Њујорк (сојузна држава)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Њујорк
State of New York
Знаме на Њујорк Печат на Њујорк
Знаме Печат
Прекар(и): The Empire State (Империската држава)
Гесло: Excelsior[1]
Алабама Алјаска Аризона Арканзас Калифорнија Колорадо Конектикат Делавер Флорида Џорџија Хаваи Ајдахо Илиноис Индијана Ајова Канзас Кентаки Луизијана Мејн Мериленд Масачусетс Мичиген Минесота Мисисипи Монтана Мисури Небраска Невада Њу Хемпшир Њу Џерси Њу Мексико Њујорк Северна Каролина Северна Дакота Охајо Оклахома Орегон Пенсилванија Род Ајленд Јужна Каролина Јужна Дакота Тенеси Тексас Јута Вермонт Вирџинија Вашингтон Западна Вирџинија Висконсин ВајомингMap of USA NY.svg
За сликава
Службен јазик нема
Главен град Олбани
Најголем град Њујорк
Површина  27. место
 - Вкупно 141 205 км²
 - Широчина 455 км
 - Должина 530 км
 - % вода 13,3
 - Гео. ширина 40° 30′ N до 45° 1′ N
 - Гео. должина 71° 51′ W до 79° 46′ W
Население  3. место
 - Вкупно 18 976 457
 - Густина 155,18/км² (6. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка Мерси[2]
1 629 м
 - Најниска точка Атлантски Океан[2]
0 м
Влез во сојузот  26 јули 1788 (11)
Гувернер Ендру Куомо
Сенатори Чак Шумер
Кристен Гилбренд
Делегација на конгресот
Часовен појас Источна: UTC-5/-4
Кратенки NY US-NY
Портал www.ny.gov

Њујорк е сојузна држава во североисточниот регион на САД. Таа е трета по ред најнаселена држава. Се граничи со Њу Џерси и Пенсилванија на југ и со Конектикат, Масачусетс и Вермонт на исток. Државата по поморска граница се граничи со Род Ајленд, источно од Лонг Ајленд, како и со канадската покраина Онтарио на север и запад и Квебек на север.

Градот Њујорк, со население повеќе од 8.000.000 жители, е најнаселениот град во САД. Познат е според статусот на финансиски, културен, транспортен и производствен центар, па и според неговата историја како порта за имиграција во соединетите држави. Според министерството за трговија на САД, Њујорк е често изборна дестинација на многу странски посетители. И државата и градот биле именувани според „Војводата од Јорк“ од XVII век, Џејмс Стјуарт, подоцнежниот Џејмс II и VII од Англија и Шкотска.

Во времето кога холандските доселеници се преселувале во регионот, во раните години од XVII век, Њујорк бил населен од групи на американски староседелци како Алгонкинци, Ирокези и Ленапи. Во 1609, регионот бил заземен од Хенри Хадсон за Холанѓаните. Тврдината Насау била изградена во 1614 во близина на денешниот главен град Олбани. Набрзо, Холанѓаните се населиле и во Нов Амстердам и делови од речната долина Хадсон, основајќи ја колонијата на Нова Холандија. Британците, со анексија, ја презеле колонијата во 1664.

Границите на Британската колонија, покраината на Њујорк, биле приближно слични со оние на денешната држава. Околу една третина од сите битки во Американската револуционерна војна се одвивале во Њујорк. Њујорк станалa независна држава на 9 јули, 1776, а уставот го донела во 1777. Државата го ратификувала уставот на соединетите држави на 26 јули, 1788, со што се вброила како единаесета држава во унијата.

Историја[уреди]

Њујорк во 1777 година

XVII век[уреди]

Во текот на XVII век холандските трговци воспоставиле врска за тргување на кожа со староседелците Ленапи, Ирокези и други кои биле распространети низ колонијата Нова Холандија. Првите пазари од ваков вид биле тврдината Насау (1614, во близина на денешен Олбани), тврдината Оренџ (1624, на реката Хадсон, јужно од денешниот град Олбани, која била поставена во замена на тврдината Насау, а подоцна се развил во населбата Бевервиџек во 1647 и во она што денес е Олбани), тврдината Амстердам (1625, која прераснала во градот Нов Амстердам кој, пак, денес е Њујорк) и Есофис (1653, а сега Кингстон).

Успехот во управувањето на Ренсерлирсвик (1630), кој го опкружувал Олбани и траел се до средината на XIX век, бил еден од клучните фактори во раните успеси на колонијата. Британците ја зазеле колонијата за време на вората англо-холандска војна и ја управувале како покраината Њујорк.

Американска револуција[уреди]

Синовите на слободата биле организирани во Њујорк во текот на 1760-те, во голема мера како одговор на угнетувачкиот „закон за штампата“ одобрен од страна на Британскиот парламент во 1765. Конгресот за истоимениот закон се одржал во градот на 19 октомври, истата година (собир на претставници од тринаесет колонии кои го поставиле континенталниот конгрес). Конгресот за „законот за штампата“ резултирал со декларација за права и жалби која била првото писмено изразување, од многуте подоцна напишани во декларацијата на САД за независност, од американските претставници. Заземањето на тврдината Тајкондерога ги снабдило топовите кои биле потребни за да се присилат Британците на повлекување при опсадата на Бостон во 1775.

Њујорк ја прифатил декларацијата за независност на 9 јули, 1776.[3] Државниот устав на Њујорк бил составен на конвенција која се одржала во Вајт Плеинс, Њујорк, на 10 јули, 1776. После повтореното одлагање и промените на локацијата, своите подвизи ги завршила во Кингстон, Њујорк, при саботното попладне на 20 април, 1777, кога новиот устав изготвен од Џон Џеј бил усвоен. Истиот не бил доставен до луѓето за ратификација. На 30 јули, 1777, Џорџ Клинтон бил назначен за прв гувернер на Њујорк со канцеларија во Кингстон.

Првата поголема битка во Американската револуција, откако била прогласена независноста, се водела во Њујорк на просторот на Лонг Ајленд во август, 1776. Британската победа го претворила Њујорк во нивна воена и политичка база при операциите во Северна Америка за време на конфликтот, а следствено на тоа и центар на вниманието на разузнавачките операции на генералот Џорџ Вашингтон.

Озогласениот Британски затворенички брод на заливот Волбаут усмртил повеќе американски војници при намерно запоставување на истиот, отколку што умреле во сите битки во војната.

Првата од двете најголеми Британски армии била фатена од континенталната армија во битката на Саратога во 1777, што влијаело на тоа Франција да стане сојузник на револуционерите.

Во обид да го задржат својот суверенитет и да останат независна нација позиционирана помеѓу новите сојузни држави и Британска северна америка, четири од ирокезиските народи се бореле на страната на Британците, а само Онајдас и нивните бранители Таскарорас се бореле на страната на американците.[4] Експедицијата Саливан од 1778 и 1779 уништила приближно 50 Ирокезиски села, присилувајќи многу бегалци да се преселат во Нијагара, која во тоа време била под Британско раководство.[5] Како сојузници на Британците, Ирокезите по војната биле иселени во Канада. Со договорените населби, Британците изгубиле многу староседелски поседи. Поради тоа што Њујорк склучил договор со Ирокезите без конгресионално одобрение, некои од купените земји се предмет на подоцнежни побарувања од индивидуални племиња. Повеќе од 20.000 км² од поранешната Ирокезиска територија била ставена на продажба по револуционерната војна, што довело до брз развој во горниот дел на Њујорк.[6] Според договорот од Париз, последниот остаток од Британскиот авторитет во поранешните тринаесет колонии (нивните трупи во Њујорк) бил повлечен во 1783, што долго потоа се славело како „ден на евакуацијата“.[7]

По жестока дебата, во која било вклучено објавувањето на сега типичното уставно толкување, Федералист Пејперс по серија на копии во Њујоршките весници, државата станала единаесетата која го ратификувала уставот на САД на 26 јули, 1788.[8]

XIX век[уреди]

Островот Елис во 1905

Транспортот во западен Њујорк бил многу тежок се додека не биле изградени патни канали во раните години од XIX век. Реките Хадсон и Мохавк можело да се следат до централен Њујорк, додека пак, реката Сент Лоренс можело да се следи до езерото Онтарио. Патот кој водел до големите езера бил блокиран од Нијагарините водопади и поради тоа патот до западен Њујорк бил целосно земјен.

Гувернерот Девит Клинтон строго се залагал за изградба на канал кој ќе ја поврзува реката Хадсон со езерото Ири, а со тоа и сите други големи езера. Изградбата започнала во 1817 и каналот Ири бил завршен во 1825. Овој канал се сметал за инжинерско чудо. Преносни бродови патувале нагоре и надоле низ каналот со посетители на нив.[9] Каналот овозможил порамнување и услови за трговија во многу области во Њујорк. Тој овозможил градовите со пристаништа на големите езера како што биле Бафало и Рочестер да пораснат во големи размери и многу брзо да просперираат. Исто така, каналот го поврзал развиеното земјоделско производство на средниот запад и пловењето на бродовите до големите езера со пристаништето во Њујорк.

