Путер од кикиритки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Путер од кикиритки (анг. Peanut butter) е прехранбен производ што се добива од печени и ситно мелени кикиритки во вид на паста, кон што е додадено растително масло.

Путер од кикиритки

Ова е многу популарен производ во земјите од англиското говорно подрачје и нивните поранешни колонии: Канада, САД, Австралија, Велика Британија, Јужна Африка, Нова Гвинеја, Нов Зеланд, Филипини и Холандија.

Путерот од кикиритки има големо количество белковини и погоден за исхрана на стари луѓе, кои поради проблемите со забите не се во можност да џвакаат месо и на тој начин да внесуваат протеини и белковини.

Распространетост[уреди]

Сендвич со путер од кикиритки и џем

Скоро половина од вкупното производство на кикиритки во 2001 г. во САД било искористено за производство на путер од кикиритки.[1]

Путерот од кикириткиобично се користи за подготовка на сендвичи (се мачка леб со овој путер и потоа се додава џем), како и за голем број слаткарски производи, крекери други производи, каде е неопходно засилување на вкусот на кикиритки.

24 јануари во САД се прославува како Национален ден на путер од кикиритки.[2]

Придобивки[уреди]

Путерот од кикиритки содржи мононезаситени масти и резвератрол. Исто така, обезбедува протеини, витамини како Б3 и Е, магнезиум, фолна киселина, диетални влакна, аргинин. Мононезаситените масти го намалуваат нивото на лошиот холестерол, притоа зголемувајќи го нивото на добриот холестерол. Според истражувања спроведени во Америка, умереното конзумирање на путер од кикиритки двојно го намалува ризикот од срцеви болести.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]