Аргинин
| L-аргинин | |
|---|---|
| Назнаки | |
| CAS бр. | [] |
| PubChem | |
| SMILES |
|
| ChemSpider бр. | |
| Својства | |
| Хемиска формула | C6H14N4O2 |
| Моларна маса | 174.2 g mol−1 |
| Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa) | |
| Infobox references | |
Аргининот (со ознаки Arg или R) е една од дваесетте најчести природни аминокиселини. Нејзините кодони се CGU, CGC, CGA, CGG, AGA и AGG. Кај цицачите, аргининот се класифицира како полуесенцијална или условно есенцијална аминокиселина, во зависност од развојниот стадиум и здравствената состојба на единката. Младите единки не се во можност да ги подмират потребите за оваа аминокиселина, па затоа аргининот е есенцијален во исхраната на децата. Аргининот бил изолиран најпрво од екстракт од семе на лупинво 1886 од страна на швајцарскиот хемичар Ернст Шулце.
Структура [уреди]
Аргининот се состои од 4 јаглероден алифатичен прав ланец, чиј краен дел е поврзан за комплексна гванидинска група. Таа е позитивно наелектризирана во неутрална, кисела, па дури и најалкална средина, што ги отсликува основните биохемиски својства на аргининот. Поради конјугацијата помеѓу двојната врска и осамените електронски парови на азотот, позитивниот полнеж е делокализиран, што овозможува формирање на повеќе водородни врски.
Физиолошка улога [уреди]
Аргининот игра важна улога при клеточната делба, зараснувањето на раните, екскрецијата на амонијакот од телото, имуната функција и ослободувањето на хормоните. Во комбинација со проантоцијанидини или јохимбин, аргининот помага при ерективна дисфункција.
Придобивките од оралната ингестија на L-аргининот се:
- Тој е прекурсор за синтеза на нитричен оксид
- Стимулација за ослободување на најважниот антистареечки хормон - хормонот за раст
- Подобрување на имуната функција
- Убрзување на залечувањето на повредите (особено коски)
- Го редуцира ризикот од срцево заболување
- Ја зголемува мускулната маса
- Го намалува поткожното масно ткиво
- Помага при подобрување на сензитивноста на инсулин
- Го намалува крвниот притисок
- Го зголемува производството и подвижноста на сперматозоидите кај мажите
- Ја зголемува циркулацијата низ телото, вклучувајќи ги и половите органи.
