Кикирики

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Кикирики
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Fabales
Фамилија: Fabaceae
Племе: Aeschynomeneae
Род: Arachis
Вид: A. hypogaea
Биномен назив
Arachis hypogaea
L.


Кикирики (лат. Arachis hypogaea) е зеленчук кој припаѓа на фамилијата мешункасти растенија (Fabaceae), а потекнува од Јужна Америка, Мексико и Средна Америка.

Содржина

[уреди] Опис

Стеблото на кикирики расте околу 30 до 50 сантиментри. Има жолти цветови, а плодовите растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има зрна прекриени со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребуваат зрната од кикирики.

Кикириките се богати со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки кои се богати со витамин Д.

Се препорачува кикириките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека доколку умерено се конзумираат кикириките, доведуваат до помал ризик од срцев удар или мозочен удар, го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврстуваат клетките околу срцето.[1]

[уреди] Историјат

Старите Инки одгледувале кикирики пред 3.500 години. Дури изработувале и садови во облик на кикирики и ги украсувале со кикирики. Шпанските освојувачи во 15. век кикириките ги пренеле во Европа и пошироко низ светот, а интересно е што ова растение стигнало во Северна Америка дури во 18. век, и тоа од Африка.

[уреди] Одгледување

Во почетокот на летото грмушките на кикирики ги прекривааат полињата. Откако цветовите ќе бидат опрашени, стеблата се спуштаат кон почвата, а жолтите цветови влегуваат под земја на длабочина од шест сантиметри. Плодовите се развиваат под земја во мешунки долги околу 4-5 сантиметри, во кои има од 1 до 4 зрна. Лушпата е рапава, а внатре има бледо жолтеникаво или жолто семе. Ископувањето на кикирикито се врши кон крајот на месец септември.

[уреди] Употреба

Во индустријата, кикириките се користат на повеќе од 300 начини и тоа за производство на брашно, сапун, детергент, пластика, до различни креми, шампони и лекови. За разлика од многу други плодови кои во јадењата може и да не ги препознаете, тоа не е случај и со кикириките, бидејќи тие имаат навистина препознатлив вкус. Кикириките можат да се јадат пржени, печени, солени или несолени. Од нив се произведува добро познатиот путер од кикирики, се произведува и масло од кикирики, а исто така тие се дел од многу десерти и солени јадења.

[уреди] Наводи

  1. Кикирики за здраво срце
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици