Благовештенска црква (Москва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Благовештенска црква
Благовещенский собор
The Cathedral of the Annunciation.jpg
Основни податоци
Место Москва, Русија
Религија Православие
Држава Русија
Округ Московски Кремљ
Осветен 1489
Водство Руска Православна црква
Архитектонски опис
Архит. стил руска архитектура
Карактеристики

Благовештенската црква (руски: Благовещенский собор) е христијански храм кој се наоѓа во Московскиот Кремљ во Русија. Црквата е посветена на христијанскиот празник Благовештение на Пресвета Богородица.

Оваа црква била дом на московските цареви. Црквата била изградена на Катедралниот плоштад од страна на архитектот Псков, во периодот од 1484 до 1489 година. Катедралата била изградена на местото на друг поранешен христијански храм, кој исто така го носел истото име, и кој датирал од 1416 година.

Во почетокот, храмот имал три куполи. Две од нив биле изградени во околу 1572 година. Во 1562 година црквата настрадала од пожар. Во периодот од 1562-1564 година била додадена четвртата купола. Самиот под на катедралата бил направен од јаспис, кој пак бил донесен од катедралата во Ростов од 16 век. Ѕидовите на катедралата содржат фрагменти од живопис, насликани од страна на Теодосиј (1508). Иконостасот содржи икони кои датираат од 14 век до 17 век, вклучувајќи ги и оние кои биле насликани од страна на Андреј Рубљов, Теофан Грек и.т.н.[1]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]