Моларна маса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Моларна маса претставува масата која ја поседува еден мол од дадена супстанца. Моларната маса на дадена супстанца е бројно еднаква со релативната молекулска маса на супстанцата односно со релативната атомска маса на елементот.

Така, еден мол водород поседува маса од 1,008 g, еден мол кислород поседува маса од 15,9994 g, додека пак, еден мол азотот поседува маса од 14,0067 g итн.

Имајќи предвид дека бројот на молкули во еден мол супстанца изнесува 6,022\cdot10^{23}, може да се пресмета масата на молекулата. На пример, апсолутната маса на молекулата од кислород е:

{Ao \over 6,02\cdot10^{23} mol^{-1}}={32 g/mol\over 6,02\cdot10^{23} mol^{-1}}=5,32\cdot10^{-23}g

На ист начин како што се определува апсолутната тежина на кислородот, може да се определи и апсолутната тежина на атомот од кислород:

{Ao \over 6,02\cdot10^{23} mol^{-1}}={16 g/mol\over 6,02\cdot10^{23} mol^{-1}}=2,66\cdot10^{-23}g