Евромајдан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Протестите на 22 ноември 2013
Протестите во Киев на 24 ноември 2013

Евромајдан (украински: Євромайдан) — бран демонстрации, граѓанска непослушност, бунтови и вооружени судри кој започнал ноќта на 21 номеври 2013 г, кога украинските граѓани започнаа спонтани протести во главниот град Киев. Претходниот ден, 21 ноември 2013, Украинската влада ги суспендира подготовките за потпишувањето на Договорот за асоцијација и Договорот за слободна трговија со Европската Унија. Протестите продолжуваат и покрај големото полициско присуство, и зголемениот број на студенти кои се приклучуваат кон протестите. Насилството рано наутро на 30 ноември од владините сили предизвика протестите да се зголемат, со 350.000-1.600.000 протестанти кои демонстрираат во Киев, кој беше најмасовен на 1 декември. Бројни невладини организации, светски медиуми, и организации ги претставуваат настаните на Евромајдан како најголемиот проевропски бунт во историјата на Украина.

Заднина[уреди | уреди извор]

На 30 март 2012, ЕУ и Украина го потпишаа Договорот за асоцијација; но сепак водачите на ЕУ подоцна кажаа дека овие договори нема да бидат ратификувани се дури Украина не обрне внимание во врска со „влошеноста на демократијата и правото во државата“, вклучувајќи го апсењето на Јулија Тимошенко и Јури Лученко во 2011 и 2012. Пред протестите да започнат, украинскиот претседател Виктор Јанукович му сугерира на парламентот да усвои закони така што Украина би ги исполнила критериумите за ЕУ. На 25 септември 2013, Претседателот на Украинското собрание (Врховна рада) Володимир Рибаќ кажа дека беше сигурен дека неговиот парлемент ќе ги усвои сите закони потребни за да се исполнат критериумите дадени од страна на Европската унија за Договорот за асоцијација, додека само една партија го суспендираше овој процес а тоа беше Комунистичката партија на Украина, „Врховна рада се обедини да ги усвои овие закони“. На 21 ноември 2013 декрет од Украинската влада ги суспендира подготовките за потпишување на Договорот за асоцијација. Причината дадена беше дека претходните месеци Украина доживеа „пад на индустриското производство и нашите односи со државите од ЗНД“. Владата исто така осигура дека „Украина ќе продолжи со подготвувањето на договорот кога падот на индустриската производство и нашите односи со земјите од ЗНД ќе бидат компензирани од Европскиот пазар“.

Претседателот Јанукович престојуваше на ЕУ самитот кој се одржуваше на 28-29 ноември 2013 во Вилнус, Литванија (каде требаше да биде потпишан Договорот за асоцијација и трговска размена на 29 ноември 2013), но договорот не беше потпишан. Двете страни, Јанукович и претставниците на ЕУ сигнализираа дека тие сакаа да го потпишат Договорот за асоцијација подоцна.

Споредба со Портокаловата револуција[уреди | уреди извор]

Протестите за Европската унија беа најголемите украински протести од Портокаловата револуција од 2004, кога Јанукович беше присилен да даде оставка поради изборни нерегуларности. Иако споредувајќи ги настаните од 2013 со оние од 2004, со Украина "која е клучна геополитичка цена за Источна Европа" за Русија и за ЕУ, рускиот весник Москва Тајмс (Moscow Times) забележа дека владата на Јанукович беше во значително појака положба по неговата победа на изборите во 2010. Фајненшл Тајмс напиша дека протестите во 2013 беа "спонтани, предизвикани од друштвените мрежи, и ја фатија украинската опозиција неподготвена" за разлика од нивните противници.

Според историчарот од Лавов Јарослав Хрицак, големата разлика меѓу протестите од 2004 и 2013 е просечната возраст на протестантите: "Ова е револуција на генерацијата која може да ја наречеме модернистичка за украинската независност (кои беа родени околу 1991); послично е со Волстрит протестите и неодамнешните Истанбулски протести (оваа година). Ова е револуција на млади луѓе кои се многу образовани, луѓе кои се активни на друштвените мрежи, кои се мобилни и 90 проценти кои имаат факултетски дипломи, но немаат иднина." Според Хрицак: "Младите Украинци имаат ист карактер како младите Италијанци, Чеси, Полјаци или Германци, и драстично се разликуваат од Украинците кои се над 50 годишна возраст. Оваа генерација има голема желба за Европска интеграција и само неколку регионални поделби за разлика од постарите". Во анкета направена во септември, придружувањето кон ЕУ беше главно поддржано од младите Украинци (52% од овие беа од 18 до 29 години) значително повисоко од националниот просек од 38 процентуална поддршка.

