Торнадо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Торнадо од F1 категорија во централна Оклахома. Самото торнадо е тенката туба која се спушта од облакот допирајќи го тлото. Долниот дел од ова торнадо е опкружен со проѕирен облак составен од прашина кој го создаваат силните ветрови на површината.
Облик на торнадо

Торнадо е наjсилна бура, карактеристична по свртувањата на облакот во облик на цилиндер. Зборот "торнадо" има потекло од шпанскиот и португалскиот глагол торнар, што значи "да се врти". Торнадата се формираат во бури ширум светот, најчесто крај обалата на средниот запад("Алеа на торнадата"), како и на на југот. Според бројот на инцидентите, САД ги погодуваат ваквите бури почесто од било која друга земја. Торнадото настанува од различни физички процеси во атмосферата, а за настанување на торнада се потребни неколку услови: нестабилност на атмосферата, махнизам на подигање и влага во средниот и долниот дел на атмосверата. Во близина на земјата нестабилната воздушна маса е топла и влажна и релативно е поладна во горните делови на атмосферата. Топлите и влажните делови на воздухот се подигаат и се составуваат со ладните и сувите. Зголемувањето на влагата започнува со појако кондензирање во капки вода и тогаш енергијата (топлината) се отпушта во околниот воздух, што е доволно струењето кое се движи нагоре да продолжи да се искачува. Се ова се случува Градесто-дождов облак, најнестабилен и најопасен од сите 10 вида на облаци. Струењето на топлиот воздух во облакот се судира со останатите маси на ладен воздух и тогаш облакот почнува да покажува видлива ротација која поради силата на тежата се спушта до дното.

Торнадото однесува сè пред себе, а зависно од бурите кои настануваат може да имаат незамислива јачина и да траат и до саат време. За тоа време може да уништи цел град.

Силата на торнадото се означува по две скали, и тоа по Фујитата скала и/или ТОРО скалата.