Елис[уреди]

Сцени од имиграционото депо и блиското пристаниште на островот Елис

Островот Елис било главното пристаниште за имигрантите кои влегувале во САД во доцните години на XIX век. Објектот функционирал од 1 јануари, 1892, до 12 ноември, 1954. Тој е сопственост на федералната влада и сега е дел од националниот споменик, статуата на слободата, под јурисдикција на службата за национални паркови. Се наоѓа во Њујоршкото пристаниште помеѓу две држави и два града: Џерси Сити, Њу Џерси и Њујорк.

Повеќе од 12 милиони имигранти поминале низ островот Елис помеѓу 1892 и 1954. По 1924, кога бил одобрен законот за национални потекла, единствените имигранти кои можеле да поминат од таму биле иселени или луѓе кои побегнале од војната.[10] Денес, над 100 милиони Американци можат да трагаат по своето потекло кон имигрантите кои први пристигнале во Америка преку островот. Елис е предмет на пограничниот спор помеѓу државите Њујорк и Њу Џерси.

Статуата на Слободата[уреди]

Статуата на Слободата е поклон од Франција за САД за да се одбележи стогодишнината од програсувањето на Американската независност. Идејата за давање на огромна застапеност на републиканските доблести на прекуокеанската „сестра“ република послужила како фокус на републиканската кауза против други политичари. Статуата на Слободата била доставена до Њујоршкото пристаниште на 28 октомври, 1886.

Островот на Слободата бил затворен на 11 септември, 2001. Островот бил повторно отворен во декември, а споменикот на 3 август, 2004, но статуата останала затворена се до летото во 2009. Службата за национални паркови тврди дека статуата не е затворена поради терористичка закана, туку главно поради долга листа на регулативни прекршоци вклучувајќи и несоодветни постапки за евакуација. Музејот е отворен за посетителите, но е достапен само ако посетителите имаат „Лозинка за пристап до споменикот“, која е резервација која посетителите мора однапред да ја направат, односно пред да се качат на ферибродот. Дневно се одобрени максимум 3,000 посетители, со вкупно 15,000 посетители дневно на островор. Внатрешноста на статуата останала затворена.

Географија[уреди]

Релјефот на Њујорк
Мапа на реките Хадсон и Мохавк
Снежниот ефект на езерата има голем придонес во вкупното снежно врнење во западен Њујорк

Њујорк покрива 128.400 км² и е рангиран како 27 најголема држава според површина.[11] Големата долина Апалачија доминира во источен Њујорк, додека езерото Чамплеин е главниот северен дел на долината што, исто така, ја вклучува и реката Хадсон течејќи на југ кон Атланскиот океан. Суровите планини Адриондак, со големи предели на дивина, лежат западно од долината.

Голем дел од југот на државата се простира на висорамнината Алгени која се издига од југоисток, па сè до планинскиот венец Кетскил. Во западниот предел на државата се наоѓа реката Алгени и реките од речните системи на Сускуихена и Делавер. Договорт за басенот на реката Делавер, потпишан во 1961 од Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Делавер и федералната влада, го регулира користењето на речниот систем. Највисока точка во Њујорк се наоѓа на планината Мерси во Адирондак.[2]

Границите на Њујорк имаат допирна точка со две од големите езера, односно езерата Ири и Онтарио (кои се поврзани преку реката Нијагара). Државата се граничи и со: Онтарио и Квебек во Канада, со три држави од Нова Англија (Вермонт, Масачусетс, Конектикат), Атланскиот океан и две средно атлански држави, односно Њу Џерси и Пенсилванија.

Во контраст на убранизираната атмосфера во Њујорк, во големо мнозинство од површината на државата доминираат фарми, шуми, планини и езера. Паркот Адриондак во Њујорк е најголемиот државен парк во САД. Поголем е од заедничката површина на „Yellowstone“, „Yosemite“, „Grand Canyon“, „Glacier“ и „Olympic National Parks“.[12] Њујорк го оформил првиот национален парк во САД кај Нијагарините водопади во 1885.

Реката Хадсон започнува од езерото Хевн Тирс и тече јужно низ источниот дел на државата без вливање во езерата Џорџ и Чемплејн. Езерото Џорџ се празни во неговиот северен крај, во езерото Чемплејн, чиј северен крај преминува во Канада. Четири од петте административни единици на Њујорксе наоѓаат на три острови: Менхетн, Стејтен Ајленд и Лонг Ајленд, кој ги вклучува Бруклин и Квинс на неговиот западен крај.

Неформално, често се употребуваат изразите горен Њујорк и долен Њујорк за да се направи разлика помеѓу Њујорк, односно неговата голема метрополитенска област, и остатокот од државата Њујорк. Разграничувањето на овие региони е тема на чести дискусии.[13] Неофицијалните и произволно дефинирани региони на горниот дел на Њујорк ја вклучуваат областа Јужен Таер во која се сместени окрузите кои ја опфаќаат границата со Пенсилванија.[14]

Клима[уреди]

Генерално, Њујорк има умерено континентална клима, иако според Кепеновата класификација на климата Градот Њујорк има суптропска океанска клима.[15] Климата во Њујорк е под високо влијание од две континентални воздушни маси: топла и влажна од југозападот и ладна и сува од северо-западот.

Во поголемиот дел од зимските сезони температурата од -25°, или понска, може да биде очекувана во северните планински предели, а температура од -15°, или пониска, во југозападните и источноцентралните планински предели. Дури и во летниот период времето е студено во пределот на Андриондак, Кетскил и повисоките надморски височини.

Областа близу градот Њујорк, Лонг Ајленд и пониските слоеви на долината Хадсон Валеи имаат топли лета, со исклучок на периоди кога се појавува висока и непријатна влажност. Остатокот од државата ужива пријатно топли лета, повремено нарушени со кратки интервали на непогодна клима. Во поголемиот дел од државата летните тепмератури варираат од 25° до 30°.

Месечни нормални високи и ниски температури за различни градови во Њујорк[16] (Целзиус)
Град  Јан   Фев   Мар    Апр   Мај   Јун   Јул   Авг   Сеп   Окт   Ное   Дек 
Олбани мак
мин
-1
-11
1
-9
7
-4
14
2
21
8
26
13
28
16
27
14
22
10
16
4
9
-1
2
-7
Бигамтон мак
мин
-2
-9
-1
-8
5
-4
12
2
19
8
23
12
26
15
24
14
20
10
14
4
7
-1
1
-6
Бафало мак
мин
-1
-8
1
-7
6
-3
12
2
19
9
24
14
27
17
26
16
21
12
15
6
8
1
2
-4
Лонг Ајленд мак
мин
4
-5
4
-4
9
-1
14
4
21
9
25
16
28
19
28
18
24
14
18
7
12
2
7
-2
Њујорк мак
мин
3
-3
5
-2
10
2
16
7
22
12
26
17
29
21
28
20
24
16
18
10
12
5
6
0
Рочестер мак
мин
-1
-8
1
-8
6
-4
13
2
20
8
25
13
27
16
26
15
22
11
16
5
8
1
2
-5
Сајракус мак
мин
-1
-10
1
-9
6
-4
13
2
20
8
25
13
28
16
27
15
22
11
16
4
8
0
2
-6

Државни паркови[уреди]

Најголемите паркови во државата, Андриондак и Кетскил

Њујорк има голем број на државни паркови и две поголеми шумски области. Паркот Андриондак, отрпилика голем колку државата Вермонт и најголем државен парк во САД, е формиран во 1892 и му била доделена државна уставна заштита во 1894. Помислата која водела кон формирањето на паркот за прв пат се појавила во книгата „Човекот и природата“ на Џорџ Перкинс Марш, објавена во 1864. Марш тврдел дека уништувањето на шумите може да доведе од опустошување на околината. Потенцирајќи на чистењето на некогаш бујните земјишта околу медитеранот тој велел: „Обработувањето на идеите, утврдени во акции од страна на човекот, го преобрази лицето на земјата во пустелија, скоро како она на месечината“.

Паркот Кетскил бил заштитен со одобрувањето на закон од 1885[17] во кој било наведено дека неговата површина треба да се конзервира и никогаш да не биде распродадена или дадена под закуп. На неговата зафатност од 2.800 км²,[17] паркот е живеалиште на северноамериканскиот рис, бизони и многу рибари. Во овој регион живеат и околу 400 црни мечки.

Окрузи[уреди]

Окрузи во Њујорк
Поголеми региони во Њујорк определени од страна на одделот за економски развој на Њујорк
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на окрузи во Њујорк.

Њујорк е поделен на 67 окрузи.

Региони[уреди]

Њујорк е поделен на единаесет региони од страна на одделот за економски развој.[18]

  1. Чотауга - Алгени
  2. Нијагара Фронтиер
  3. Фингер Лејкс
  4. Таусенд Ајлендс
  5. Централен регион
  6. Планините Андриондак
  7. Планинскиот венец Кетскил
  8. Хадсонска Долина
  9. Главна област
  10. Њујорк (град)
  11. Лонг Ајленд

Понекогаш, државата Њујорк е делена на осум поголеми региони.[19]

Градови[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на градови во Њујорк.

Во Њујорк има 62 града. Најголемиот град во државата, а воедно и најнаселениот во САД, е Њујорк, кој се состои од пет окрузи: Бронкс, Њујорк (Менхетн), Квинс, Кингс (Бруклин) и Ричмонд (островот Стејтен). Њујорке домот на повеќе од две-петини од државното население.

