Авангарда

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The Love of Zero, филм на Роберт Флореј од 1927 година

Авангарда (француски изговор: [avɑ̃ɡaʁd]); од француски, "advance guard" или "vanguard"[1]) се однесува на личности или дела кои се иновативни и експериментални, особено во уметноста, културата и политиката.

Авангардата претставува рушење на границите на тоа што е прифатено како норма или како статус кво, пред сè во културните рамки. Поимот за постоење на авангардата се смета за означување на модернизам, за разлика од постмодернизмот. Многу уметници се идентификуваат со авангардата, почнувајќи од почетоците на дадаизмот преку Ситуационистите па сè до постмодерните уметници како поетите од 1981.[2]

Терминот исто така се однесува на промоција на радикалните социјални реформи. Неговот значење се јавува во есејот "L'artiste, le savant et l'industriel" на Сенсимонистот Олинд Родригез од 1825 година, кој го користи за прв пат терминот "авангарда". Во есејот, Родигез се повикува на уметниците инсистирајќи на фактот дека "моќта на уметностите е токму оној најдиректен и најбрз начин" за социјални, политички и економски реформи.[3] Со текот на времето, авангардата се поврзува за движењето ларпурлартизам, кое се фокусира пред сè на прошируавње на границите на естетското искуство, отколку на социјалните теми.

Теоризирање на Авангардата[уреди]

Повеќе автори се обиделе да ги означат параметрите на авангардата со ограничен успех. Една од најпознатите анализи на авангардата како културен феномен е книгата "Teoria dell'arte d'avanguardia" ("Теорија за Авангардата") на италијанскиот есеист Ренато Поџиоли во 1962 година. Испитувајќи ги историските, социјалните, психолошките и филозофските аспекти на авангардата, Поџиоли оди вон индивидуалните примери од уметноста, поезијата и музиката да покаже дека авангардата може да се види како еден заеднички идеал или вредност кој се манифестира во не-конфомистичкиот начин на живот, како на пример случајот на боемизам.[4]

Други автори се обидуваат да ја разјаснат и прошират студијата на Поџиоли. Германскиот книжевен критичар Питер Биргер во делото Теоријата за Авангардата (1974) гледа во воздигнувањето од страна на установите на социјално критичните уметнички дела и тоа го асоцира со капитализмот, "уметноста како институција го неутрализира политичкото задоволство на индивидуалното дело."[5]

Биргер со есејот длабоко влијае врз современиот историчар на уметност Бенџамин Х. Д. Буклох, додека пак постарите критичари како Биргер продолжуваат да ја гледаат пост-воената нео-авангарда како празна рециклирана форма и стратегија произлезена од првите две декади на 20тиот век. Клемент Гринберг гледа пак попозитивно, како еден вид на нова артикулација на специфични услови во културната продукција од пост-воениот период. Буклох, во збирката на есеи Нео-авангардата и културната индустрија (2000) критички расправа за дијалектичкиот пристап на овие позиции.[6]

Авангардата и мејнстрим општеството[уреди]

Концептот за авангарда се однесува претежно на уметниците, писателите, композиторите и мислителите чии дела се спротивставуваат на културните вредности на мејнстримот и често имаат остри социјални или политички значења. Еден од првите дефинитивни извештаи за авангардата е есејот Авангардата и кичот од историчарот на уметност Клемент Гринберг, издаден за Partisan Review во 1939 година.[7] Како што вели и самиот наслов, Гринберг расправа за тоа дека авангардната култура е историски спротивставено на "високата" или "мејнстрим" култура, и дека ја отфрла идејата за вештачко создадена mass culture произлезена од индустријализацијата. Секој од овие медиуми е директно произлезен од капитализмот и како такви се водени од истите профитабилни мотиви од останатите сектори во производството, а не од идеалите на вистинската уметност. Поради тоа, според Гринберг овие форми се кич: лажни, фалсификати или механички култури, кои често претендираат да бидат повеќе од она што се преку користењето на формални инструменти украдени од авангардната култура. На пример, за време на триесеттите години од 20ти век, рекламната индустрија се користи со визуелните маниеризми на надреализмот, но тоа не значи дека рекламните фотографии од тие години се надреалистични. Се работи за стил без суштина. На тој начин Гринберг се обидува да ја разграничи вистинската авангардна уметност од пазарната мода и површните стилски иновации кои се пример за конзумеризам.

Слично гледиште иммат и членовите на Франкфуртската Школа, вклучувајќи ги и Теодор Адорно и Макс Хоркхајмер во нивните есеи Културната Индустрија: Просветување на измамата (1944), како и Валтер Бенџамин во неговите високо влијателни "Делото на уметноста во доба на механичка репродукција" (1936).[8] Таму каде што Гринберг го користи германскиот збор кич да ја опише антитезата на авангардната култура, членовите на Франкфуртската Школа се користат со терминот мас култура за да укажат дека оваа лажна култура е постојано произведена од нова произлезена Културна Индустрија (која вклучува комерцијално издавачки куќи, филмска индустрија, музички индустрија и електронски медиуми).[9] Тие исто така укажуваат на тоа дека порастот на оваа индустрија значи дека уметничката изврсност е заменета со мерката "продажба" како мерка за вредност. Еден роман, на пример, се оценува врз база на тоа дали е бестселер, музиката подлегнува на процената на топ-листите и површната комерцијална логика на Златната плоча. На овој начин, автономната уметничка заслуга толку посакувана на авангардата е напуштена и продажбата станува мерка, како и оправдување, за сè. Потрошувачот е тој што ги диктира правилата.