Првата недела од протестите[уреди | уреди извор]

Вкупно 2.000 луѓе се собраа вечерта на 22 ноември на Киевскиот плоштад Мајдан Незалежности за да протестираат поради одлуката на украинската влада да го суспендира процесот за интеграција на Украина во ЕУ. Подоцна, овие протести беа предводени од опозицијата и проевропските партии. Поголеми демонстрации се случија и на 24 ноември, кога 100.000 до 200.000 луѓе се собраа на Киевскиот плоштад. ПроЕУ демонстрантите носеа Украински знамиња како и знамиња на Европската унија и викаа "Украина е Европа" и ја пееја државната химна марширајќи кон Европскиот плоштад за протестите. Информативните агенции тврдеа дека ова е најголемиот протест од Портокаловата револуција од 2004 година. Веднаш кога мала група протестанти се обиде да влезат во зградата на Министествата, полицијата искористи солзавец за да ги растрга.

На 25 ноември затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко започна штрајк со глад во знак на протест за "одбивањето на Јанукович да ги потпиште договорите со ЕУ".

На 26 ноември 2013, излезе соопштение од украинскиот премиер Микола Азаров во кое се вели: „Јас можам да потврдам дека преговарачкиот процес околу Договорот за асоцијација на Украина продолжува, и работата за да ја приближиме нашата држава поблиску до европските стандарди не престанува ниту еден ден“ но не ги задоволи протестантите кои ја блокираа владината зграда во текот на владината седница во моментот кога Азаров ги кажуваше овие зборови. Истиот ден, Киев инсталира (неколку шатори каде беше даван топол чај и сендвичи) на плоштадот Мајдан, каде околу 2.000 студенти протестираа. Според Киев Пост, ова беше обид на „украинските власти“ да се покажат себеси како сојузници со демострантите кои, во многу случаи, ја повикуваат владата да даде оставка ако оваа недела не го потпише Договорот за асоцијација со Европската Унија“. Истиот ден беше соопштено дека профилите на протестантите на друштвените мрежи беа хакирани и погрешни пораки беа испратени на местото за информирање за протестите како и коментари.

Илјадници Украинци продолжија да искажат поддршка за европската интеграција и протестираат против одлуката на Украинската влада да одбие да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ во Вилнус.

На 26 и 27 ноември 2013 г. претседателот на литванскиот парламент Лорета Граужиниене и членот на полскиот парламент Марсин Швечички се обратија пред протестантите на плоштадот Мајден. Музичката ѕвезда Руслана исто така пееше пред демострантите во знак на поддршка. На 27 ноември беше соопштено дека вработените во Политехничкиот институт во Харкив наводно проверуваа присутност на часовите, заканувајќи му се на тие студенти кои протестираа во Киев со иклучување од факултет. Во другите факултети, вранотените лица им забранија на студентите да се придружат на проевропските протести, пишувајќи политички коментари на друштвените мрежи и носејќи значки Украина-ЕУ. Според Евроњуз, имало вкупно десет илјади протестанти во Киев, многумина од нив студенти.

Попладнето на 28 ноември (осмиот ден од протестите) околу 3000 луѓе беа собрани на Мајдан Незалежности; на протест во кои немало никакви партиски симболи, само украински знамиња и знамиња на ЕУ. Митингот беше се помасовен и се собраа 4000 луѓе вечерта додека настапуваа популарни украински ѕвезди.

На 29 ноември 2013 веднаш кога стана јасно дека Договорот за Асоцијација не беше потпишан, бројот на протестантите во Киев порасна до 10,000. Во Лавов се собрале 20,000 протестанти. Како во Киев, така и протестантите во Лавов ги собрале рацете во голем ред, симболично поврзувајќи ја Украина со Европската Унија (организаторите тврдеа дека 100 луѓе ја поминаа украинско-полската граница за да го продолжат редот до Европската унија). Евроњуз соопшти дека протестантите во Киев веруваа дека митингот треба да продолжи и повикуваа на втора оставка на владата на Азаров како и оставка на претседателот Јанукович.

