Алабама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алабама
State of Alabama
Знаме на Алабама Печат на Алабама
Знаме Печат
Прекар(и): Yellowhammer State, Heart of Dixie
Гесло: Audemus jura nostra defendere'
Алабама Алјаска Аризона Арканзас Калифорнија Колорадо Конектикат Делавер Флорида Џорџија Хаваи Ајдахо Илиноис Индијана Ајова Канзас Кентаки Луизијана Мејн Мериленд Масачусетс Мичиген Минесота Мисисипи Монтана Мисури Небраска Невада Њу Хемпшир Њу Џерси Њу Мексико Њујорк Северна Каролина Северна Дакота Охајо Оклахома Орегон Пенсилванија Род Ајленд Јужна Каролина Јужна Дакота Тенеси Тексас Јута Вермонт Вирџинија Вашингтон Западна Вирџинија Висконсин ВајомингMap of USA AL.svg
За сликава
Службен јазик Англиски
Говорени јазици Англиски 96,17%,
шпански 2,12%
Главен град Монтгомери
Најголем град Бирмингем
(229 424 во 2006)[1]
Површина  30. место
 - Вкупно 135 765 км²
 - Широчина 306 км
 - Должина 531 км
 - % вода 3,20
 - Гео. ширина 30° 11′ N до 35° N
 - Гео. должина 84° 53′ W до 88° 28′ W
Население  23. место
 - Вкупно 4 447 100
 - Густина 33,84/км² (26. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка Чиа[2]
734 м
 - Најниска точка Мексикански Залив[2]
0 м
Влез во сојузот  14 декември, 1819 (22)
Гувернер Боб Р. Рајли (Р)
Сенатори Ричард Шелби (Р)
Џеф Сешнс (Р)
Делегација на конгресот
Часовен појас Централна: UTC-6/Лето-5
Кратенки AL US-AL
Портал www.alabama.gov

Алабама е сојузна држава лоцирана во југоисточниот регион на Соединетите Американски Држави. Алабама се граничи со Тенеси на север, Џорџија на исток, Флорида и Мексиканскиот залив на југ, и Мисисипи на север. Алабама е рангирана на 30. место според големина на површина и на второто место според пловни внатрешни води. Алабама, исто така, се наоѓа на 23. место според бројот на население, кој изнесува 4,7 милиони жители во 2009.[3]

Од Американската граѓанска војна па сè до Втората светска војна, Алабама, како и многу други јужни држави, се соочила со големи економски тешкотии, делумно и поради континуираната зависност од земјоделството. И покрај порастот на поголеми индустрии и урбанизирани градови, интересите на белите доминирале во областа на законодавството се до 1960-тите, додека пак, интересите на Афроамериканците биле помалку застапени.[4] По втората светска војна, Алабама искусила пораст на економијата на државата која се должела на пренасочувањето од агрикултура кон тешки производи, минерална екстракција, образование и технологија. Покрај тоа, се случило и воспоставување или проширување на веќе постоечките воени објекти, примарно тие на армијата на САД и силите на воздухопловството, како државни работни места.

Неофицијално, прекарот на државата е „Yellowhammer“, дадено по државната птица („Colaptes auratus“). Алабама е позната и како „Срцето на Дикси“ (Дикси е прекарот за јужните американски држави). Државно дрво е „Pinus palustris“, а државно цвеќе Камелија. Главен град на Алабама е Монтгомери, а најголемиот град според население е Бирмингем. Најголемиот град според површина е Хантсвил. Најстар град е Мобајл, основан од француски колонисти.

Етимологија[уреди]

Подрачјето од каде што потекнува Мускогианскиот јазик.

Американските староседелци од Алабама, по потекло од племето Мускогијан („Muskogean“) чии членови живееле само покрај сливот на реките Куса и Талапуса и до горниот дел на реката Алабама[5], послужиле како извор на етимолошки имиња на реките и државата. На алабамски јазик зборот за жител на Алабама е „Албамо“ („Albaamo“) (или на различни дијалекти, „Албама“ („Albaama“) или „Албамо“ („Albàamo“), a множината за личност од Алабама е „Албамаха“ („Albaamaha“) ).[6] Зборот „Алабама“ се верува дека потекнува од чоктавскиот јазик,[7] за подоцна да биде присвоено од племето Алабама како нивно име.[8] Правописот на зборот често варира во завнисност од изворите.[8] Првата употреба на овој збор се појавува на три места од експедицијата на Хернандо де Сото од 1540 со Гарсиласо де ла Вега користејќи го изразот „Алабамо“, додека, пак, витезот од Елваз и Родриго Ранхел ги напишале „Alibamu“ и „Limamu“.[8] Во почетокот на 1702, племето на Французите им било познато како Алибамон, што било откриено со помош на француска мапа на која била реката идентификувана како „Rivière des Alibamons“.[5] Во други правописи се вклучени: Алибаму, Алабамо, Албама, Алебамон, Алибама, Алибамоу, Алабаму.[8][9][10][11]

Иако потеклото на Алабама можело да се препознае, изворите не се согласувале со неговото значење. Една статија од 1842 во „Jacksonville Republican“ вели дека идејата потекнува од значењето „ние тука почиваме“ или на англиски „Here we Rest“.[8] Овој поим бил населен во 1850-те преку пишувањата на Александар Бјуфорт Мик.[8] Експертите на мускогианските јазици не биле во можност да најдат некои докази за подршка на овој превод на името.[5][8] Научниците веруваат дека зборот доаѓа од чоктавските изрази „alba“ (што значи „растенија“ или „треви“) и „amo“ (што значи „да се сече“, „да се намали“ или „да се соберат“).[7][8][12] Значењето може да биде „чистачи на шумата“[7] или „собирачи на билки“[12][13] што може да потенцира на чистење на земјиштето за култивација[9] или за собирање лековити растенија.[13]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Алабама.

Домородни народи, рана историја[уреди]

Домородните народи од различни култури живееле во оваа област илјадници години пред Европската колонизација. Трговијата со северо-истокот преку реката Охајо почнала во текот на периодот „Burial Mound Period“ (1000 п.н.е-700 н.е) и продолжила се до Европската колонизација на Америка.[14] Аграрската култура на Мисисипи била пренесена во поголемиот дел од државата од 1000 до 1600 година од новата ера, со главно седиште во близина на Маундвил, Алабама.[15][16] Анализата на артефактите од археолошките истражувања во Маундвил биле основата на научниците при формулирањето на карактеристиките на „Југо-источниот Церемонијален Комплекс“ („Southeastern Ceremonial Complex“ ).[17] Спротивно на популарното верување, произлегува дека Церемонијалниот комплекс нема директни врски со Мезоамериканската култура, туку дека се развиле независно. Церемонијалниот Комплекс претставува важна компонента во религијата на народот од Мисисипи; тоа е едно од примарните значења според кое религијата е сфатена.[18]

Меѓу историските племиња на индијанците кои живееле во областа на денешна Алабама во времето на Европската колонизација имало и Чероки кои зборувале на Ирокески јазик и Алибаму, Чикасо, Чоктав, Крик, Коасати и Мобили кои зборувале на Мускогианските јазици..[19]

Европски населби[уреди]

Французите ја основале првата европска населба во регионот Олд Мобајл во 1702.[20] Областа била француска од 1702 до 1763, а потоа дел од Британската Западна Флорида од 1763 до 1780. Томас Басет бил првиот Британски колонист во државата. Тој се населил во близина на тоа што е денес реката Томбигби во округот Вашингтон.[21] Алабама стана дел од Шпанската Западна Флорида од 1780 до 1810, а потоа дел од независната Република Западна Флорида на кратко време, односно 90 дена, бидејќи била одземена од САД и додадена во Територијата Орлеанс (1810), за конечно да биде додадена на Територијата Мисисипи во 1812. Во текот на овие подоцнежни случувања Шпанците поседувале владино присуство во регионот со седиште надвор од Мобајл. Кога силите на Ендру Џексон го окупирале Мобајл во 1814 (додека се спремале за битката на Њу Орлеанс), го демонстрирале авторитетот на САД во регионот, ефективно уништувајќи ја Шпанската влада.[22]

Областа која денес ја сочинува северна и централна Алабама, познат како земјишта Јазу, била земена од провинцијата Џорџија по 1763. Следејќи ја Американската револуција, Алабама останува дел од државата Џорџија, иако во голема мера тоа било оспорувано. Спротиставените тврдења за оваа област произлегуваат најпрво од неколку индијански племиња (најзабележливи се Чероки и Јазу), од други држави (на пр. Јужна Каролина) и од федералната влада на САД, Британија и Шпанија. Во 1802 регионот се приклучил кон Територијата Мисисипи. Индивидуалното доделување на државност било одложено со недостаток на територијата при крајбрежјето.