На табелата се претставени десетте најголеми градови во Њујорк.[20]

  1. Њујорк (8,274,527)
  2. Бафало (279,745)
  3. Рочестер (211,091)
  4. Јонкерс (196,425)
  5. Сајракус (141,683)
  6. Олбани (93,523)
  7. Њу Рочил (72,967)
  8. Маунт Вернон (67,924)
  9. Шенектеди (61,280)
  10. Јутика (59,336)

Локацијата на овие градови, во рамките на државата, останала позната како место на големи транспортни трговски патишта уште од XIX век, особено каналот Ири и неговите паралелни железници.

Групирани како метрополитенски области, на табелата се прикажани дванаесетте најнаселени центри во државата.[21]

  1. Њујорк (18,815,988 во ЊЈ/НЏ/ПН, 12,381,586 во ЊЈ)
  2. Бафало-Нијагарини водопади (1,128,183)
  3. Рочестер (1,030,495)
  4. Олбани и главната област (853,358)
  5. Покипси и Хадсоска Долина (669,915)
  6. Сајракус (645,293)
  7. Јутика (294,862)
  8. Бингамтон (246,426)
  9. Кингстон (181,860)
  10. Глин Фолс (128,886)
  11. Итака (101,055)
  12. Елмира (88,015)

Демографија[уреди]

Њујорк: 2000 (Население и број на домаќинства)
Година Жители  %±
1790 340.120 —    
1800 589.051 +73,2%
1810 959.049 +62,8%
1820 1.372.812 +43,1%
1830 1.918.608 +39,8%
1840 2.428.921 +26,6%
1850 3.097.394 +27,5%
1860 3.880.735 +25,3%
1870 4.382.759 +12,9%
1880 5.082.871 +16,0%
1890 6.003.174 +18,1%
1900 7.268.894 +21,1%
1910 9.113.614 +25,4%
1920 10.385.227 +14,0%
1930 12.588.066 +21,2%
1940 13.479.142 +7,1%
1950 14.830.192 +10,0%
1960 16.782.304 +13,2%
1970 18.236.967 +8,7%
1980 17.558.072 −3,7%
1990 17.990.455 +2,5%
2000 18.976.457 +5,5%
2010 19.378.102 +2,1%
Извор: Податоци од 1910–2010 1790–1900

Население[уреди]

Густина на население во Њујорк (квадратна милја)

Од 2006, Њујорк е третата најголема држава во САД според бројот на населението, по Калифорнија и Тексас,[22] со проценето население од 19.541.453 од 1 јули, 2009.[23] Ова претставува пораст од 513.481 или 2,7% од последниот попис во 2000,[24] вклучувајќi природен пораст од 803.680 (тоа се 2.072.765 раѓања минус 1.269.085 умирања) и пад од 698.895 луѓе поради миграции надвор од државата.[24] Имиграциите надвор од САД придонеле пораст од 879.969 луѓе, а пак миграциите во границите на нацијата придонеле пад од 1.575.864 луѓе.[24]

И покрај големите отворени и празни површини во државата, населението во Њујорк е претежно урбанистичко со 92% на жители кои живеат во урбани области.[25] Њујорк е бавно растечка држава со голема стапка на домашни миграции во други држави. Како и да е, државата е една од главните дестинации за иселениците ширум светот, па според тоа ја има втората најголема стапка на имиграции во САД (по Калифорнија) со 4.2 милиони доселеници, одредено во 2008. Иако и горниот дел на Њујорк е дестинација на голем број имигранти, повеќето од нив се сместуваат околу Њујоркпоради неговата раздвижена економија и космополитенска култура.

Центарот на населението во Њујорк е сместен во округот Оринџ, во градот Дирпарк.[26] Њујорк, и неговите осум приградски окрузи (со исклучок на оние во Њу Џерси, Конектикат и Пенсилванија) има население од 13.209.006 или 68,42% од државното население.[27]


Расна структура и предците во Њујорк[уреди]

Етничка мапа на населението во Њујорк

Поголемите групи на предци во државата Њујорк се: Афроамериканци (15,8%), Италијанци (14,4%), Ирци (12,9%), Германци (11,1%) и Англичани (6%).[28] Според една проценка од 2004, 20,4% од населението во Њујорк се родени надвор од државата.

Њујорк е домот на најголем број афроамериканско население, а е втор по ред како дом на азиски Американци во САД. Освен овие поголеми групи на население во Њујорк, тој се смета и како дом на најголем број Порториканци, Доминиканци и јамајкански Американци во САД. Во соседството на Њујорк, односно градот Харлем е голем историски главен град на културата за Афроамериканците од субсахарско потекло, а Бедфорд Стајвесент е град со најголем број Афроамериканци во САД.

Квинс, исто така во Њујорк, е дом на најголемиот број азиски Американци во САД, а воедно и по население најразновидниот округ во САД. Вториот дом на азиските Американци е Чајнатаун, Менхетн. Квинс е, исто така, и дом на најголемото население во САД од пределот на Андите (Колумбијци, Еквадорци, Перуанци и Боливијанци).

Во пописот од 2000, италијанските Американци се покажале како најголема група на предци на островот Стејтен и на Лонг Ајленд, а веднаш зад нив се наоѓаат ирските Американци. Олбeни и југоисточниот централен Њујорк имаат, исто така, голем број на ирски и италијански американски доселеници. Во Бафало и западен Њујорк, германските Американци се најголема доселеничка група, а во северните предели на државата тоа се француските Канаѓани. Американците со англиско потекло се присутни низ цел горен Њујорк.

6,5% од населението во Њујорк е под пет годиншна возраст, 24,7% под 18 години и 12,9% имаат 65 и над 65 години. Жените во Њујорк сочинуваат 51,8% од вклупното население.

Според пописот во САД од 2000, 13,61% од населението од пет годишна возраст и постаро дома зборува шпански, додека 2,04% зборува кинески, 1,65% италијански и 1,23% руски.[29]

Религија[уреди]

Католиците сочинуваат повеќе од 40% од населението во Њујорк,[30] протестантите 30%, евреите 8,4%, муслиманите 3,5%, будистите 1% и 13% од населението тврди дека нема никаква верска припадност.[31]

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Њујорк.
LineartPresRev.png
Њујоршката берза, најголемата берза во светот
New York quarter, reverse side, 2001.jpg
Мидтаун Менхетн во Њујорк , најголемиот деловен реон во САД
Млекарница во Бранзвик

Бруто домашниот производ на Њујорк во 2007 изнесувал 1,1 трилиони американски долари, зафаќајќи го третото место во САД после Калифорнија и Тексас.[32] Доколку Њујорк е независна држава, би се рангирала на 16-то место со својата економска моќ, односно веднаш зад Турција. БДП по глава на жител, во 2007, изнесувал 46.364 долари, со што Њујорк го зафаќал шестото место во САД и осмото во светот, по Ирска. Продуктите во земјоделството на Њујорк ги сочинуваат: млекото, добитокот, зеленчукот и јаболките. Индустријата во Њујорк е сочинета од печатење и издавање, научни инструменти, електрична опрема, машинерија, хемиски продукти и туризам.

Њујорк извезува голем број на различни продукти како прехранбени продукти, мебел, минерали, компјутери и електроника, обликувани дијаманти и абтомобилски делови. Во 2007, државата извела стока во вредност од 71.1 милијарда долари во петте најголеми увозници на овие продукти, односно Канада (15 милијарди долари), Обединетото Кралство (6 милијарди долари), Швајцарија (5.9 милијарди долари), Израел (4.9 милијарди долари) и Хонг Конг (3.4 милијарди долари). Њујорк најмногу увезува нафта, злато, алуминиум, природен гас, електрицитет, необликувани дијаманти и дрво. Канада е многу важен економски партнер на државата. 21% од вкупниот извоз низ целиот свет во 2007 е извезен во Канада. Туризмот на северот е, исто така, голем дел од придонесите на Канада, нејзините жители во 2004 потрошиле 487 милиони американски долари при посета на државата.

Њујорк е водечки центар во САД за банкарство, финансии и комуникации и е локација на Њујоршката берза, најголемата банка во светот на доларксата валута. Многу од меѓународните корпорации се сместени токму во овој град.

Државата, исто така, има голем производствен сектор кој вклучува печатење и производство на облека, крзно, железничка опрема и автобуси. Могу од овие индустрии се сместени во горниот дел на Њујорк. Олбани и Хадсонска Долина се најголемите центри за произвоство на микрочипови и нанотехнологија, додека областа Рочестер е сконцентрирана на фотографска опрема.

Њујорк е голем земјоделски производител, рангирајќи се меѓу првите пет држави во производство на земјоделски производи како зелка, јаболки, млечни производи, цреши, компир, кромид, јаворов слад и многу други. Државата е најголем производител на зелка во соединетите држави. Околу четвртина од земјата на Њујорк е зафатена од фарми кои во 2001 произвеле земјоделски производи во износ од 3.4 милијарди американски долари. Јужниот брег на езерото Онтарио дава одличен склоп на почва и микроклима за овоштарници за јаболка, цреши, сливи, круши и праски.