Ескалација[уреди | уреди извор]

Напад врз протестантите на 30 ноември[уреди | уреди извор]

Ноќта на 30 ноември 2013 во 4 часот, вооружени сошрапнели, гранати и солзавец, Беркут ги нападна и ги растрга сите протестанти од плоштадот Мајдан додека ставија крај на комуникациите, пред сè на мобилната телефонија. Нападот се прошири не само кон протестантите но и кон другите цивили во близина на плоштадот, кога силите на Беркут брлаа ненаоружани луѓе неколку стотини метри кога продолжија да пукаат во воздух. 35 луѓе беа повредени како резултат од упаѓањето на полицијата, вклучувајќи и камерман на Ројтерс и фотограф. Останатите протестанти беа блокирани. Повеќето од протестантите беа студенти. Во 9:20 Беркут упадна во Манастирот Свети михаил каде околу 50 Евромајдан активисти, вклучувајќи и повредени, најдоја прибежиште. Портпаролката на полицијата Олја Билик ја оправда акцијата на полицијата велејќи дека протестантите попречуваа со подготовките да се декорира плоштадот за Божиќ и Нова Година. Министерот за внатрешни работи Виталиј Захаренко подоцна се извини и тврдеше дека „полицијата ја злоупотреби својата моќ“ и вети дека ќе воведе детална истрага. Преку државната телевизија тој објави „ако има повици за масовна непослушност, тогаш ние ќе реагираме строго на ова“.

На 30 ноември 2013 во 13 часот уште еден спонтан митинг беше одржан на плоштадот Свети Михаил во близина на Манастирот Св Михаил, поради тоа што плоштадот Мајдан сè уште беше чуван од страна на Беркут. Амбасадорите на десет држави од ЕУ, меѓу нив и амбасадорот на ЕУ во Украина, Јан Томбински, ги посети протестантите на митингот. Според локалната украинска телевизиска станица Хромадске ТВ, до 16:00 на митингот се собраа 5.000 луѓе кои викаа „нема да простиме“ и „револуција“. На плоштадот Св Михаил протестантите почнаа да формираат групи за самоотпор. Околу 10.000 протестанти останаа вечерта на 30 ноември, со вкупно 10.000 или повеќе од Лавов се упатија кон Киев за да се придружат кон протестите во сабота навечер.

Протести надвор од Украина[уреди | уреди извор]

Помали протести или Евромајдани беа исто организирани почнувајќи на 24 ноември од страна на Украинците или локалните граѓани од украинско потекло во државите како Полска, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шведска, Австрија, Чешка, Бугарија, САД и Канада. Повеќе од стотици Украинци се собраа во Прага да озразат поддршка за Евромајдан во Украина.

Слични собири беа одржани на 26 ноември во Варшава, Краков, Лоѓ, Познањ, Вроцлав, Катовице, Лублин, Решов, Олстин, Замош како и во Лондон, Париз, Минхен, Берлин, Франкфурт, Штутгарт, Будимпешта, Осло, Берген, Стокхолм, Малме, Лунд, Виена, Вилнус, Тбилиси, Торонто, Винипег, Саскатон, Едмонтон во Канада, Клевленд, Софија и Хаг.

Во Виена, стотици протестанти дошле со транспаренти за поддршка на Украина и Европската Унија. Во Лондон, собраната украинска заедница повикуваше „Украина во Европа“.

Во Софија, Украинците во Бугарија и бугарските граѓани повикаа на митинг на 27 ноември во знакна поддршка за проЕу протестите во Украина. Бугарските организатори сугерираа поврзаност меѓу украинските протести и антивладините протести во Бугарија, кои повикуваа на оставка на левичарскиот премиер Пламен Орешарски од јуни. Според нив, двете нации мора да се обединат против "гладните олигарси кои насилно не тераат кон Русија".

На 29 ноември 2013, на полско украинскиот граничен премин Медика, Полјаците и Украинците формираа човечки ланец како симбол за солидарноста меѓу двете нации, и како знакза поддршка за проевропските протести во Украина.

На 1 и 2 декември, митинзи беа одржани во неколку канадски градови, вклучувајќи ги Ванкувер, Калгари, Едмонтон ( 250 протестанти), Саскатон (+100), Регина, Винипег, Торонто, Отава и Монтреал. Протести беа исто така одржани и во американските градови Чикаго, Филаделфија, Мајами, и Ворен, Мичиген, во близина на Детроит.

На 2 декември поддржувачи беа присутни и во украинската амбасада во Москва кои држеа банер на кој пишуваше "Украина, ние сме со тебе". 11 протестанти беа блокирани од полицијата и подоцна пуштени поради насилството. Исто така, ма 2 декември стотици луѓе маршираа низ ерменскиот главен град Ереван поради посетата на рускиот претседател Владимир Путин и да искажат солидарност со проевропските протести во Украина. Локалните медиуми јавија дека 100 учесници биле уапсени од полицијата.

На 4 декември, Варшавската Палата на Културата и Науката беше обвиена во бели и жолти бои како симбол на солидарноста со Украина.

Меѓународни реакции[уреди | уреди извор]

 Европска Унија - Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Фуле, на 26 ноември 2013 изјави: " Среќен сум дека демократијата во Украина го достигна моментот кога луѓето се слободни да го искажат своето мислење, посебно за работите кои се релевантни за нивната иднина, иднината на Украина".