Државност, граѓанска војна и реконструкција[уреди]

Алабама стана 22 држава призната од унијата во 1819. Уставот, на дел од граничната линија во 1820-те и 1830-те, обезбедил право на глас на белите луѓе. Доселеници брзо пристигнувале за да ги искористат предностите на плодната почва. Југо-источните плантажери и трговци од Горниот Југ носеле робови со нив во тек со проширувањето на памучните плантажи. Економијата во централен Блек Белт (именуван според неговата темна, продуктивна почва) била изградена околу големи плантажи на памук чии поседувачи го зголемиле своето богатство со помош на робовската работна сила.[23] Областа, исто така, привлекла и многу сиромашни, безимотни луѓе, односно фармери кои одгледувале доволно храна за да можат да си ја прехранат само фамилијата. Записите од пописот во 1860 покажуваат дека поробените Африканци сочинуваат 45% од вкупното население на државата од 964,201 жители. Во Алабама имало само 2,690 законски ослободени робови кои тука живееле во тоа време.

На 1 јануари, 1861, Алабама се отцепила од унијата и се придржиле на Конфедеративните Држави на Америка. Додека во државата биле одржани неколку битки, Алабама придонела 120,000 војници во американската граѓанска војна. Робовите во Алабама биле ослободени со 13-от амандман во 1865.[24] Во текот на реконструкцијата, новите државни законодавци, за прв пат, креирале државен школски систем како и некои социјални институции за помош на жителите. Алабама официјално била вратена во унијата во 1868.

По граѓанската војна државата сеуште била претежно земјоделска со економија „потпрена“ врз памукот. Поседниците давале отпот на слободата на трудот за време на реконструкцијата и се залагале за повторно воспоставување на контрола врз поранешните ослободени робови. Во раните години Кју Клукс Кланот имал бројни независни акции во Алабама за напаѓање на ослободените робови и други државјани. Откако биле поттиснати, бунтовничките белци организирале паравоени единици како „Red Shirts“ и „White League“ кои делувале поотворено при истиснувањето на црните гласачи.

Оваа плоча ги поздравува возачите кои ја посетуваат Алабама преку „Interstate 20“

1900-1960[уреди]

Во нејзиниот нов устав од 1901, законодавното тело ефективно ги обесправило афроамериканците преку гласачки рестрикции. Додека плантажерите ги ангажирале сиромавите белци за подршка на овие законски напори, новите рестрикции резултирале и со обесправување на истите. Законот останал запишан неколку декади. До 1941 повеќе белци од црнци виле обесправени: 600,000 белци и 520,000 црнци.[25]

Штетата врз афроамериканската заедница биле во големи размери, па приближно сите нејзини жители го изгубиле правото на глас. Во 1900, четиринаесет окрузи од Блек Белт (кои примарно биле афроамерикански) имале повеќе од 79,000 гласачи на изборите. До 1 јуни, 1903, бројот на регистрирани гласачи бил намален на 1,081. Во 1900 Алабама имала повеќе од 181,000 афроамериканци со право на глас. До 1903, 2,980 жители ги исполнувале условите за право на глас, иако најмалку 74,000 црни гласачи биле писмени.[25] Обесправувањето било прекинато од афроамериканците водејќи го движењето на граѓанските права и добивајќи федерална легислатива во средината на 1960-те за заштита на нивните граѓански права. Актот за правата на гласање од 1965, исто така, ги заштитило и правата на гласање на сиромашните белци.

За доминантинте провинциски области, законодавниот дом обезбедил училишта и услуги за обесправените афроамериканци во изолираната држава, но не ги ослободи од плаќање такса.[23] Расната дискриминација, земјоделската депресија и пропаѓањето на памучниот бизнис прдолжиле што поттикнало десетици илјади афроамериканци да бараат нови можности во северните градови. Тие ја напуштиле Амабама во раните години на 20 век како дел од големата афроамериканска миграција за да најдат индустриска работа и подобра иднина во северните индустриски градови. Стапката на раст на популацијата во Алабама се преполовила во однос на 1910-1920.

Во истиот период, многу бели и црни провинцијалци мигрирале во градот Бирмингем за работа во новите развиени индустрии. Градот доживеал толку брз раст на населението поради што го добил прекарот „Волшебникот град“. До 1920-те Бирмингам бил деветнаесетиот најголем град во САД и одржувал повеќе од 30% од населението во држвата. Тешката индустрија и рударството биле основата на економијата.[26]


1960-денес[уреди]

И покрај големите популациони промени во државата од 1901 до 1961, руралнте законодавни домови одбиле да учествуваат во сенатот во кој добиле место врз основа на популацијата. Тие се придржуваа до старото одржување на политичката и економска моќ во земјоделските области.

Округот Џеферсон, во кој бил економскиот и индустрискиот центар на Бирмингем, учествувал со повеќе од една третина од целиот приход од такси на државата, но не добил пропорционален износ во услугите. Урбанистичките интереси биле недоволно застапени во законодавството. Студија од 1960 тврди дека поради руралната доминација „Мал број, од околу 25% од вкупното население на државата, било во поголема контрола на законодавството на Алабама“.[4]

Афроамериканците биле делумно претставени како републиканци поради историски причини, но биле обесправени. Белите жители на Алабама чувствувале горчина кон републиканската партија по последиците на граѓанската војна и реконструкцијата. Овие фактори креирале долготрајна традиција дека секој кандидат кој сакал да не биде омаловажуван од белците морал да се кандидира како демократ. Земјата продолжила како еднопартиска демократска земја за повеќе од еден век по завршувањето на реконструкцијата.[се бара извор]

За време на движењето за граѓанските права, афроамериканците добиле заштита за гласање и други граѓански права со националниот акт за граѓански права од 1964[27] и актот за гласачки права од 1965.

По 1972 белите гласачи својата подршка во поголем дел ја пренасочиле кон републиканските кандидати во претседателските избори, што било случај и во соседните јужни држави. Од 1990 голем дел од белците во државата гласале за републикански претставници во државните избори. Во 2010 републиканците добиле контрола врз двата законодавни домови за прв пат во 136 години.[28]

Географија[уреди]

Теренска мапа на Алабама која ги покажува езерата, реките, патиштата со планината Чија (десно во центарот), источно од Бирмингем.
Бирмингем, најголемиот град и метрополитенска област
Мобајл, вотрата по ред најголема метрополитенска област
Хантсвил, третата по ред најголема метрополитенска област
Монтгомери, четвртата по ред најголема метрополитенска област
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Алабама.
Поврзано: Листа на окрузи во Алабама и Геологија на Алабама

Алабама е тринаесета по ред најголема држава во САД со 135,775 км². 3.19% од површината на Алабама е покриена со вода што ја прави дваесет и трета држава во количина на површински води, a исто така државата го поседува вторит најголем речен систем во САД.[29] Околу три петини од земјишната површина има добра земјоделска почва што се должи на реката Мисисипи и Мексиканскиот залив. Регионот Северна Алабама е повеќе планински со реката Тенеси која сече голема долина создавајќи потоци, реки, планини и езера.[30]

Државата се граничи со Тенеси на север, Џорџија на исток, Флорида на југ и Мисисипи на запад. Алабама има крајбрежје на Мексиканскиот залив во најјужниот дел од државата.[30] Надморската височина на Алабама се движи од морско ниво[2] во Мобајл Беи, до 550 метри на планините Апалачи на северо-исток. Највисоката точка е планината Чиах,[30] со височина од 734м. Површината на Алабама вклучува 89,000 км² шума, односно 67% од вкупната површина.[31] Округот Болдвин е најголемиот округ во државата според земјена површина и водна површина.[32]

Некои подрачја во Алабама се раководени од Службата на Национални Паркови во која се вклучени „Horseshoe Bend National Military Part“ во близина на градот Александар; „Little River Canyon National Preserve“ во близина на Форт Пејн; „Russell Cave National Monument“ во Бриџпорт; „Tuskegee Airmen National Historic Site“ во Таскаги и „Tuskegee Institute National Historic Site“ во близина на Таскаги.[33] Исто така, Алабама има четири национални шуми меѓу кои Конекју, Таладега, Таскаги и Вилјам Б. Бенкхед.[34] Забележливо природно чудо во Алабама е каменот „Природен Мост“, најголемиот природен мост источно од планините Роки, лоциран јужно од Хејливил во округот Винстон.

8км широкиот метеорски кратер е лоциран во округот Елмор, северно од Монтгомери. Ова е кратерот Ветумпка кој е страната на „најголемата природна катастрофа на Алабама“..[35] 300м широк метеорит ја погодил областа пред околу 80 милиони години.[35]

Урбани средини[уреди]

Поврзано: Листа на градови во Алабама
Ранг Метрообласт Население
(2010)
Окрузи
1 Бирмингем-Хувер 1,128,047 Биб, Блаунт, Чилтон, Џеферсон, Сент Клер, Шелби, Вокер
2 Мобајл 595,257 Мобајл, Болдвин
3 Хантсвил 417,593 Лајмстоун, Медисон
4 Монтгомери 374,536 Атага, Елмор, Лоундис, Монтгомери
5 Таскалуса 219,461 Грин, Хејл, Таскалуса
6 Декатур 153,829 Лоренс, Морган
7 Флоренс-масл Шолс 147,137 Колберт, Лодердејл
8 Дотан 145,639 Џенива, Хенри, Хјустон
9 Оберн-Опелика 140,247 Ли
10 Анистон-Оксфорд 118,572 Калхун
11 Гадсден 104,430 Етах
Вкупно 3,544,748
Ранг Град Популација
(Попис, 2010)
Округ
1 Бирмингем 212,237 Џеферсон
2 Монтгомери 205,764 Монтгомери
3 Мобајл 195,111 Мобајл
4 Хантсвил 180,105 Медисон
Лајмстоун
5 Таскалуса 90,468 Таскалуса
6 Хувер 81,619 Џеферсон
Шелби
7 Дотан 65,496 Хјустон
8 Декатур 55,683 Морган
Лајмстоун
9 Обурн 53,380 Ли
10 Медисон 42,938 Медисон
Лајмстоун
11 Флоренс 39,319 Лодердејл
12 Гадсден 36,856 Етах
13 Вествиа Хилс 34,033 Џеферсон
14 Пратвил 33,960 Атага
15 Феникс Сити 32,822 Расел

Клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Климата во Алабама.
Иако зимите во државата обично се благи, ноќните замрзнувања се честа појава во северните области на Алабама. Ова е слика од банката „Old State Bank“ во Декатур направена во почетокот на јануари, 2008

Државата е класифицирана во суптропска океанска клима според Кепеновата класификација на климата.[36] Просечната годишна температура е 18 С°. Температурите имаат потопла тенденција во јужниот дел на државата поради својата близина до Мексиканскиот залив, додека, пак, северните делови на државата, особено планините Апалачи на северо-истокот, се за нијанса поладни.[37] Генерално, Алабама има многу топли лета и благи зими со обилни врнежи во текот на годината. Во Алабама годишно паѓа во просек 1,400мм дожд.[37]

Летата во Алабама се едни од најжешките во САД со високи температури во просек од 32 С° во текот на летото во некои делови од државата. Алабама е склона на тропски бури и урагани. Областите кои се далеку од заливот не се имуни на ефектите на бурите.

Во јужна Алабама се забележани многу грмотевични бури. Брегот на заливот, околу Мобајл Беи, во просек поминува 70 или 80 денови во годината во присуство на овие бури. Оваа активност малку се намалува како што се движиме на север, но дури и далечниот север на државата забележува околу 60 грмотевични бури на годишно ниво. Повремено грмотевиците се многу силни, проследени со паѓање на град – централниот и северниот дел се повеќе изложени на овој тип на бура. Алабама е рангирана на седмото место според бројот на смртни случаи од грмотевици.[38] Се појавуваат и торнада кои немаат определен регион, односно тие се чести низ целата држава иако на почетокот на сезоната тие варираат во јужниот и северниот дел. Алабама, заедно со Канзас, имаа пријавено повеќе „EF5 торнада“ од било која друга држава, што е потврдено од националниот центар за климатски податоци во периодот од 1 јануари, 1950 до 31 октомври, 2006. „F5“ торнадото е најмоќното од неговиот вид.[39] Неколку долги торнада од овој вид придонеле во рангирањето на Алабама како држава со најмногу жртви од торнадо после Тексас и Мисисипи. Алабама е едно од малкуте места во светот кое има втора сезона на торнада (ноември и декември) покрај пролетната.

Генерално, зимите во Алабама се благи како и во повеќето југо-источни држави во САД со просечна јануарска ниска температура околу 4 С° во Мобајл и околу 0 С° во Бирмингем. Иако снегот е редок случај во поголемиот дел од Алабама, области во државата, северно од Монтгомери, можат да имаат снежни врнежи и неколку пати секоја зима. Историските снежни врнежи ги вклучуваат „снежната бура на новогодишното претпладне во 1963“ и „бурата на векот во 1993“. Годишното просечно паѓање на снег во областа Бирмингем е 51мм.

Висока и ниска месечна температура во различни градови во Алабама.[40]
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек
Град темп °F °C °F °C °F °C °F °C °F °C °F °C °F °C °F °C °F °C °F °C °F °C °F °C
Бирмингем висока 53 12 58 14 66 19 74 23 81 27 88 31 91 33 90 32 85 29 75 24 64 18 56 13
ниска 32 0 35 2 42 6 48 9 58 14 65 18 70 21 69 21 63 17 51 11 42 6 35 2
Хантсвил висока 49 9 55 13 63 17 72 22 80 27 86 30 89 32 89 32 83 28 73 23 62 17 52 11
ниска 31 -1 34 1 41 5 48 9 58 14 65 18 70 21 68 20 62 17 50 10 41 5 34 1
Мобајл висока 61 16 64 18 71 22 77 25 84 29 89 32 91 33 91 33 87 31 79 26 70 21 63 17
ниска 40 4 42 6 49 9 55 13 63 17 69 21 72 22 72 22 68 20 56 13 48 9 42 6
Монтгомери висока 58 14 62 17 70 21 78 26 85 29 91 33 93 34 92 33 88 31 79 26 69 21 60 16
ниска 36 2 39 4 45 7 51 11 60 16 67 19 71 22 70 21 65 18 52 11 44 7 38 3

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Алабама.
Алабама: Популација и процентуални разлики
Година Жители  %±
1800 1.250 —    
1810 9.046 +623,7%
1820 127.901 +1.313,9%
1830 309.527 +142,0%
1840 590.756 +90,9%
1850 771.623 +30,6%
1860 964.201 +25,0%
1870 996.992 +3,4%
1880 1.262.505 +26,6%
1890 1.513.401 +19,9%
1900 1.828.697 +20,8%
1910 2.138.093 +16,9%
1920 2.348.174 +9,8%
1930 2.646.248 +12,7%
1940 2.832.961 +7,1%
1950 3.061.743 +8,1%
1960 3.266.740 +6,7%
1970 3.444.165 +5,4%
1980 3.893.888 +13,1%
1990 4.040.587 +3,8%
2000 4.447.100 +10,1%
2010 4.779.736 +7,5%
Извор: Податоци од 1910–2010
Карта на која е прикажана густината на населението во Алабама (во милји)

Бирото за попис во САД на 1 јули, 2008, ја потврдило популацијата на Алабама со 4,661,900 жители,[41] што претставува пораст од 214,545 или 4.8% од последниот попис во 2000.[42] Ова покажува природен пораст, од последниот попис, од 121,054 жители (т.е 502,457 раѓања минус 381,403 умирања) и миграционен пораст од 104,991 жител.[42] Имграцијата надвор од САД допринела со пораст од 31,180 жители, а миграцијата во рамките на соединетите држави допринела 73,811 жители.[42] Алабама има 108,000 раѓања на странци (2.4% од вкупната популација на државата) од кои се проценува дека 22.2% се илегални имигранти (24,000).

Центарот за популација на Алабама е лоциран во округот Чилтон, надвор од градот Џемисон, област позната како „Џемисон Девизија“.[43]

Раса и потекло[уреди]

Според податоците од 2006-2008 на Американската Агенција за Истражување[44] која е во склоп на бирото за попис, расната композиција на државата била сочинета од: 70.4% белци, 26.2% црнци или афроамериканци, 0.5% индијанци, 1.0% азијци, помалку од 0.1% хавајци и од другите пацифички острови, 0.8% од некоја друга раса и 1.2% од две или повеќе раси.

Најголемите пријавени групи на странци во Алабама се: афроамериканци (26.2%), Англичани (24.6%), (7.7%), Германци (5.7%) и Шкоти-Ирци (2%).[45][46][47] Во пописот од 2000, 621,080 луѓе тврделе дека имале Американско потекло што се должи на тоа што нивните корени се долго време во Северна Америка, во повеќето сличаи уште од раните години на 7 век. Пописарите направиле груба проценка за тоа дека 23% од луѓето во Алабама се претежно од Англиско потекло.[48][49][50][51] Исто така, во Алабама има многу луѓе кои се идентификуваат со потекло на Шкоти-ирци.[47]

Во 1984 според актот Дејвис-Строн, Алабама воспоставила државна индијанска комисија и официјално определила седум американски индијански племиња меѓу кои племето од Алабама, Екота Чироки. Тоа е составено од потомци на Чикамага Чироки и други кои успеале да го избегнат индијанското отстранување од 1830-те. Во соработка со универзитетот „Auburn University“, племето започна оживување на јазикот на Чироките.

