Хоангхо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хоангхо
黄河
Huang He
Хоангхо
Земја Кина
Извор планини Бајан Хар
 - место Префектура Јушу, Кингхај
 - височина 4.800 м
 - координати 34°29′31″ СГШ 96°20′25″ ИГД / 
Утока Бохајско Море
 - местоположба Кенли, Шандонг
 - височина м
 - координати 37°46′48″ СГШ 119°15′00″ ИГД / 
Должина 5.464 км
Слив 752.000 км²
Истек
 - просечен 2.571 м3

Хоангхо или Жолта Река — втора река според должината во Кина, но не и река со најголемо количество кал во светот.

Реката има 30 пати повеќе талог а кубен метар од реката Нил и однесува во морето речиси исто количество седимент како и реката Ганг, но со многу помал вкупен проток. Хоангхо од изворот на Тибетската Висорамнина, има неправилен тек низ северните области во Кина. Низ голите ридови тече брзо и се спушта на високо плато покриено со наслојки од лес, што некаде се дебели и по неколку стотини метри, а потекниваат од последниот леден период. Таму реката собира многу големи количества талог. Потоа, таа го продолжува својот тек кон југ во Севернокинеската Низина, па тече кон исток од својата денешна делта, северно од полуостровот Шандунг. Бидејќи Хоангхо често се излева делниот тек на реката е заштитен со крајбрежни насипи. Големите поплави предизвикуваат менување на текот на реката, па оваа река е позната и како „Нескротлива“. Пред 1854 год. утоката на реката во Жолто Море се наоѓала јужно од полуостровот Шангтунг. Неодржувањето на крајбрежните насипи во текот на педесеттите години на 19 век довело до тоа по големите поплави Хоангхо да ја смени насоката на својот тек за околу 320 км кон север.