Кремљски сенат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кремљски сенат
Сенатский дворец
Општи информации
Архитектонски стил неокласицизам
Град Московски кремљ, Москва
Земја Русија
Изградбата започнала 1776 до 1787
Проектирање и изградба
Архитект Матвеј Казаков

Кремљскиот сенат (руски: Сенатский дворец) е објект кој се наоѓа во Московскиот кремљ. Градбата била нарачена по налог на руската императорка Катерина II Руска, а како главен дизајнер бил избран Матвеј Казаков[1]. Изградбата на објектот траела од 1776 до 1787 година. Во оваа неокласична зграда првично бил сместен рускиот сенат, кое во времето на Царска Русија била највисока законодавна установа. Денеска, овде се наоѓа претседателската администрација.

Зградата била замислена да служи на царското семејство, при престој на кралицата во градот. Во текот на своето постоење, од оваа зграда управувале голем број на руски владетели. По зазимањето на власта од страна на Болшевиците, овде била сместена канцеларијата на Ленин, а подоцна ова станала зградата во која се наоѓал Советот на министри на СССР. Денеска, овој дворец претставува работна просторија на претедателот на Руската федерација.

Резиденцијата на претседателот се состои од работна просторија и од претставителна просторија. Работната просторија го опфаќа просторот на дел од претседателскиот кабинет, каканцелариите на неговите најблиски соработници, салите за состаноци на Советот за безбедност.

Сенаторската палата бил најголемиот проект на архитектот Казаков. Според неговата идеја, та требало да претставува односно да ги симболизира идеите на граѓаните, законот и правдата во земјата. Палатата има облик на триаголник. Се наоѓа кај поранешниот Чудов манастир и Кремљскиот арсенал.

Во текот на француското повлекувања од просторите, објектот доживеал одредени оштетувања. Во 1856 година целиот комплекс бил подложен на реновирање. На врвот на куполата во 1917 година била додадена црвената ѕвезда и знамето на СССР.

На 25 декември 1991 година, знамето на СССР било променето со знамето на Руската федерација.

Наводи[уреди]