Религија[уреди]

Алабама е лоцирана во средината на библискиот појас. Мнозинството луѓе во Алабама денес се идентификуваат како протестанти. областа Мобајл е забележлива по нејзиниот голем процент на католици што се должи на основањето на областа како дел од Француската колонија „Ла Луизијан“ („La Louisiane“), а подоцна под раководство и на Шпанија.[се бара извор] Од 2000, трите најголеми верски групи се: евангелисти, главни протестанти и католици. Јужната баптистичка конвенција има најголем број на приврзаници во Алабама, односно 1,380,121, проследени од обединета методистичка црква со 327,734 членови и римокатоличката црква со 150,647 приврзаници.[52]

Во истражувањето од 2007, приближно 70% од испитаниците знаеле да ги наведат сите четири христијани евангелисти. Од оние испитаници кои се изјасниле со одредена вероисповед 59% тврделе дека поседуваат потполно разбирање во доменот на нивната вера и дека не им треба понатамошно образование во истиот.[53] Во анкета од 2007, 92% од Алабамците изјавиле дека имаат барем малку верба во црквите во државата.[54][55] Во истражувањето од 2008 за религиозната идентификација во Алабама, 80% од луѓето се изјасниле како христијани (не католици), 6% како католици и 11% како луѓе без ниедна религија.[56]

Здравје[уреди]

Студијата на центарот за контрола и превенција од болести покажала дека Алабама има најлоши резултати во САД за дебелина со повеќе од 29% од возрасните во секој округ, освен десет окрузи кои преминале 26%.[57] Жителите се најневолни за вежбање во споредба со другите држави.[58] Алабама има највисок процент на заболени возрасни со дијабетис, односно 10% од возрасните.[59][60]

Економија[уреди]

Државата направила огромни инвестиции во доменот на воздухопловството, образованието, здравствената грижа, банките, различни тешки индустрии меѓу кои автомобилското производство, минералната екстракција и производство на челик. Според бирото за економски анализи на САД, бруто домашниот производ на државата во 2008 изнесувал 170 милјарди американски долари или 29,411 долари по глава на жител. БДП на Алабама во 2008 доживеал пораст од 0.7% во однос на претходната година. Најголемиот пораст бил остварен во областа на информациите.[61] Во 1999, БДП по глава на жител изнесувало $18,189.[62]

Од септември, 2010, невработеноста во државата изнесува 8.9%.[63]

Земјоделското производство во Алабама вклучува живина и јајца, домашни говеда, производи од плантажни расадници, кикирики, памук, жито како пченка и сирак (тропско житно растение), зеленчук, млеко, соја и праски. Позната и како „Државата на памукот“, Алабама се рангира помеѓу осмо и десето место во националното производство на памук, според различни изјави,[64][65] во листата со Тексас, Џорџија и Мисисипи кои ги сочинуваат првите три места.

Индустриското производството во Алабама вклучува продукти од железо и челик (меѓу кои леано железо и челични цевки), хартија, дрва и продукти од дрво, рударство (најмногу јаглен), пластични производи, коли и камиони и облека. Исто така, Алабама произведува и продукти за воздухопловството и електрични производи, најмногу во областа Хантсвил.

Алабама е дел од најголемиот индустриски коридор во нацијата.[се бара извор] Најголемиот дел од нејзиниот пораст се должи на нејзиниот брз раст во автомобилската индустрија. Седишта во државата имаат засновано: „Производство на Хонда во Алабама“, „Производство на мотори на Хјундаи во Алабама“, „Меѓународен Американски Мерцедес-бенз“ и „Производство на мотори на Тојота во Алабама“. Од 1993, автомобилската индустрија придонела повеќе од 67,800 нови работни места во државата. Алабама, во моментов, е рангирана на четврто место во унијата според производство на авотомобили.[66]

Бирмингeм[уреди]

Задната страна на државното седиште на Алабама

Во 1970-те и 1980-те економијата во Бирмингем била трансформирана од страна на „Универзитетот на Алабама во Бирмингем“ (УАБ) со инвестирање во биотехнологија и медицински истражувања.[67] УАБ болницата сега е најголем работодавач во областа и најголем во Алабама со околу 20,000 работни места. Други субјекти кои обезбедуваат здравствени услуги во Алабама и имаат седиште во градот се „HealthSouth Corporation“, „Surgical Care Affiliates“, „Diagnostic Health Corporation“ и „Naphcare“.

Бирмингем, исто така, е и водечки банкарски центар во САД каде што се наоѓаат седиштата на „Regions Financial Corporation“, „BBVA Compass“ и „Superior Bancorp“. Во ноември, 2006, „Regions Financial“ го заврши спојувањето со „AmSouth Bancorporation“ која, исто така, е со седиште во Бирмингем. „SouthTrust Corporation“, уште една голема банка со седиште во Бирмингем, била купена од „Wachovia“ во 2004 за 14,3 милијарди американски долари. Телекомуникацискиот опслужувач „AT&T“, поранешен „BellSouth“, исто така има големо присуство во Бирмингем со неколку големи канцеларии во градската област. Компанијата има околи 6,000 вработени и повеќе од 1,200 вработени со договор кои работат во локалниот центар за податоци, лоциран во областа. Меѓу поголемите осигурителни компании се „Protective Life“, „Infinity Property & Casualty“, „Liberty National Life Insurance Company“ и „ProAssurance“. Седиштето на „Torchmark Corporation“ било во градот до 2006, но сеуште најголемите операции ги извршува во градот.[се бара извор]

Во овој град се наоѓаат и поголеми градежни и инжинерски компании. Ова започнало со „Rust Engineering Comapny“ која подоцна станала „Rust International“ и пораснала во големи мери при што сега ги вклучува и „Brasfield&Gorrie“, „BE&K“, „Hoar Construction“ и „B.L. Harbert International“,

Хантсвил[уреди]

Главното економско влијание, Хантсвил, го придобива од воздухопловството и воената технологија. „Redstone Arsenal“, „Marshall Space Flight Center“ на НАСА, „Cummings Research Part“ и „University of Alabama in Huntsville“ помогнаа во одржувањето на економијата во овој град. Хантсвил има комерцијални технолошки компании како компанијата за мрежно пристапување „ADTRAN“, компјутерската графичка компанија „Intergraph“ и компанијата за дизајн и производство на информатичка технологија „Avocent“. Телекомуникацискиот опслужувач „Deltacom“ е со седиште во Хантсвил. „Cinram“ произведува и дистрибуира ДВД-а на „20th Century Fox“ и блу-реј дискови од нивните поседи во Хантсвил.[се бара извор] Во 2005 магазинот „Forbes“ го ранирал градот Хантсвил на шестото место во нацијата за водење на бизнис и на првото место според број на инжинери во однос на вкупната вработеност.[се бара извор]

Мобајл[уреди]

Градот Мобајл, единственото морско пристаниште на Алабама, е зафатено пристаниште на мексиканскиот залив со речни корита се до Среден Запад.[68] Во мај, 2007, некои делови од северниот дел на Мобајл биле одбрани од страна на Германскиот производител на челик „ThyssenKrupp“ за погон на изработка на челик вреден 3,7 милијарди долари со сигурни 2,700 постојани работни места.[69]


9 милијарди американски долари се трошат годишно на „патни трошоци“. Оваа бројка се користи за да се укаже на развиеноста на туризмот.[70]

Даноци[уреди]

Стапката на персоналниот данок од доход во Алабама се движи од 2-5% во зависност од заработената сума и животниот статус. На даночните обврзници не им е дозволени да го одземаат својот федерален данок од доход од нивниот државен данок, но можат да ги одбијат своите федерални социјални даноци за безбедност и здравствените даноци.

Државната даночна стапка за продажба изнесува 4%.[71] Наплатата може да биде значително поголема во зависност од додатни продажни даноци на градовите и окрузите. На пример, вкупниот продажбен данок во Мобајл е 10% и има додатен данок за ресторани од 1% што значи дека рестораните во Мобајл плаќаат 11% данок. Данокот од продажби и акцизи сочинува 51% од сите државни и локални приходи, тоа е поголемо во споредба со просечниот приход од 36% на национално ниво. Алабама е сеуште една од ретките преостанати држави кои наплаќаат данок на храната и лековите. Данокот на доход за сиромашните вработени семејства во Алабама е меѓу најголемите во САД.[72] Алабама е единствената држава која наплаќа данок од доход на четиричлено семејство со примања од $4,600.[72]

Корпоративниот данок на доход во моментов е 6.5%. Севкупните федерални, државни и локални даночни оптоварувања во Алабама ја рангираат државата како втора најмалку даночно оптоварена земја во САД.[73] Даноците на имот се најниски во соединетите држави. Сегашниот устав на државата бара референдум за подигнување на данокот на имот.

Структурата на данокот на Алабама во поголемиот дел зависи од потрошувачката на жителите, поради што стана предмет на високо варијабилна буџеткса структура. На пример, во 2003 Алабама имала годишен буџетски дефицит од 670 милиони американски долари.

Транспорт[уреди]

Алабама има пет големи меѓудржавни патишта кои поминуваат низ неа: „I-65“ се движи од север кон југ низ средината на државата; „I-59/I-20“ патува од централниот западен дел до Бирмингем каде што „I-59“ продолжува кон западно источниот агол на државата, а „I-20“ продожува источно низ Атланта; „I-85“ потекнува од Монтгомери и патува од исток-северо-исток до границата на Џорџија и „I-10“ го преминува нај јужниот дел на државата патувајќи од запад кон исток низ Мобајл. Друг меѓудржавен пат, „I-22“, во мометов е во изработка. Кога ќе биде завршен во 2012 ќе го поврзува Бирмингам со Мемфис, Тенеси. Неколку автопати на САД поминуваат низ државата меѓу кои „US 11“, „US 29“, „US 31“, „US 43“, „US 72“, „US 78“, „US 80“, „US 82“, „US 84“, „US 98“, „US 231“, „US 278“, „US 280“ и „US 431“.

