Политбиро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Советското политичко биро усвојува резолуција за погубување на 346 „непријатели на СПСУ и Советска влада“, кои воделе „контрареволуционерни, протроцкистички, заговорни и шпионски активности“, потпишана од секретарот Сталин, 17 јануари 1940 година.

Политбиро (/ˈpɒlɪtbjʊər/) или политичко биро е Извршниот комитет на комунистичките партии.[1] Таа е присутна во повеќето поранешни и постојни комунистички држави. Под Троцкизам (Лав Троцки), политбирото е биро на Централниот комитет.

Имиња[уреди | уреди извор]

Терминот „политичко биро“ доаѓа од руското политичко биро (политбюро). Шпанскиот израз Politburó е директно позајмен од руски јазик, како и германскиот Politbüro. Кинески користи калке (кинески: 政治局), од каде што виетнамските (Bộ Chính trị "部政治") и корејските ( 정치국, 政治局 Jeongchiguk) термините произлегуваат.

Историја[уреди | уреди извор]

Првото политичко биро било создадено во Русија од страна на Болшевичката партија во 1917 година за да обезбеди силно и континуирано водство за време на Руската револуција што се случила истата година.[2][3] Првото политичко биро имало седум члена: Ленин, Зиновиев, Каменев, Троцки, Сталин, Соколников и Бубнов.[4] Во текот на XX век, меѓу другите нации кои имале политичко биро биле СССР, Источна Германија, Авганистан, Чехословачка и Кина. Денес има пет земји кои имаат систем на политбиро: Кина, Северна Кореја, Лаос, Виетнам и Куба.[5]

Социјалистички/марксистичко-ленинистички држави[уреди | уреди извор]

Во марксистичко-ленинистичките држави, партијата се смета за авангарда на народот и од тука се легитимира да ја води државата. Во суштина, партиските функционери во политбирото, неформално, ја водат државата.

Официјално, Конгресот на партијата избира Централен комитет кој пак, го избира Политбирото и генералниот секретар во процес наречен демократски централизам. Политбирото теоретски одговара пред Централниот комитет.

Троцкистички партии[уреди | уреди извор]

Во троцкистичките партии, Политбирото е биро на Централниот комитет, задолжено да носи секојдневни политички одлуки, кои подоцна мора да бидат ратификувани од Централниот комитет. Тоа е назначено од Централниот комитет, од редот на неговите членови. Местото на генералниот секретар носи далеку помала тежина во овој модел. Погледнете ја на пример Партијата во Ланка Сама Самаја.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Received 2012-02-02“. Merriam-webster.com. 2012-08-31. Посетено на 2014-06-16.
  2. „USSR: Communist Party: Politburo“. Archontology.org. Архивирано од изворникот на 2020-01-05. Посетено на 2014-06-16.
  3. Politburo (Soviet political body) – Encyclopædia Britannica. Посетено на 2014-06-16.
  4. Dmitri Volkogonov, Lenin. A New Biography, translated and edited by Harold Shukman (New York: The Free Press, 1994), p. 185.
  5. „A List of Current Communist Countries“. Geography.about.com. 2014-05-29. Посетено на 2014-06-16.