Глобалниот капиталистички пазар, од неолибералните економии, и од она што Гај Деборд го нарекува Општество на Спектаклот, ги доведе современите критичари да шпекулираат за денешното постоење на авангарда. Пол Ман, во неговиот текст Смртната теорија на Авангардата покажува како авангардата целосно се вметнува во денешните институционализирани структури, идеја која зподелува и Рихард Шекнер во неговата анализа за авангардните перформанси.[10]

И покрај централните аргументи на Гринберг, Адорно и останатите, терминот "авангарда" е погрешно интерпретиран и во различни сектори на мејнстрим културната индустрија од шеесетите години на 20ти век, најчесто како маркетинг алатка да се рекламира популарната музика и комерцијалниот филм. Денес е речиси нормално да се опишат рок музичарите или познатите филмски работници како авангарда. Забележувајќи ја оваа концептуална промена, многу современи теоретичари како Матеј Калинеску во Петте лица на Модерното: Модернизаз, Авангарда, Декаденција, Кич, Постмодернизам (1987),Шаблон:Page needed и Ханс Бертенс во Идејата за Постмодерното (1995) предлагаат дека ова знак дека нашата култура е влезена во ново постмодернистичко доба, каде бившите модернистички начини на размислување и однесување се веќе излишни.

Во секој случај, најострата критика за авангардата против мејнстрим гледиштата на општеството е напишана во касните шеесетти години од критичарот од Њу Јорк Харолд Розенберг.[11] Обидувајќи се да најдат заедничка точка помеѓу идеите на Ренато Поџиоли и изјавите на Клемент Гринберг, Розенберг предлага дека од средината на шеесеттите години па наваму, прогресивната култура, престанува да ги задоволува поранешните антагонистички улоги. Оттогаш се сплотени од "авангардните духови" од една страна и од мас-културата на друга страна. На тој начин културата станува "професија, чии аспекти се изговор за нејзиното рушење".[12]


Музика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Авангардна музика.

Авангардата во музиката се однесува на било која музичка форма надвор од традиционалните структури, прекршувајќи ги границите на било кој начин,[13] или пак да се опише дело на било кој музичар кој радикално се разликува од традицијата.[14] Како поважни авангардни композитори се издвојуваат: Арнолд Шенберг,[15] Чарлс Ајвс, Игор Стравински,[15] Хери Парч,[15] Оливие Месијан, Елиот Картер, Џон Кејџ,[15] Карлхајнц Штокхаузен,[16], Френк Запа и други. Во џезот може да се цитира првиот бран на експерименти асоцирани со бибопот, како Чарли Паркер, Телониус Монк, Декстер Гордон и Бад Пауел и вторио бран поврзан за фри џезот, како Орнет Колман, Ерик Долфи, Сесил Тејлот, Алберт Ајлер и последните изданија на Џон Колтрејн.[се бара извор]

Наводи[уреди]

  1. „Avant-garde definitions“. „Dictionary.com“. Lexico Publishing Group, LLC. http://dictionary.reference.com/search?q=avant-garde. конс. 14 март 2007. 
  2. UBU Web List of artists from Dada to the present day aligning themselves with the avant-garde
  3. Calinescu, Matei (1987). „The Five Faces of Modernity: Modernism, Avant-Garde, Decadence, Kitsch, Postmodernism“. Duke University Press. 
  4. Poggioli, Renato (1981). „The Theory of the Avant-Garde“. Belknap Press of Harvard University Press. ISBN 0-674-88216-4. , translated from the Italian by Gerald Fitzgerald, 2nd ed. Шаблон:Page needed
  5. Bürger, Peter (1974). „Theorie der Avantgarde“. Suhrkamp Verlag.  English translation (University of Minnesota Press) 1984: 90.
  6. Buchloh, Benjamin (2001). „Neo-avantgarde and Culture Industry: Essays on European and American Art from 1955 to 1975“. MIT Press. ISBN 0-262-02454-3. 
  7. Avant-Garde and Kitsch
  8. The Work of Art in the Age of Mechanical Reproduction by Walter Benjamin
  9. Adorno (1963) Culture Industry Reconsidered
  10. Richard Schechner, "The Conservative Avant-Garde." New Literary History 41.4 (Autumn 2010): 895-913.
  11. Rosenberg, Harold (1983). „The De-Definition of Art: Action Art to Pop to Earthworks“. Chicago University Press. ISBN 0-226-72673-8.  Originally published: New York: Horizon Press, 1972; reprinted New York: Collier Books, 1973.
  12. Dickie, George (Summer-Fall 1975). Kamarck, Edward (ed.). уред. „Symposium on Marxist aesthetic thought: commentary on the papers by Rudich, San Juan, and Morawski“. „Arts in society: art and social experience: our changing outlook on culture“ 12 (2): 232. http://digicoll.library.wisc.edu/cgi-bin/Arts/Arts-idx?type=turn&id=Arts.ArtsSocv12i2&entity=Arts.ArtsSocv12i2.p0074&isize=text. 
  13. David Nicholls (ed.), The Cambridge History of American Music (Cambridge and New York: Cambridge University Press, 1998), 122–24. ISBN 0-521-45429-8 ISBN 978-0-521-54554-9
  14. Jim Samson, "Avant garde", The New Grove Dictionary of Music and Musicians, second edition, edited by Stanley Sadie and John Tyrrell (London: Macmillan Publishers, 2001).
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Larry Sitsky, Music of the Twentieth-Century Avant-Garde: A Biocritical Sourcebook ([n.p.]: Greenwood Publishing Group, 2002), xiv. ISBN 0-313-29689-8.
  16. Elliot Schwartz, Barney Childs, and James Fox, Contemporary Composers on Contemporary Music (New York: Da Capo Press, 1998), 379. ISBN 0-306-80819-6