Колорадо (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Колорадо
Colorado River
View of a rocky canyon with a blue river curving around a large bluff
Поглед кон реката
Земји САД, Мексико
Подрачје Колорадо, Јута, Аризона, Невада, Калифонија, Долна Калифорнија, Сонора
Извор преминот Ла Пудре
 - место Каменести Планини, Колорадо, САД
 - височина 3.104 м
 - координати 40°28′20″ СГШ 105°49′34″ ЗГД /   [1]
Утока Калифорниски Залив
 - местоположба Делта на реката Колорадо, Долна КалифорнијаСонора, Мексико
 - височина м
 - координати 31°54′00″ СГШ 114°57′03″ ЗГД / 
Должина 2.334 км
Слив 637.137 км²
Истек
 - просечен 637 м3 [2]
 - максимален 10.900 м3 [3]
 - минимален 12 м3 [4]
Map of the Colorado River basin
Map of the Colorado River basin
На Ризницата: Колорадо
Colorado River

Колорадо — река чија вода истекува од сувата југоисточна област на САД, го врежува најпознатиот кањон на светот. Поради стрмното издигање на висорамнината Колорадо, реката врежала кањони длабоки над 1600 м, чиј највозбудлив дел е Големиот Кањон во северна Аризона, долг 350 км.

Реката Колорадо се создава од стопениот снег во Карпестите Планини на северот на државата Колорадо, на западните падини на Континенталната Вододелница. Таа тече југозападно од Јута, низ висорамнината Колорадо, каде што областа Кањонленд во неа се влева реката Грин, напојуваќи ја со водите од Вајоминг, најсеверната точка на нејзиниот слив. Низводно во северна Аризона, главниот дел од разгранетиот кањонски систем, Големиот Кањон, достигнува ширина од 29 км и ги пробива слоевите седиментни карпи, чија геолошка саторст е 2 милијарди години. Под кањонот, на излезот на висорамнината, речниот тек продолжува на југ, создавајќи природна граница меѓу државите Калифорнија и Аризона. По должината на својот долен тек Колорадо е бавна, кривулеста река, исполнета со ситен талог и наклонета на пливање. Последните 12 км тече низ Мексико, каде што стеснува во речна делта. Колорадо е река со ајмногу зданија ви светот. Големи градежни работи почнале во северниот дел од сливот уште во дваесеттите години од 20 век со изградба на големи тунели под Континенталната Вододелница, со цел одредено количество вода да се насочи источно, кон Големата Низина. Подоцна вниманието било насочено кон долниот тек. Браната Хувер, висока 221 м, го создала езерото Мид во 1935 год. и овозможила водата да се користи за производство на електрична енергија и за наводнување. Течејќи низводно, големо количество вода е пренасочено во градовите: Лас Вегас, Феникс, Таксон, Сан Диего и Лос Анџелес. Браната Империјал го пренасочува најголемиот дел од водата, што тече по должината на каналот Ол-Американ, во насока а калифорниската долина Империјал. Иако протокот кај утоката на Колорадо денес е многу намален, тој со својата сила во минатото многу го променил брегот. Калифорнискиот Залив некогаш се простирал многу по на север, се дедека Колорадо во предисторискиот период не го сменил својот тек. Седиментот наталожен на бреговите на реката го заградил заливот, создавајќи го денешниот изглед на брегот и големиот залив Салтон, дел од некогашното морско корито, кое со околу 480 км влегло во копното. Во 1905 год. пробиениот канал за наводнување овозможил водите на Колорадо да го поплават заливот, создавајчи го 112 км долгото езеро Салтон.[5]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]