Њујорк е третиот најголем производител на грозје во нацијата, позади Калифорнија, и втор најголем квантитативен производител на вино. Јужниот брег на езерото Ири е преполн со лозарства, а на полустровот Норт Форк од Лонг Ајленд, винариите и производството на вино почнало да се развива во последните три децении на XX век. Во 2004, грозјето и виното во Њујорк придонеле 6 милијарди американски долари во државната економија. Државата има вкупно 120 км² земјиште со лозја, 212 винарии и произвела 200 милиони шишиња вино во 2004.

Во јануари, 2010, невработеноста во државата била 8,8%.[33]

Транспорт[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Транспортот во Њујорк.
NYS Thruway Sign.svg
Регистарската таблица воведена во 2010 за патничките возила регистрирани во Њујорк

Њујорк има една од најголемите и најстарите транспортни инфраструктури во САД. Експанзијата на населението, генерално била проследена со потребата од водени патишта, најпрво на реката Хадсон, а потоа и каналот Ири. Денес, железниците и државните наплатни автопати ја следат генерално истата рута. Одделот за транспор на Њујорк е често критикуван за начинот на кој тие ги одржуваат државните патишта во одредени области и за фактот дека патарините, собрани заедно, на автопатите ја надминале нивната стандардна намена. До 2006, патарините наплаќале на државните платежни автопати се до градот Бафало. Тие биле отфрлени од употреба при крајот на 2006 за време на кампањата за избор на гувернер (и двајцата кандидати се залагале за нивно отстранување).

Во познатото метро во Њујорк четири приградски желзнички системи влегуваат и го напуштаат градот: „Long Island Rail Road“, „Metro-North Railroad“, „Port Authority“, „Trans-Hudson“ и пет железнички линии од Њу Џерси. Многу други градови имаат урбанистички и регионални јавни превози.

Одделот за моторни возила на Њујорк („ОМВН“) е владина агенција одговорна за регистрирање и контрола на автомобилите и други моторни возила како и за издавање на возачки дозволи во државата. Во 2008, „ОМВН“ имал 11.284.546 лиценцирани возачи[34] и 10.697.644 регистрирани возила.[35] Сите возила на бензин во Њујорк мораат да одат секои 12 месеци на контрола за емисија на штетни гасови. Секоја година, возилата во Њујорк мораат да бидат однесени на безбедносна проверка.

Влада и политика[уреди]

Собранието на Њујорк во Олбани

Според моменталниот устав (усвоен во 1938), Њујорк е управуван од истите три гранки со кои се управува во сите педесет држави во САД: извршната власт, вклучувајќи го гувернерот на Њујорк и останатите независно избрани уставни службеници; законодавната власт, вклучувајќи го дводомното државно законодавство на Њујорк (сенатот и собранието); и судската власт, вклучувајќи го највисокиот државен суд, апелациониот суд на Њујорк, и пониските судови. Државата има два сенатори во сенатот на САД, 29 членови во претсавничкиот дом на САД и 31 гласач во националниот избор на претседател (пад од 41-от гласач во текот на 1940-тите).

Собранието на Њујорк се наоѓа во Олбани. Државните управувачки единици се поделени во 62 окрузи. Њујорк има повеќе од 4.200 локални самоуправи. Околу 52% од сите приходи од локалните самоуправи на државата се собираат од Њујорк, која е најголемата општинска област во САД.[36]

Државата има силен дисбаланс од плаќањата на федералната влада. Њујорк добива 82 центи од секој 1 долар од даноци пратен во федералната влада во Вашингтон.[37] Њујорк е рангирана во близина на дното, односно на 42 место, во федерални трошоци за данок по еден долар.[38]

Законскиот систем на Њујорк се заснова на англиското обичајно право.

Сојузна застапеност[уреди]

Ендру Куомо, актуелниот гувернер на Њујорк

По пописот во 2000 и поделбата на изборите во 2002, државата има 29 членови во претставничкиот дом на САД и два сенатори во сенатот на САД. На државата ќе и бидат одземени две седишта во претставничкиот дом во 2013 поради падот на стапката на раст на населението.[39] Њујорк има 31 гласач при националниот претседателски избор.

Во сенатот на САД, Њујорк е претставуван од Чак Шумер и Кристен Гилбренд, а според бројот на ченовите во претставничкиот дом се наоѓа на трето место, после Калифорнија со 53 и Тескас со 32.

Смртна казна[уреди]

Смртната казна била повторно воведена во 1995 под администрацијата на Патаки, но статутот бил прогласен за неуставен во 2004 кога апелациониот суд на Њујорк со „People v.LaValle“ пресуди дека државниот устав е прекршен. Во 2007, реченицата со која се наложувала срмт на осуденикот била променета во доживотен затвор. Од 1963 во Њујорк не било одобрено ниедно погубување. И по напорите што ги вложила законодавната власт на Њујорк, статутот повеќе не го добил старото значење, иако одредени кривични дела кои спаѓаат под надлежност на сојузната влада се предмет на федералната смртна казна.[40][41][42]

Политика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика во Њујорк.