Меѓу поголемите аеродроми во Алабама се „Birmingham-Shuttlesworth International Airport“, „Huntsville International Airport“, „Dothan Regional Airport“, „Mobile Regional Airport“, „Montogomery Regional Airport“, „Muscle Shoals – Northwest Alabama Regional Airport“, „Tuscaloosa Regional Airport“ и „Pryor Field Regional Airport“. Во железничкиот транспорт, „Amtrak“ го регулира распоредот на Кресент, дневен патнички воз, кој се движи од Њујорк до Њу Орлеанс со станици во Анистон, Бирмингам и Таскалуса.

Воздушен поглед на пристаништето на Мобајл

Водни пристаништа[уреди]

Водни пристаништа во Алабама, подредени од север кон југ

Име на пристаниште Локација Поврзано со
Пристаниште на Флоренс Флоренс/Масл Шолс, на езерото Пиквик рекатаТенеси
Пристаниште на Декатур Декатур, на езерото Вилер реката Тенеси
Пристаниште на Гантерсвил Гантерсвил, на езерото Гантерсвил реката Тенеси
Пристаниште на Бирмингем Бирмингем, на реката Блек Вариор пловниот пат Тен-Том
Пристаниште на Таскалуса Таскалуса, на реката Блек Вариор пловниот пат Тен-Том
Пристаниште на Монтгомери Монтгомери, на езерото Вудруф реката Алабама
Пристаниште на Мобајл Мобајл, на Мобајл Беј Мексикански Залив

Закон и државна управа[уреди]

Државна управа, влада[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Влада на Алабама.
Државниот капитол во Монтгомери, изграден во 1850

Основачкиот документ за владата на Алабама е уставот на Алабама кој е ратификуван во 1901. Со речиси 800 амандмани и 310,000 зборови, тој е најдолгиот устав во светот и четириесет пати подолг од уставот на САД.[74][75] Во Алабама постои значително движење за обнова и модернизација на нејзиниот устав.[76] Ова движење се заснова на фактот дека уставот на Алабама содржи високо централизирана моќ во Монтгомери и ги остава практично без моќ локалните власти. Секоја предложена политичка промена низ државата мора да биде одобрена од цело законодавство на Алабама, а често и од државниот референдум. Една критика на актуелниот устав тврди дека неговата комплексност и должина биле намерни за да се кодифицира сегрегацијата и расизмот.

Алабама е поделена на три еднакви власти: законодавната власт е законодавството на Алабама, дводомен парламент сочинет од куќата на претставници на Алабама со 105 членови и сенатот на Алабама со 35 членови. Законодавството е одговорно за пишување, дебатирање, одобрување или одбивање на државните закони.

Извршната власт е одговорна за извршување и надзор на законите. Раководена е од гувернерот на Алабама. Меѓу другите членови на извршната власт се вклучуени: кабинетот, јавниот обвинител на Алабама, државниот секретар на Алабама, комесарот за земјоделство и индустрија на Алабама, државниот благајник на Алабама и државниот ревизор на Алабама.

Судската власт е одговорна за толкување на уставот и спроведување на законот во државниот криминал и цивилните случаи. Највисок суд е врховниот суд на Алабама.

Локална и окружна власт[уреди]

Алабама има 67 окрузи. Секој округ има своја избрана законодавна власт, обично нарекувана окружна комисија, која има и извршен авторитет во округот. Поради ограничувањата сместени во уставот на Алабама сите освен седум окрузи (Џеферсон, Ли, Мобајл, Медисон, Монтгомери, Шелби и Таскалуса) во државата имаат мали или никакви „домашни правила“. Наместо тоа, повеќето окрузи во државата мораат да лобираат во локалниот законодавен комитет на државното законодавство за да добијат едноставни локални правила како на пример отстранување на отпадот за употреба на земјиштето.

Владата на Алабама го контролира монополот на продажба на алкохолот. Како и да е, окрузите можат да побараат од државата да не продава алкохол во нив.

Ранг Округ Популација
(Попис, 2010)
Седиште Најголем град
1 Џеферсон 658,466 Бирмингем Бирмингем
2 Мобајл 412,992 Мобајл Мобајл
3 Медисон 334,811 Хантсвил Хантсвил
4 Монтгомери 229,363 Монтгомери Монтгомери
5 Шелби 195,085 Колумбијана Хувер
6 Таскалуса 194,656 Таскалуса Таскалуса
7 Болдвин 182,265 Беј Минет Дафне
8 Ли 140,247 Опелика Обурн
9 Морган 119,490 Декатур Декатур
10 Калун 118,572 Анистон Анистон

Државни политики[уреди]

Резултати од претседателските избори
Година Републиканци Демократи Победник
2008 60.32% 1,266,546 38.80% 813,479 Џон МекКејн
2004 62.46% 1,176,394 36.84% 693,933 Џорџ В. Буш
2000 56.47% 944,409 41.59% 695,602 Џорџ В. Буш
1996 50.12% 769,044 43.16% 662,165 Боб Доли
1992 47.65% 804,283 40.88% 690,080 Џорџ Буш
1988 59.17% 815,576 39.86% 549,506 Џорџ Буш
1984 60.54% 872,849 38.28% 551,899 Роналд Реган
1980 48.75% 654,192 47.45% 636,730 Роналд Реган
1976 42.61% 504,070 55.73% 659,170 Џими Картер
1972 72.43% 728,701 25.54% 256,923 Ричард Никсон
1968* 13.99% 146,923 18.72% 196,579 Џорџ Валас (I)
1964 69.45% 479,085 30.55% 210,732 Бари Голдвотер
1960 42.16% 237,981 56.39% 318,303 Џон Ф. Кенеди
*Државен победник бил Џорџ Валас
од Американска Независна Партија,
со 65.86%, или 691,425 гласа
Гувернерот на Алабама, Роберт Бентли

Актуелниот гувернер на државата е републиканецот Роберт Бентли. Заменик гувернер е Кеј Ајви. Главниот судија на врховниот суд во Алабама е демократот Су Бел Коб. Во моментов републиканската партија има големо мнозинство и во двата дома на законодавството. Законодавството ја има моќта да го отстрани гувернаторското вето со просто мнозинство (повеќето држави бараат две-третини мнозинство за да поништат вето).

За време на реконструкцијата следејќи ја амриканската граѓанска војна, Алабма била окупирана од федералните војски на третиот воен округ под раковоство на генералот Џон Поп. Во 1874 политичката коалиција позната како Ридимерс за превземала контролата на државната влада од републиканците, делумно преку поттиснувањето на афроамериканските гласачи.

По 1890, коалицијата на белците донесе закони за расна сегрегација и обесправување на црните жители, процес завршен со одредбите од уставот од 1901. Одредбите кои ги обесправувале афроамериканците, исто така, ги обесправиле и сиромашните белци. Во 1941 повеќе белци однего црнци биле обесправени, односно 600,000 белци и 520,000 црнци. Сепак, влијанието било поголемо кај афроамериканците, скоро сите граѓани биле лишени од своите права.

Од 1901 до 1960-те државното законодавство не успеало за изврши поделба на населението како што тоа растело во рамките на државата. Резултатот оформил рурални малцинства кои доминирале во државната политика се до една серија на судски случаи кои барале поделба во 1972.

Со обесправувањето на афроамериканците, државата станала дел од „Солидниот Југ“, еднопартиски систем во кој демократската партија станала единствена политичка партија во секоја јужна држава. Во отприлика 100 години на локалните и државните избори во Алабама граѓаните се одлучувале примарно за демократската партија.

Во 1986 демократскиот претставник на изборите, тогашниот актуелен заменик гувернер Бил Бексли, ја загубил номинацијата за гувернер во скандал за да потоа врховниот генерал Чарлс Гредик го превземе неговото место. Државната демократска партија ги поништила изборите и го сместила името на Бексли на изборните ливчиња како демократски кандидат. Гласачите, револтирани од обесправувањето при гласање, го избрале републиканскиот претставник Гај Хант за гувернер. Тој бил првиот републиканец избран за гувернер во Алабама од времето на реконструкцијата. Од тогаш републиканците станале поконкурентни во политиката на Алабама. Тие во моментов ги контролираат двете седишта во сенатот на САД, шест од вкупно седумте конгресни седишта. Републиканците имаат 8:1 мнозинство во врховниот суд на Алабама[77] и ги држат канцелариите низ државата на извршната власт.

Како и да е, демократите во моментов имаат едно од трите места во комисијата за јавни услуги на Алабама.[78][79][80] Некои од локалните канцеларии во државата сеуште се под демократска управа. Локалните избори во руралните окрузи се генерално одлучни за демократите, а локалните избори во метрополитенските окрузи се на страна на републиканците, се разбира, има и исклучоци.[81][82] Само два заменик гувернери од републиканската партија биле избрани по реконструкцијата, Стиви Виндом и Кеи Ајви, моменталниот заменик гувернер. Виндом служел како заменик гувернер на демократскиот гувернер Дон Сиглмен. Пред 2011, последен пат кога Алабама имала гувернер и заменик гувернер од иста партија бил периодот од 1983 и 1987 кога Валас го отслужувал својот четврт мандат како гувернер а Бил Бексли бил заменик. Двајцата биле демократи.

