Пептид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Пептид

Пептид е азотно органско соединение кое се состои од аминокиселински мономерни единици. Пептидите настануваат кога две или повеќе аминокиселини се поврзуваат по пат на полимеризација. Врските кои се создаваат помеѓу одделните аминокиселини во пептидот се нарекуваат пептидни или амидни врски. Тие се создаваат меѓу амино групата од едната и карбоксилната група од другата амино киселина. Пептидите со над 100 мономери се наречени протеини. Не постои остра граница помеѓу пептидите и протеините според бројот на нивните аминокиселински единици. Некои долги пептиди како бета амилоид може да се сметаат за протеини, додека пак кратки протеини како инсулинот може да се сметаат за пептиди.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици