Аланин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Аланин
Alanin - Alanine.svg
L-alanine-3D-balls.png
Идентификатори
CAS бр. [56-41-7]
PubChem 5950
SMILES
Својства
Хемиска формула C3H7NO2
Моларна маса 89.09 g mol−1
Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa)
Infobox references

Аланинот (со ознаки Ala или A) e α-амино киселина со хемиска формула HO2CCH(NH2)CH3. Неговиот L-изомер е еден од дваесетте протеиногенски амино киселини, односно амино киселини кои влегуваат во состав на протеините. Кодоните на аланинот се GCU, GCC, GCA и GCG. Во биохемиски поглед, аланинот е неполарна амино киселина. По застапеноста во протеините, аланинот е на второто место (по леуцинот) со 7,8% при споредување на 1150 протеини.

[уреди] Структура

α-јаглеродниот атом на аланинот е поврзан со метил група (-CH3), правејќи го една од наједноставните амино киселини во однос на молекуларната структура. Ваквата структура е и причина што аланинот се класифицира како алифатична амино киселина. Метил групата на аланинот е нереактивна, така што речиси никогаш не е директно вмешана во функцијата на протеините.

[уреди] Физиолошка улога

Аланинот игра клучна улога во глукозо-аланинскиот циклус кој се одвива помеѓу ткивата и црниот дроб. Во мускулите и другите ткива кои ги согоруваат амино киселините со цел да добијат енергија, амино групите се собираат во форма на глутамат по пат на трансаминација. Глутаматот потоа ја пренесува својата амино група преку дејството на аланин аминотрансферазата до пируватот, кој е продукт на мускулната гликолиза, притоа формирајќи аланин и алфа-кетоглутарат. Формираниот аланин се пренесува во крвта и се транспортира до црниот дроб. Обратен тек на аланин аминотрансферазната реакција се случува во црниот дроб.

Глукзозо-аланинскиот циклус овозможува отстранување на пируватот и глутаматот од мускулите и нивно доставување до црниот дроб. Глукозата е способна да се регенерира од пируватот и на овој начин се враќа во мускулите.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици