Харковска област
| Харковска област Харківська область |
|
|---|---|
| Знаме | |
| Местоположба | |
| Информации | |
| Админ. центар: | Харков |
| Официјални јазици: | украински |
| Површина: | 31 415 km² |
| Население: | 2 743 442 (01.12.2012) |
| Број на реони: | 27 |
| Регистерска ознака: | АХ |
| Обласен управител: | Михајло Добкин |
Харковска област (украински: Харківська область, руски: Харьковськая область; исто така се нарекува и Харковшчина - украински: Харківщина) е област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Харков.
Географија [уреди]
Харковската област има вкупна површина од 31.415 км2. На запад се граничи со Полтавската област, на север со Сумската област и Русија, на југ со Днепропетровската и Донечката област, а на исток со Луганската област. Во областа има 1508 села и 17 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Уди и Оскил.
Демографија [уреди]
Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Харковската област го сочинуваат Украинците (70,7%), а остатокот го сочинуваат Руси (25,6%), Евреи, Белоруси, Ерменци и други.
Надворешни врски [уреди]
- Службена страница (украински) (руски) (англиски)
|
|||||||||||||||||

