Аспарагин
Од Википедија, слободната енциклопедија
| L-аспарагин | |
|---|---|
| Назнаки | |
| CAS бр. | [] |
| PubChem | |
| SMILES |
|
| Својства | |
| Хемиска формула | C4H8N2O3 |
| Моларна маса | 132.12 g mol−1 |
| Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa) | |
| Infobox references | |
Аспарагинот (со ознаки Asn или N) е една од 20 најчести природни аминокиселини. Таа поседува карбоксамид како функционална група од својот страничен ланец. Аспарагинот не е есенцијална аминокиселина. Нејзините кодони се AAU и AAC.
Со хемиска реакција помеѓу аспарагинот и некој редуктивен шеќер или карбонилна група се добива акриламид (акрилски амид) во храната кога таа се загрева на доволно висока температура.
Структурна улога во белковините[уреди]
Бидејќи аспарагинскиот страничен ланец може да формира водородна врска со пептидниот молекуларен скелет, остатоците од аспарагин најчесто се среќаваат близу почетокот или крајот на алфа хеликсите.
Аспарагинот во белковините е главно место за реакција со N-поврзаната гликозилација.
