Метеорит

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Метеоритот пронајден во долината Виламет во Орегон, САД

Метеорит е парче од метеороид што од вселената поминал низ атмосферата и паднал на површината на Земјата или на некое друго небесно тело. Во случај на посилен удар се појавува кратер.

Метеороидите потекнуваат уште од периодот на настанувањето на Сончевиот систем, при што голем број од нив паднале на земјината површина. Општо земено, метеорит на површината на некое небесно тело претставува физички објект што дошол од друго место во вселената. Метеорити се пронајдени на Месечината[1][2] и на Марс[3]. До февруари 2010 година, имало околу 1086 паднати метеорити што биле забележани од сведоци, а од кои постојат и примероци. Од друга страна, постојат повеќе од 38.660 добро документирани метеоритски наоди.[4]

Метеоритите се делат на три основни групи: железни (сидерити), камени (аеролити) и железно-камени (сидеролити). Околу 60% од метеоритите се со камен состав, а остатокот се железни метеорити.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. McSween Jr., Harry Y. (Jul 1976). „A new type of chondritic meteorite found in lunar soil“. „Earth and Planetary Science Letters“ 31 (2): 193–199. doi:10.1016/0012-821X(76)90211-9. Bibcode1976E&PSL..31..193M. 
  2. Rubin, Alan E. (Jan 1997). „The Hadley Rille enstatite chondrite and its agglutinate-like rim: Impact melting during accretion to the Moon“. „Meteoritics & Planetary Science“ 32 (1): 135–141. doi:10.1111/j.1945-5100.1997.tb01248.x. Bibcode1997M&PS...32..135R. 
  3. Opportunity Rover Finds an Iron Meteorite on Mars“, JPL, 19 јануари 2005.
  4. Meteoritical Bulletin Database