Портал:Русија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Portal-Русија.png
уреди   

РУСИЈА

Coat of Arms of the Russian Federation.svg
Flag of Russia.svg

Руската Федерација (руски: Российская Федерация) или Русија (руски: Россия) е земја која се простира на огромни пространства од источна Европа и северна Азија. Со површина од 17,075,400 km², Русија е најголемата земја во светот (околу 11,5% од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави. По бројот на население (144,526,378 жители) Русија е седма во светот, по Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил и Пакистан. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Tatar03.png

Република Татарстан или Татарија (руски: Респу́блика Татарста́н; татарски (кирилица): Татарстан Республикасы, латиница: Tatarstan Respublikası) е федерална република на Русија.

Неофицијалната девиза на Татарстан е: Buldırabız! (Можеме!).

Жителите на Татарстан, независно од нивното етничко потекло, се нарекуваат Татарстанци.

Името Татарстан потекнува од „Татар“ и персискиот збор „стан“ (наставка за градење имиња на земји, истоветно на латинскиот „- ија“ користен во Европа). Другите форми на името на Татарстан се руското Татарија (поранешно официјално руско име) и турското Татаристан.

Републиката е сместена во средиштето на Источната европска низина, приближно 800 км источно од Москва, на реките Волга и Кама (притока на Волга), и се протега источно од планината Урал. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали знаете...

  • ... дека административно, Русија е поделена на 22 републики?
  • ... дека „Ќе се вратам по битката.“ се зборови на познатата снајперистка Роза Шанина?
  • ... дека највисок врв во Русија е врвот Елбрус на планината Кавказ, висок 5.633m со што е и највисок врв во Европа?
уреди   

Избрана слика

Andreyevsky Zal.jpg
Внатрешноста на Големиот Кремљски дворец


уреди   

Избрана биографија

Suvorov Alex V.jpg

Александар Василевич Суворов (рус. Александр Васильевич Суворов), гроф Римнишки, кнез Италијански, гроф на Светата Римска империја (24 ноември 172918 мај 1800), бил четвртиот и последен руски генералисимус (без Сталин). Еден од малкуте велики војсководци во историјата кои никогаш не изгубиле битка, прочуен по својот прирачник Наука на победата („Наука Побеждать“) и познат по своите мисли „Тешко во обуката, лесно в бој“ („Тяжело в учении, легко в бою“), „Куршумот е глупак, а бајонетот е јунак.“ („Пуля дура, штык молодец.“), „Загини самиот, но спаси го другарот!“ („Погибни сам, но спаси товарища“).

Суворов е роден во благородничко семејство во новгородско потекло во московскиот дворец на дедо си Федосеј Мануков (земјопоседник од Орјолската губернија и висок службеник на царот Петар Велики). Бидејќи Манук е популарно ерменско име (со значење „млад“), па така се претпоставува дека Манукови биле со ерменско потекло. Прочитајте повеќе

уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Русија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)