Членовите на Европскиот Парламент одговорни за Источното Партнерство, Елмар Брок и Јачек Сарјуз Волски ја предупредија Украина на 26 ноември, да не користи сила кон проевропските протестанти "Во спротивно, ќе има серизони последици".

На 30 ноември, Штефан Фуле и Високиот Претставник на ЕУ Кетрин Ештон издадоа заедничко соопштение осудувајќи ја "прекумерната сила минатата ноќ од страна на полицијата во Киев за да ги растера мировните протестанти, кои во последните денови на силен и неверојатен начин ја искажаа нивната поддршка за Украинската асоцијација и економска интеграција кон ЕУ.

На 9 декември, Интерфакс Украина јави дека делегација од Европската унија беа присутни на демонстрациите на плоштадот Мајдан „надгледувајќи ги случувањата таму“.

 ООН Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун на 3 декември изјави "Ги молам сите страни да реагираат внимателно, и да се воздржат од понатамошно насилство и да ги држат демократските принципи на слобода на изразување и мирно протестирање".

 НАТО - Кога беше запрашан за „притисокот врз Украина“, Генералниот Секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, на 28 ноември одговори "Ако некој стави притисок врз Украина со цел да ја стопира Украина за нејзината припадност, нејзините алијанси, тогаш ова ќе биде во комплетна спротивност со принципите на кои сите ние се потпишавме пред многу години, во 1999, кога документ од ОБСЕ беше потпишан со цел секоја држава има право да одлучи за себе. Ние се придржуваме кон тоа, и ние се надеваме дека сите други држави кои го потпишаа документот ќе го направат истото". На 3 декември Расмусен изјави: " Јас силно го осудувам користењето на сила од страна на полицијата која ја видовме во Киев. Очекувам сите НАТО партнери, вклучувајќи ја и Украина, да се придржува кон основните принципи вклучувајќи ја слободата на протестирање и слободата на израз".

На 3 декември, Министрите за Надворешни Работи на земјите членки на НАТО издадоа соопшение осудувајќи го "користењето на прекумерна сила против мировните демостранти во Украина" и побараа "сите страни [...] да се воздржат од провокација и насилство." Министрите му рекоа на Украина, како потписник и една од земјите членки на ОБСЕ, "да се придржува кон меѓународните напори и да ја почитува слободата на изразување и слободата за протестирање. Му препорачуваме на владата и опозицијата да се приклучат кон дијалог и да воведат реформи". Понатаму, "односите меѓу Украина и НАТО и заедничкото партнерство ќе продолжи во сферата на демократијата, човековите права и правото".

Поддршка за Евромајдан во Украина[уреди | уреди извор]

Според анкета спроведена од 4 до 9 декември 2013,[1] од компанијата Research & Branding Group, 49% од Украинците го поддржаа Евромајдан и 45% имаа спротивно мислење. Евромајдан е претежно поддржан во Западна Украина (84%) и Централна Украина (66%). Третина (33%) од жителите на Јужна Украина, и 13% од жителите на Источна Украина ги поддржаа Евромајдан протестите. Процентуалноста за неподдршката на протестите беше 81% во Источна Украина, во Јужна Украина 60%, во Централна Украина 27% и во Западна Украина 11%.

Друга анкета на протестантите на Евромајдан спроведена на 7 и 8 декември 2013, покажа дека 92% од тие кои дојдоа во Киев насекаде од Украина, дојдоа по нивна волја, 6.3% дека јавно се организирале, и 1.8% биле организирани од партијата.[2][3] 70% рекоја дека дошле да протестираат поради полициската бруталност на 30 ноември, и 54% дошле да протестираат во знак на поддршка за потпишување на Договорот за Стабилизација и Асоцијација со Европската Унија. Меѓу барањата, 82% сакаа да се ослободат затворениците, 80% сакаа нивната влада да поднесе оставка, и 75% сакаат Јанукович да даде оставка и да распише избори.[2][4] Анкетата покажа дека 49.8% од протестантите се граѓани на Киев и 50.2% се граѓани од остатокот на Украина. Триесет и осум проценти од протестантите се од 15 до 29 години, 49% се од 30 до 54, и 13% се 55 или постари. 57.2% од протестантите се мажи.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "EUROMAYDAN - 2013" Архивирано на 13 декември 2013 г., Research & Branding Group (10 December 2013)
  2. 2,0 2,1 2,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име 3011crackdownRtP.
  3. 3,0 3,1 „Poll: Over 70 percent of Euromaidan participants are ready to protest for as long as is needed“. Kyiv Post. 13 December 2013.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име kp8poll.