Мичиген (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За сојузната американска држава видете Мичиген.
Песочна дина на брегот на езерото Мичиген.

Мичиген е едно од петте Големи Езера на Северна Америка, и е единственото од групата кое целосно им припаѓа на САД. Одејќи од југ надесно, тоа се граничи со сојузните држави Индијана, Илиноис, Висконсин и Мичиген. Зборот "Мичиген" првобитно се користел за да се означи самото езеро и се верува дека доаѓа од поимот mishigami на индијанскиот јазик оџибве, што значи „голема вода"“

Географија[уреди]

Мичиген и останатите Големи езера.

Езерото Мичиген (43°30'N, 87°30'W) има површина од 57,750 km2, правејќи го најголемото слатководно езеро во САД, најголемото езеро кое целосно и припаѓа на една земја и петтото најголемо езеро во светот. Долго е 494 km, широко 190 km со брегова линија од 2,633 km должина. Просечната длабочина на езерото е 85 m, додека неговата најголема длабочина е 282 m. Тоа се состои од 4,918 km3 вода. Се наоѓа на надморска висина од 176 m, исто како и езерото Хјурон, со кое е поврзано со протокот Мекинак.

Поголеми градови[уреди]

Околу 12 милиони луѓе живеат покрај бреговите на езерото Мичиген. Многу мали градови во Северен Мичиген се центрирани околу туристичка база која има корист од убавината и рекреациските можности кои ги нуди ова езеро. Овие градови имаат големо сезонско население кое пристигнува од Чикаго и внатрешните градови во Јужен Мичиген. Најјужната точка на езерото е многу индустријализирана. Градови на брегот на Мичиген со население поголемо од 30,000 се:

Голема група од капачи на плажата на езерото Мичиген, Чикаго, околу 1925.

Илиноис

Индијана

Мичиген

Висконсин