и како Иван Грозни), во чест за освојувањето на Казанскиот хаганат[1][2]. Изградбата започнала во 1555 година, а истата завршила во 1561 година. Таа била највисоката градба во Москва, се до 1600 кога била изградена кулата на Иван Грозни[3]. Во 1588 година била изградена на нејзината источна страна капела. Во дворот на комплексот се наоѓа бронзена статуа на Димитриј Пожарски и Кузма Мињин, кои ја обединиле својата армија во времето на полските походи кон Русија во т.н. Време на неволи. Во почетокот статуата била поставена на Црвениот плоштад, но советската влада ја тргнала од таму поради одржување на парадите.

Наводи[уреди]

  1. Brunov, p. 27
  2. Kudryavtsev, p. 11
  3. Brunov, p. 39