Циклус на уреа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пет реакции кои го сочинуваат циклусот на уреа. Првите две се одвиваат во митохондриите, додека останатите три се одвиваат во цитосолот.

Циклусот на уреа (познат и како орнитински циклус) е циклус на биохемиски реакции кои се случуваат кај голем број на животни, вклучувајќи го и човекот, при што се добива уреа ((NH2)2CO) од амонијак (NH3). Овој циклус е откриен од страна на Ханс Адолф Кребс и Курт Хенселајт во 1932 година, пет години пред откривањето на циклусот на лимонска киселина. Кај цицачите, циклусот на уреа се случува главно во црниот дроб, и помалку во бубрезите.

Реакции[уреди]

Реакции во циклусот на уреа
Чекор Реактанти Продукти Катализирано од Локација
1 NH4+ + HCO3 + 2ATP карбамоил фосфат + 2ADP + Pi CPS1 митохондрии
2 карбамоил фосфат + орнитин цитрулин + Pi OTC митохондрии
3 цитрулин + аспартат + ATP аргининосукцинат + AMP + PPi ASS цитосол
4 аргининосукцинат Arg + фумарат ASL цитосол
5 Arg + H2O орнитин + уреа ARG1 цитосол