Архангелска катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Архангелска катедрала
Архангельский собор
Arhangelsky sobor (Kreml).JPG
Основни податоци
Место Москва, Русија
Религија Православие
Држава Русија
Округ Московски Кремљ
Осветен 1508
Водство Руска Православна црква
Архитектонски опис
Архитект Алевиз Фријазин Нови
Архитектонски стил руска архитектура
Карактеристики

Архангелската катедрала (руски: Архангельский собор) е катедрала која се наоѓа во Московскиот Кремљ во Русија. Христијанскиот храм бил изграден во периодот од 1505 до 1508 година. Како главен архитект на проектот бил избра италијанецот Алевиз Фријазин Нови. [1]

Катедралата била изградена на местото на друг христијански објект, кој датирал од 1333 година. Црквата содржи фрески кои датираат од 16 век и 17 век. Дел од овие икони се насликани од страна на Јаков Казански, Јосиф Владимиров во периодот од 1652-1666 година. Ѕидовите во катедралата биле под големо влијание на италијанската ренесанса.

Во овој храм биле погребени неколку руски цареви и кнезови, до 17 век. Овде биле погребени Иван I Московски, Дмитриј Донски, Иван III Василевич, Иван Грозни, Петар II Руски и.т.н.

Наводи[уреди]