Грав
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Грав е едногодишно растение од фамилијата Fabaceae, со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (лат. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).
Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.
Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Кај нас е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:
- белковини (26%);
- масти (2%);
- јаглени хидрати (52%);
- минерални материи (2,5%);
- витамини (B1, B2, С, Е, К, PP) и
- аминокиселини.
[уреди] Извор
„Македонска Енциклопедија“. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 386. ISBN 978-608-203-023-4.
| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
