Аспарагинска киселина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Аспарагинска киселина
Asparaginsäure - Aspartic acid.svg
L-aspartic-acid-3D-sticks2.png
Идентификатори
CAS бр. [56-84-8]
PubChem 5960
SMILES
ChemSpider бр. 411
Својства
Хемиска формула C4H7NO4
Моларна маса 133.1 g mol−1
Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa)
Infobox references

Аспарагинската киселина е α-амино киселина со хемиска формула HO2CCH(NH2)CH2CO2H. Карбоксилатниот анјон (конјугирана база) на аспарагинската киселина е познат како аспартат. L-изомерот на аспартатот е еден од 20 протеиногени амино киселини, односно градбени делови на протеините. Кодоните на оваа амино киселина се GAU и GAC.

Аспарагинската, заедно со глутаминската киселина, се класифицираат како кисели амино киселини со pKa од 4,0.

[уреди] Улога во биосинтезата на другите амино киселини

Малат-аспартатен пат.

Аспарагинската киселина е неесенцијална кај цицачите и се произведува од оксалацетат по пат на трансаминација. Кај растенијата и микроорганизмите, аспарагинската киселина е прекурсор за синтеза на неколку амино киселини, вклучувајќи четири есенцијални: метионин, треонин, изолеуцин и лизин. Претворањето на аспарагинската киселина во овие амино киселини започнува со нејзина редукција до соодветниот семиалдехиден облик, односно HO2CCH(NH2)CH2CHO. Аспарагинот се добива од аспарагинската киселина преку трансаминација:

HO2CCH(NH2)CH2CO2H + GC(O)NH2 HO2CCH(NH2)CH2CONH2 + GC(O)OH

(каде GC(O)NH2 и GC(O)OH се глутамин и глутаминска киселина, соодветно)

[уреди] Други биохемиски улоги

Аспартатот е исто така метаболит во циклусот на уреата и учествува во глуконеогенезата. Тој пренесува редуцирачки еквиваленти во малатно-аспартатниот пренесувач, кој ја поттикнува меѓупретворбата на аспартатот и оксалацетатот (кој е оксидираниот, т.е. дехидрогениран дериват на јаболковата киселина, т.е. малат). Аспарагинската киселина дава еден азотен атом при биосинтезата на инозитолот, прекурсорот на пуринските бази.

[уреди] Невротрансмитер

Аспартатот ги стимулира NMDA рецепторите (рецептори за N-метил-D-аспарагинска киселина, што е хемиското име на глутаминската киселина). Тој е ексцитаторен невротрансмитер во мозокот и претставува ексцитотоксин.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици