Мезоамерика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за културен регион. За географскиот регион видете Средна Америка.
Мезоамерика и нејзините културни области.

Мезоамерика (шпански: Mesoamérica) е културен регион во Америка, кој опфаќа територии од централно Мексико, Белизе, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва и северна Костарика. Во овој регион се развиле поголем број претколумбовски цивилизации, кои опстојувале сè до шпанската инвазија во Средна Америка во 15 и 16 век.[1][2]

Како културна област, Мезоамерика е дефинирана како мозаик на култури кои ги развиле староседелските народи. Најрано во 7000 г.п.н.е. со припитомувањето на пченката, гравот, чилито, кучето, мисирката и други, палеоиндијанските племиња се организирале во организирани групи составени од функционални села. Со подоцнежниот развој на културите, се развиле и комплексни митолошки и религиски обичаи, бројни системи, календари, игри и архитектура. Тоа довело до развој на голем број урбани и церемонијални центри, каде елитата се истакнала од обичниот народ.

Една од најстарите сложени цивилизации биле Олмеците, кои потекнуваат од крајбрежјето на Мексиканскиот Залив и се прошириле во внатрешноста кон југ. Раниот контакт на Олмеците со останатите рани староседелци, како што се Чијапасите, Гватемалите и Оашаките, довело до основање на мезоамериканската културна област. Овој период е карактеристичен по проширувањето на религиски и симболични традиции, како и уметнички и архитектонски елементи. Така, за време на преткласичниот пероиод се развиле мајанските градови-држави, како што се Ел Мирадор, Калакмул и Тикал, но и запотечките на Монте Албан. За време на овој период се развило и првите вистински мезоамерикански писма, првично од Епи-Олмеците и Запотеците. Најистакнато писмо овој регион е мајанското писмо. Мезоамерика е еден од петте региони во светот каде писмото било развиено самостојно. Во централно Мексико се основал градот Теотихуакан, кој бил основа за една силна трговска и воена империја. Со падот на Теотихуакан во 600 година, во регионот почнале се доселуваат Ацтеки од северот и ја основале Ацетчката Империја. Покрај овие цивилизации, во Мезоамерика се развиле и Толтеците и Миштеците.

Наводи[уреди]

  1. "Meso-America." Oxford English Reference Dictionary, 2nd ed. (rev.) 2002. (ISBN 0-19-860652-4) Oxford, UK: Oxford University Press; p. 906.
  2. (2000): Atlas del México Prehispánico. Revista Arqueología mexicana. Número especial 5. Julio de 2000. Raíces/ Instituto Nacional de Antropología e Historia. México.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]