Црн дроб
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Црн дроб | |
|---|---|
| Црн дроб од овца. | |
| Латински | jecur, iecer |
| Греј | subject #250 1188 |
| Вена | hepatic vein, hepatic portal vein |
| Нерв | celiac ganglia, vagus |
| Прекурзор | foregut |
| MeSH | Liver |
Црниот дроб (латински: hepar), познат и под говорниот израз џигер, е најголемата жлезда кај цицачите. Тежи околу 2 kg. Сместен е на десната страна од стомачната празнина, под дијафрагмата. Се состои од лев и десен резен. Во десниот резен е лоцирано жолчното ќесе.
Црниот дроб е и жлезда со најголем број функции, над 500. Некои од поважните се:
- Метаболична: регулација на нивото на шеќер во крвта, конверзија на амонијакот во уреа, конверзија на провитаминот A во витамин A итн.
- Одбранбена: Формирање на одбранбени протеини, синтеза на коагулативните фактори, фагоцитоза на стари клетки итн.
- Детоксикативна: неутрализација или елиминација на течни или отровни материи, најголем дел од никотинот се детоксицира во црниот дроб.
- Депонирање на: гликоген (околу 20%), витамините A, PP, B-12, K, фолна киселина, крв, бакар и железо
ја создава жолчката за варење на мастите, помага во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта, создава крвни белковини, го помага згрутчувањето на крвта, го контролира создавањето и размножувањето на крвните зрнца, ги складира витамините, ги отстранува отровите, ја складира енергијата, создава топлина и уништува микроорганизми системот за варење.
| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |