Киселинска дисоцијациона константа
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Во хемијата и биохемијата, киселинска дисоцијациона константа (Ka) е специфичен вид на рамнотежна константа што укажува на степенот на дисоцијација на водородните јони во киселина. Рамнотежата е онаа на протонскиот трансфер од киселина, HA, до вода:
- HA(aq) + H2O(l) → H3O+(aq) + A–(aq)
Рамнотежата често се пишува како "H+(aq)", што ја рефлектира Бренштед-Лориевата теорија за киселините:
- HA(aq) → H+(aq) + A–(aq)
Бидејќи оваа константа се разликува за секоја киселина и е многу варијабилна, киселинската константа е често презентирана од адитивната инверзија на нејзиниот логаритам:
- pKa = −log10 Ka
Со употреба на киселинската дисоцијациона константа може да се одредат концентрацијата на киселината, нејзината конјугирана база, протоните и хидроксидите. Ако некоја киселина е делумно неутрализирана, Ka исто така моѓе да се користи за пронаоѓање на pH вредноста на добиениот пуфер.

![K_a = \frac{[\mbox{H}_3\mbox{O}^+][\mbox{A}^- ]} {[\mbox{HA}]}](http://upload.wikimedia.org/math/4/d/8/4d89813dee5901e2f4a863fdbdb99053.png)