Големо мнозинство од шерифските канцеларии во Алабама се во демократски раце. Како и да е, повеќето демократски шерифи претседаваат со повеќе рурални и окрузи со мал број на жители, а мнозинството на републикански претседавачи се избрани во урбаните или понаселени окрузи.[83] Два окрузи во Алабама (Монтгомери и Калхун) со популација над 100,000 имаат демократски шериф и пет окрузи во Алабама со популација под 75,000 имаат републикански шерифи (Отауга, Кофи, Дејл, Куса и Блаунт).[84]

Државната политика на Алабама се здобила со национално внимание во 1950-те и 1960-те во текот на американското движење за граѓанските права кога мнозинство на бирократи насилно ги попречувале протестите за изборните и социјалните реформи. Џорџ Валас, државниот гувернер, и натаму е познат како контроверзна личност. Само со одобрувањето на актот за граѓански права од 1964[27] и актот за гласачки права од 1965 афроамериканците добиле право на глас.

Во Алабама, членовите на законодавството, ги завземаат своите места веднаш по ноемвриските избори, но другите функции како гувернер, заменик гувернер, јавен обвинител на своите позиции доаѓаат во јануари.[85]

Национална политика[уреди]

Од 1876 до 1956, Алабама ги подржувала само демократските претседателски кандидати во големи размери. Во 1960 демократите победиле со Џон Ф. Кенеди, но демократските избраници од Алабама дале 6 од 11 изборнички гласа за Хари Бирд, во знак на протест. Во 1964 републиканецот Бери Голвотер ја предводел државата, делумно поради своето противење за актот за човековите права од 1964, на неговите противници, кој им ја вратил франшизата на афроамериканците.

На претседателските избори во 1968, Алабама го поддржала Џорџ Валас, кандидатот на американската независна партија, кој се натпреварувал со Ричард Никсон и Хјуберт Хамфри. Валас бил првиот демократ кандидат во Алабама, додека, пак, Хамфри бил обележан како „национален демократ“.[86]

Од 1980, конзервативните гласачи на Алабама, во пораст, гласале за републиканските кандидати на федерално ниво, особено во претседателските избори. Спротивно на ова, демократските кандидати биле избирани на повеќето места на државно ниво се до 2010 кога се оформило долготрајно мнозинство во законодавството на Алабама.

Двата сенатори на Алабама во сенатот на САД се Џеферсон Б. Сешнс III и Ричард Крег Шелби. Во куќата на претставници во САД, државата ја претставуваат седум члена од кои шест се републиканци (Џо Бонер, Мајк Д. Роџерс, Роберт Адерхолт, Морис Џ. Брукс, Марта Роби и Спенсер Бачјус) и еден демократ (Тери Сивел).

Образование[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Образование во Алабама.
Универзитетот „University of North Alabama“ во Флоренс. Ова е најстарото јавно училиште во државата.

Основно и средно образование[уреди]

Јавните основни и средни училишта во Алабама се под надзор на државниот совет на Алабама за образование како и локалните надзорници од 67-те окрузи и училишните одбори, па и од 60 совети за образование. Заедно, 1,541 индивидулни училишта обезбедуваат образование за 743,364 ученици од основни и средни училишта.[87]

Основањето на јавните училишта е одобрено од законодавството на Алабама преку образовниот фонд. Во учебната година 2006/2007 Алабама одобри $3,775,163,578 основните и средните образовни институции. Тоа претставува пораст од $444,736,387 во однос на претходната учебна година.[87] Иако јавниот образовен систем на Алабама се подобрува, таа сеуште заостанува во напредувањето во однос на другите држави. Според податоците од пописот во САД стапката на дипломирани средношколци од 75% е втората најмала во САД (после Мисисипи).[88] Најголемите едукациони придобивки се во луѓето со високо обазование , но без степени.[89]

Колеџи и универзитети[уреди]

Програмите на Алабама за високо образование вклучуваат 14 четиригодишни јавни универзитети, двегодишни општествени колеџи и 17 приватни, додиполомски и постдипломски универзитети. Во државата има две медицински училишта („University of Alabama at Birmingham“ и „University of South Alabama“), два ветеринарни колеџа („Auburn University“ и „Tuskegee University“), стоматолошно училиште („University of Alabama at Birmingham“), колеџ за оптика („University of Alabama at Birmingham“), две фармацевтски училишта („Auburn University“ и „Samford University“) и пет правни училишта („University of Alabama School of Law“, „Birmingham School of Law“, „Cumberland School of Law“, „Miles Law School“ и „Thomas Goode Jones School of Law“). Пост-средното образование во Алабама е надгледувано од комисијата на Алабама за високо образование. Колеџите и универзитетите во Алабама нудат програми од двагодишни степени до 16 докторски нивоа.[90]

Спортови[уреди]

Алабама има неколку професионални тимови од мали лиги вклучувајќи и бејзбол тимови.

Клуб Град Спорт Лига Место
„Alabama Hammers“ Хантсвил Арена Фудбал „Southern Indoor Football League“ центарот Вон Браун
„Birmingham Barons“ Бирмингем Бејзбол „Southern League“ парк „Регионс“
„Huntsville Havoc“ Хантсвил Хокеј на мраз „Southern Professional Hockey League“ центарот Вон Браун
„Huntsville Stars“ Хантсвил Бејзбол „Southern League“ стадионот Џо В. Дејвис
„Mobile BayBears“ Мобајл Бејзбол „Southern League“ стадионот Ханк Арон
„Montgomery Biscuits“ Монтгомери Бејзбол „Southern League“ стадионот „Монтгомери Ривервок“
„Rocket City United“ Хантсвил Фудбал „National Premier Soccer League“ стадионот „Медисон Сити Скулс“
„Tennessee Valley Tigers“ Хантсвил Фудбал „Independent Women's Football League“ стадионот „Милтон Франк“

Познати личности од Алабама[уреди]

Културни знаменитости и настани[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Annual Estimates of the Population for Incorporated Places in Alabama, Listed Alphabetically: 1 април, 2000 to 1 јули, 2006 (CSV). „2007 Population Estimates“. Биро за попис во САД. 28 јуни 2007. http://www.census.gov/popest/cities/tables/SUB-EST2006-04-01.csv. конс. 28 јуни 2007. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Elevations and Distances in the United States. U.S Geological Survey. 29 април 2005. http://erg.usgs.gov/isb/pubs/booklets/elvadist/elvadist.html#Highest. конс. 2006. 
  3. „Alabama Quick Facts“. „State and County Quick Facts“. U.S. Census Bureau. http://quickfacts.census.gov/qfd/states/01000.html. конс. 30 декември 2010. 
  4. 4,0 4,1 „George Mason University, United States Election Project: Alabama Redistricting Summary, accessed March 10, 2008“. Web.archive.org. архивирано од оригиналот на 17 октомври 2007. http://web.archive.org/web/20071017192719/http://elections.gmu.edu/Redistricting/AL.htm. конс. 24 октомври 2010. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Read, William A. (1984). „Indian Place Names in Alabama“. University of Alabama Press. ISBN 0-8173-0231-X. OCLC 10724679. 
  6. Sylestine, Cora; Hardy; Heather; and Montler, Timothy (1993). „Dictionary of the Alabama Language“. Austin: University of Texas Press. ISBN 0-292-73077-2. OCLC 26590560. http://www.ling.unt.edu/~montler/Alabama/. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Rogers, William W.; Robert D. Ward, Leah R. Atkins, Wayne Flynt (1994). „Alabama: the History of a Deep South State“. University of Alabama Press. ISBN 0-8173-0712-5. OCLC 28634588. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 „Alabama: The State Name“. „All About Alabama“. Alabama Department of Archives and History. http://www.archives.alabama.gov/statenam.html. конс. 2 август 2007. 
  9. 9,0 9,1 Wills, Charles A. (1995). „A Historical Album of Alabama“. The Millbrook Press. ISBN 1-56294-591-2. OCLC 32242468. 
  10. Griffith, Lucille (1972). „Alabama: A Documentary History to 1900“. University of Alabama Press. ISBN 0-8173-0371-5. OCLC 17530914. 
  11. The use of state names derived from Native American languages is common; an estimated 27 states have names of Native American origin. Weiss, Sonia (1999). „The Complete Idiot's Guide to Baby Names“. Mcmillan USA. ISBN 0-02-863367-9. OCLC 222611214. 
  12. 12,0 12,1 Swanton, John R. (1953). „The Indian Tribes of North America“. „Bureau of American Ethnology Bulletin 145“: 153–174. http://www.hiddenhistory.com/PAGE3/swsts/alabam-1.htm. конс. 2 август 2007. 
  13. 13,0 13,1 Swanton, John R. (1937). „Review of Read, Indian Place Names of Alabama“. „American Speech“ 12 (12): 212–215. doi:10.2307/452431. http://jstor.org/stable/452431. 
  14. „Alabama“. „The New York Times Almanac 2004“. The New York Times. 11 август 2006. http://travel2.nytimes.com/2004/07/15/travel/NYT_ALMANAC_US_ALABAMA.html. конс. 23 септември 2006. 
  15. Welch, Paul D. (1991). „Moundville's Economy“. University of Alabama Press. ISBN 0-8173-0512-2. OCLC 21330955. 
  16. Walthall, John A. (1990). „Prehistoric Indians of the Southeast-Archaeology of Alabama and the Middle South“. University of Alabama Press. ISBN 0-8173-0552-1. OCLC 26656858. 
  17. Townsend, Richard F. (2004). „Hero, Hawk, and Open Hand“. Yale University Press. ISBN 0-300-10601-7. OCLC 56633574. 
  18. edited by F. Kent Reilly III and James F. Garber ; foreword by Vincas P. Steponaitis. (2004). F. Kent Reilly and James Garber. уред. „Ancient Objects and Sacred Realms“. University of Texas Press. ISBN 978-0-292-71347-5. OCLC 70335213. 
  19. „Alabama Indian Tribes“. „Indian Tribal Records“. AccessGenealogy.com. Updated 2006. http://www.accessgenealogy.com/native/alabama/. конс. 23 септември 2006. 
  20. „Alabama State History“. theUS50.com. http://www.theus50.com/alabama/. конс. 23 септември 2006. 
  21. Alabama Historical Association Marker Program: Washington County
  22. „AL-Alabama“. „Landscapes and History by state“. StateMaster.com. http://www.statemaster.com/graph-T/bac_sum. конс. 23 септември 2006. 
  23. 23,0 23,1 „The Black Belt“. „Southern Spaces Internet Journal“. Emory University. 19 април 2004. http://southernspaces.org/2004/black-belt. конс. 23 септември 2006. 
  24. „13th Amendment to the U.S. Constitution: Abolition of Slavery (1865)“. „Historical Documents“. HistoricalDocuments.com. 2005. http://www.historicaldocuments.com/13thAmendment.htm. конс. 23 септември 2006. 
  25. 25,0 25,1 Glenn Feldman. The Disfranchisement Myth: Poor Whites and Suffrage Restriction in Alabama. Athens: University of Georgia Press, 2004, p. 136.
  26. „Birmingham“. Bhamwiki. http://www.bhamwiki.com/w/Birmingham. конс. 24 октомври 2010. 
  27. 27,0 27,1 „Civil Rights Act of 1964“. Finduslaw.com. http://finduslaw.com/civil_rights_act_of_1964_cra_title_vii_equal_employment_opportunities_42_us_code_chapter_21. конс. 24 октомври 2010. 
  28. „The New South Rises, Again“. „Civil Rights: Law and History“. Southerner.net. Spring 1999. http://www.southerner.net/v1n1_99/coverstory1.html. конс. 23 септември 2006. 
  29. „GCT-PH1-R. Population, Housing Units, Area, and Density (areas ranked by population): 2000“. „Geographic Comparison Table“. U.S.Census Bureau. Census Year 2000. http://factfinder.census.gov/servlet/GCTTable?_bm=n&_lang=en&mt_name=DEC_2000_SF1_U_GCTPH1R_US9S&format=US-9S&_box_head_nbr=GCT-PH1-R&ds_name=DEC_2000_SF1_U&geo_id=01000US. конс. 23 септември 2006. 
  30. 30,0 30,1 30,2 „The Geography of Alabama“. „Geography of the States“. NetState.com. 11 август 2006. http://www.netstate.com/states/geography/al_geography.htm. конс. 23 септември 2006. 
  31. Alabama Forest Owner's Guide to Information Resources, Introduction, Alabamaforests.org
  32. „Alabama County (geographies ranked by total population)“. „Geographic Comparison Table“. U.S. Census Bureau. Census year 2000. http://factfinder.census.gov/servlet/GCTTable?_bm=y&-context=gct&-ds_name=DEC_2000_SF1_U&-mt_name=DEC_2000_SF1_U_GCTPH1R_ST2S&-CONTEXT=gct&-tree_id=4001&-redoLog=true&-geo_id=04000US01&-format=ST-2. конс. 14 мај 2007. 
  33. „National Park Guide“. „Geographic Search“. Washington, D.C: National Park Service – U.S. Department of the Interior. http://home.nps.gov/applications/parksearch/state.cfm?st=al. конс. 23 септември 2006. 
  34. „National Forests in Alabama“. „Служба за шумарство на USDA“. Министерство за земјоделство на САД. http://www.fs.fed.us/r8/alabama/forests/. конс. 5 октомври 2008. 
  35. 35,0 35,1 "Wetumpka Impact Crater" Wetumpka Public Library. Retrieved August 21, 2007.
  36. Christopher M. Godfrey (4 ноември 2008). „Greenhouse effect and climate“. „Atmospheric Sciences“. University of North Carolina, Asheville. http://facstaff.unca.edu/cgodfrey/courses/atms179/ppt/greenhouse.pdf. 
  37. 37,0 37,1 „Alabama Climate“. Britannica.com. http://www.britannica.com/eb/article-78303/Alabama. конс. 24 октомври 2010. 
  38. Lightning Fatalities, Injuries and Damages in the United States, 1990–2003, [1] Retrieved May 8, 2007
  39. Fujita scale. Tornadoproject.com. Retrieved September 3, 2007.
  40. Alabama Weather and Climate. U.S.Travel Weather
  41. „Annual Estimates of the Resident Population for the United States, Regions, States, and Puerto Rico: April 1, 2000 to July 1, 2008“. United States Census Bureau. http://www.census.gov/popest/states/tables/NST-EST2008-01.csv. конс. 1 февруари 2009. 
  42. 42,0 42,1 42,2 U. S. Census Bureau (15 декември 2008). „Cumulative Estimates of the Components of Population Change for the United States, Regions and States: April 1, 2000 to July 1, 2008 (NST-EST2008-04)“ (CSV). http://www.census.gov/popest/states/tables/NST-EST2008-04.csv. конс. 16 јануари 2009. 
  43. „Population and Population Centers by State - 2000“. United States Census Bureau. http://www.census.gov/geo/www/cenpop/statecenters.txt. конс. 3 декември 2008. 
  44. American Community Survey: Alabama. Retrieved 24 July 2010.
  45. Data on selected ancestry groups.
  46. 1980 United States Census
  47. 47,0 47,1 American FactFinder, United States Census Bureau. „Alabama - Selected Social Characteristics in the United States: 2006-2008“. Factfinder.census.gov. http://factfinder.census.gov/servlet/ADPTable?_bm=y&-geo_id=04000US01&-qr_name=ACS_2008_3YR_G00_DP3YR2&-ds_name=&-_lang=en&-redoLog=false. конс. 24 октомври 2010. 
  48. Pulera, Dominic J.. „dq=Sharing+the+dream:+white+males+in+multicultural+America++english+ancestry&cd=1#v=onepage&q=&f=false Sharing the Dream: White Males in a Multicultural America. http://books.google.co.uk/books?id=SVoAXh-dNuYC&pg=PA57& dq=Sharing+the+dream:+white+males+in+multicultural+America++english+ancestry&cd=1#v=onepage&q=&f=false. 
  49. Reynolds Farley, 'The New Census Question about Ancestry: What Did It Tell Us?', Demography, Vol. 28, No. 3 (August 1991), pp. 414, 421.
  50. Stanley Lieberson and Lawrence Santi, 'The Use of Nativity Data to Estimate Ethnic Characteristics and Patterns', Social Science Research, Vol. 14, No. 1 (1985), pp. 44-6.
  51. Stanley Lieberson and Mary C. Waters, 'Ethnic Groups in Flux: The Changing Ethnic Responses of American Whites', Annals of the American Academy of Political and Social Science, Vol. 487, No. 79 (September 1986), pp. 82-86.
  52. „State Membership Reports“. „thearda.com“. http://www.thearda.com/mapsReports/reports/state/01_2000.asp. конс. 15 јуни 2010. 
  53. Campbell, Kirsten. „Alabama rates well in biblical literacy“, „Mobile Register“, Advance Publications, Inc, 25 март 2007, стр. A1 (конс. 2 јуни 2007).
  54. „Confidence in State and Local Institutions Survey“ (PDF). „Capital Survey Research Center“. архивирано од оригиналот на 9 август 2007. http://web.archive.org/web/20070809021852/http://www.myaea.org/PDFfile/Confidence+in+State+Institutions07.pdf. конс. 2 јуни 2007. 
  55. White, David. „Poll says we feel good about state Trust in government, unlike some institutions, hasn't fallen“, „Birmingham News“, Birmingham News, 1 април 2007, стр. 13A (конс. 2 јуни 2007).
  56. Barry A. Kosmin and Ariela Keysar (2009). „AMERICAN RELIGIOUS IDENTIFICATION SURVEY (ARIS) 2008“ (PDF). Hartford, Connecticut, USA: Trinity College. стр. 20. http://b27.cc.trincoll.edu/weblogs/AmericanReligionSurvey-ARIS/reports/ARIS_Report_2008.pdf. конс. 8 мај 2009. 
  57. „County Level Estimates of Obesity — State Maps“. Centers for Disease Control and Prevention. 2008. http://apps.nccd.cdc.gov/DDT_STRS2/CountyPrevalenceData.aspx?StateId=1&mode=OBS. 
  58. „Highest Rates of Leisure-Time Physical Inactivity in Appalachia and South“. Centers for Disease Control and Prevention. 2008. http://www.cdc.gov/media/releases/2011/p0216_physicalinactivity.html. 
  59. „County Level Estimates of Diagnosed Diabetes — State Maps“. Centers for Disease Control and Prevention. 2008. http://apps.nccd.cdc.gov/DDT_STRS2/CountyPrevalenceData.aspx?mode=DBT. 
  60. CDC national chart on diabetes
  61. „GDP by State (2008)“. „Bureau of Economic Analysis, Regional Economic Accounts“. 2 јуни 2009. http://www.bea.gov/newsreleases/regional/gdp_state/gsp_newsrelease.htm. конс. 9 октомври 2009.  full release with tables
  62. „United States Census Bureau“. „State and County Quick Facts“. http://quickfacts.census.gov/qfd/states/01000.html. конс. 30 мај 2007. 
  63. Bls.gov; Local Area Unemployment Statistics
  64. „Alabama and CBER: 75 Years of Change“ (PDF). „Alabama Business“. Center for Business and Economic Research, Culverhouse College of Commerce, The University of Alabama. Q4 2005. http://cber.cba.ua.edu/pdf/ab2005q4.pdf. конс. 23 септември 2006. 
  65. „State Highlights for 2004–2005“ (PDF). „Alabama Cooperative Extension System“. USDA, NASS, Alabama Statistical Office. 2005. http://www.aces.edu/dept/nass/bulletin/2005/pg05.pdf. конс. 23 септември 2006. 
  66. „Vehicle Technologies Program: Fact #539: October 6, 2008 Light Vehicle Production by State“. .eere.energy.gov. 6 октомври 2008. http://www1.eere.energy.gov/vehiclesandfuels/facts/2008_fotw539.html. конс. 24 октомври 2010. 
  67. „Verified Trauma Centers“. „American College of Surgeons, Verified Trauma Centers“. 30 декември 2010. http://www.facs.org/trauma/verified.html. конс. 9 јануари 2011. 
  68. „WATERBORNE COMMERCE OF THE UNITED STATES“. „U.S. Army Corps of Engineers: Waterborne Commerce Statistics“. стр. 90. http://www.iwr.usace.army.mil/ndc/wcsc/pdf/wcusnatl08.pdf. конс. 8 март 2010. 
  69. ThyssenKrupp's Alabama incentive package tops $811 million“, Press register, 11 мај 2007 (конс. 11 мај 2007).
  70. Fahrenthold, David A.. „Obama to survey environmental damage in gulf“, Washington Pose, 2 мај 2010, стр. A6.
  71. Comparison of State and Local Retail Sales Taxes, July 2004 Retrieved on May 25, 2007.
  72. 72,0 72,1 „Reducing Alabama's Income Tax on Working-Poor Families: Two Options - 4/14/99“. Cbpp.org. http://www.cbpp.org/cms/index.cfm?fa=view&id=1812. конс. 24 октомври 2010. 
  73. „Alabama State Local Tax Burden Compared to U.S. Average (1970–2007)“ (PDF). „Tax Foundation“. http://www.taxfoundation.org/files/sl_burden_alabama-2007-04-04.pdf. конс. 30 мај 2007. 
  74. Roig-Franzia, Manuel. „Alabama Vote Opens Old Racial Wounds“, Washington Post, 28 ноември 2004 (конс. 22 септември 2006).
  75. „Constitution of Alabama - 1901“. „The Alabama Legislative Information System“. http://www.legislature.state.al.us/CodeOfAlabama/Constitution/1901/Constitution1901_toc.htm. конс. 22 септември 2006. 
  76. „Alabama Citizens for Constitutional Reform“. Constitutionalreform.org. http://www.constitutionalreform.org/. конс. 24 октомври 2010. 
  77. „Sue Bell Cobb considering running for governor - Breaking News from The Birmingham News - al.com“. Blog.al.com. 2 мај 2009. http://blog.al.com/spotnews/2009/05/sue_bell_cobb_considering_runn.html. конс. 7 август 2009. 
  78. „Commissioners“. Psc.state.al.us. http://www.psc.state.al.us/commissioners.htm. конс. 7 август 2009. 
  79. Special (5 ноември 2008). „Lucy Baxley wins Alabama Public Service Commission presidency, but recount possible“. Birmingham News via al.com. http://blog.al.com/spotnews/2008/11/lucy_baxley_wins_alabama_publi.html. конс. 7 август 2009. 
  80. Public Service Commission: Twinkle Cavanaugh, Terry Dunn join GOP sweep | al.com
  81. „2006 Gubernatorial Democratic Primary Election Results - Alabama“. Uselectionatlas.org. http://uselectionatlas.org/RESULTS/state.php?fips=1&year=2006&f=0&off=5&elect=1. конс. 7 август 2009. 
  82. „2006 Gubernatorial Republican Primary Election Results - Alabama“. Uselectionatlas.org. 15 февруари 2007. http://uselectionatlas.org/RESULTS/state.php?fips=1&year=2006&f=0&off=5&elect=2. конс. 7 август 2009. 
  83. „Association“. Alabama Sheriffs. http://www.alabamasheriffs.com/?PageID=131&IsNav=true. конс. 7 август 2009. 
  84. „2007-2011 Alabama Sheriffs“. Alabamasheriffs.com. http://www.alabamasheriffs.com/Image.aspx?ImageID=11481&Title=2007-2011+Alabama+Sheriffs. конс. 7 август 2009. 
  85. Lee, McDowell (2009). „Alabama's Legislative Process“. State of Alabama. http://www.legislature.state.al.us/misc/legislativeprocess/legislativeprocess_ml.html. 
  86. „1968 Presidential General Election Results - Alabama“. Uselectionatlas.org. 5 ноември 1968. http://uselectionatlas.org/RESULTS/state.php?fips=1&year=1968&f=0&off=0&elect=0. конс. 7 август 2009. 
  87. 87,0 87,1 „Alabama Education Quick Facts 2007“ (PDF). http://www.alsde.edu/general/quick_facts.pdf. конс. 11 август 2007. 
  88. http://www.census.gov/prod/2003pubs/c2kbr-24.pdf
  89. Education Statistics. CensusScope.org
  90. „Degree titles and abbreviations“. „Alabama Commission on Higher Education“. http://www.ache.state.al.us/Acadaffr/ProInv/Degreeabbr.htm. конс. 3 септември 2007. [мртва врска]

Понатамошно читање[уреди]

  • Еткинс, Ли Ролс, Вејн Флинт, Вилјам Ворен Роџерси Дејвид Вард. Alabama: The History of a Deep South State (1994)
  • Флинт, Вејн. Alabama in the Twentieth Century (2004)
  • Овен Томас М. History of Alabama and Dictionary of Alabama Biography 4 тома. 1921.
  • Џексон, Харви Х. Inside Alabama: A Personal History of My State (2004)
  • Мол, Рејмонд А. "Latinization in the Heart of Dixie: Hispanics in Late-twentieth-century Alabama" Alabama Review 2002 55(4): 243–274. ISSN 0002-4341
  • Пирс, Нил Р. The Deep South States of America: People, Politics, and Power in the Seven Deep South States (1974). Информации за политиката и економијата, 1960–72.
  • Вилјамс, Бенџамин Бафорд. A Literary History of Alabama: The Nineteenth Century 1979.
  • ВПА. Guide to Alabama (1939)

Надворешни врски[уреди]

Административна поделба на САД
Сојузни држави Ајдахо | Ајова | Алабама | Аљаска | Аризона | Арканзас | Вајоминг | Вашингтон | Вермонт | Вирџинија | Висконсин | Делавер | Западна Вирџинија | Илиноис | Индијана | Јужна Дакота | Јужна Каролина | Јута | Калифорнија | Канзас | Кентаки | Колорадо | Конектикат | Луизијана | Масачусетс | Мејн | Мериленд | Минесота | Мисисипи | Мисури | Мичиген | Монтана | Небраска | Невада | Њујорк | Њу Мексико | Њу Хемпшир | Њу Џерси | Оклахома | Охајо | Орегон | Пенсилванија | Род Ајленд | Северна Дакота | Северна Каролина | Тексас | Тенеси | Хаваи | Флорида | Џорџија
Федерален округ Колумбија
Островски територии Американска Самоа | Американски Девствени Острови | Гуам | Порторико | Северни Маријански Острови
Оддалечени острови Џонстонов Атол | Бејкеров Остров | Вејк | Кингмен | Мидвејски Острови | Наваса | Палмирски Атол | Џарвисов Остров
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Алабама“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).