Казанска катедрала (Москва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Казанска катедрала
Казанский собор
The Kazan Cathedral.jpg
Основни податоци
Место Москва, Русија
Религија Православие
Држава Русија
Округ Црвен плоштад, Московски Кремљ
Водство Руска Православна црква
Архитектонски опис
Архит. стил Руска архитектура
Карактеристики

Казанската катедрала (руски: Казанский собор) е христијански храм кој се наоѓа во Московскиот кремљ на Црвениот плоштад во Русија.

Катедрлата била изградена во 1630 година, во чест на ослободувањето на Москва од полско-литванската агресија, од која Русија се ослободила во т.н. Време на неволји во 1612 година[1], под раководство на принцот Димитриј Пожарски. Принцот наредил да биде изградена оваа црква. Често пати принцот се молел пред Казанската икона, која денеска Русија ја слави за победата над агресорите од исток.

Во текот на 1632 година црквата била изгорена од пожар, па царот наредил да биде реновирена. За последен пат била обновена во периодот од 1929 до 1932 година. Но, по само четири години, комунистите во земјата решиле да ја срушат, главно поради чистењето на Црвениот плоштад од цркви.

По падот на комунизмот, во периодот од 1990 до 1993 година, црквата била повторно изградена.

Наводи[уреди]