Знаме на Узбекистан
Знамето на Узбекистан (узбешки: 'Oʻzbekiston davlat bayrogʻi') е националното знаме на државата кое било усвоено на 18 ноември 1991 година. [1] Знамето се состои од три големи и две мали хоризонтални ленти во сина, црвена, бела, црвена и зелена боја. На сината лента има полумесечина со 12 ѕвезди.
[уреди] Симболизам
Сината боја го симболизира небото и водата како извор на живот. Белата лента е лента и боја на мирот и чистотата на душата. Зелената боја ја симболизира природата, богатството и исламот. Црвената боја претставува виталната енергија која ја поврзува земјата со небото. Полумесечината означува раѓање на државата и ѕвездите се поврзуваат со соларниот календар и дванаесетте принципи на управување на државата.[1]
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Embassy of Uzbekistan in the United States The State Flag of the Republic of Uzbekistan
[уреди] Видете исто така
|
||||||||||||||

