Зороастризам
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Зороастризам (перс. آيين زرتشت , A'in-e Zærtosht) е религија и философија основана врз учењата на пророкот Заратустра и важи за една од најстарите дуалистички религии. Главното верување се темели на два бога: Ахура Мазда, односно добриот дух и Ангра Маини, односно лошиот дух. Нејзиниот симбол е ликот на Ахура со крилја.
Верата е основана во Персија (денешен Иран), пред околу 1000 години п.н.е. Долго време била доминантна религија во Персија се до 7-ми век. Својот пропаст го доживува во времето на Сасанската династија. Некои следбеници оваа религија ја нарекуваат Маздаизам. Главниот пророк бил Зороастер или Заратустра. Светата книга на Зороастрите се нарекува Авеста, во којашто се објаснува за борбите што се водат помеѓу доброто и злото. Авеста е име на древните крипти на Зороастрицизмот како и назив за стариот јазик кои верниците се го употребувале во тоа време.
Друга Зороастристичка книга која се издвојува е Денкарта, во која е опишан подетално животот и делото на пророкот Зороастер, како и неговата борба против демоните.
Оваа вера има околу 140.000 следбеници. Повеќето од нив живеат во Иран и Индија.
Зороастриската етика се состои од добри мисли, добри зборови и добри дела. Луѓето по својата смрт го преминуваат мостот што води во пеколот. Ако верниците во текот на својот живот биле лоши, мостот ќе се сруши и тие ќе пропаднат во пеколот. Наспроти нив, праведниците ќе го пронајдат патот до Светлоста.
Во зороастричките храмови постојано гори оган, што го симболизира Ахура Мазда. Свештениците си ја покриваат устата додека го одржуваат жртвениот оган.