Во последните неколку децении, Њујорк генерално ги подржувал кандидатите на демократската партија при националните избори. Демократскиот претседателски кандидат Барак Обама победил во Њујорк со 25 процентни поени во 2008, поголем процент од Џон Кери во 2004. Њујорке голема демократска тврдина со либерална политика. И многу од другите убранистички области како Олбани, Бафало, Рочестер и Сајракус се, исто така, демократски насочени. Руралните средини во горен Њујорк се генерално поконзервативни за разлика од градовите и имаат тенденција кон избирање на републиканците.[43]

Образование[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Образование во Њујорк.
Административната зграда на Њујоршкиот државен универзитет во Олбани

Државниот универзитет на Њујорк ги надгледува сите основни и средни училишта во државата, додека одделот за образование на Њујорк го контролира системот на јавни училишта во Њујорк.

Сите колеџи и јавни универзитети ширум државата се на „Државниот Универзитет на Њујорк“ (ДУН). Градскиот универзитет на Њујорк е јавен универзитетски систем за Њујорк. Системот на ДУН е составен од 64 општествени колеџи, технички колеџи, додиполомски колеџи и универзитети. Четирите универзитетски центри се „University at Albany“, „Binghamton University“, „University at Buffalo“, „Stony Brook University“.

И покрај овие, во Њујорк има многу престижни приватни универзитети, вклучувајќи ја и најстарата католичка институција на североистокот, „Fordham University“. Њујорк е единствената држава која има повеќе од едно атлетско училиште од групата на универзитети „Ivy League“, а тоа се „Columbia University“ и „Cornell University“. „West Point“, воената академија на американската армија, е лоцирана јужно од Њубург.

Во текот на учебната година 2007/2008, Њујорк потрошил повеќе пари од сите дрги држави при вложувањето по глава на ученик.[44]

Спорт[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Спорт во Њујорк.

Во Лејк Плесид, Њујорк биле одржани зимските олимписки игри во 1980, игрите познати по хокејскиот натпревар помеѓу САД и СССР наречен „чудото на мраз“ во кој група на американски студенти го поразиле светски високо рангираниот советски национален хокејски тим со 4:3 и продолжиле во финалето против Финска. Лејк Плесид, исто така, бил домаќин и на зимските олимписки игри од 1932. Заедно со Сент Моритз, Швајцарија, и Инсбрук, Австрија, е едно од трите места каде што два пати биде одржани зимските олимписки игри.

Њујорк е дом на еден од тимовите во националната фудбалска лига, „Buffalo Bills“. Исто така, „New York Giants“ и „New York Jets“ ја претставуваат Њујоркшката метрополитенска област и биле претходно лоцирани во Њујорк, а нивните натпревари ги одржуваат во „New Meadowlands Stadium“ сместен во Источен Рутерфорд, Њу Џерси. Овој садион ќе биде домаќин на Супер Боул во 2014. Во неколкуте предлози за нов фудбалски стадион на „New York Jest“ постоеле многу контроверзи. Сопствениците на овој тим биле подготвени да ја поделат сметката од 1.5 милјарди доалари за изградбата на новиот стадион во железничките дворови во Вест Сајд, Менхетн, но предлогот никогаш не бил реализиран.

Њујорк има и два тима во главната бејзбол лига, „New York Yankees“ (основан во Бронск) и „New York Mets“ (основан во Квинс). Њујорк е, исто така, и дом на два тима од националната хокејарска лига, „New York Rangers“ во Менхетн, „New York Islanders“ во Лонг Ајленд и „Buffalo Sabers“ во Бафало. Тимот „New York Knicks“ во Менхетн игра во националната кошаркарска асоцијација. Има голем број на тимови кои играат во помалите лиги, а се сместени во подрачјето на Њујорк, како на пример „Long Island Ducks“.

Наводи[уреди]

  1. „New York State Motto“. New York State Library. http://www.nysl.nysed.gov/emblems/motto.htm. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Надморски височини и растојанија во САД“. Геолошки институт на САД. 29 април 2005. http://erg.usgs.gov/isb/pubs/booklets/elvadist/elvadist.html#Highest. конс. 6 ноември 2006. 
  3. „Декларација за независност“. www.history.com. архивирано од оригиналот на 9 април, 2008. http://web.archive.org/web/20080409165028/http%3A//www.history.com/minisites/fourthofjuly/viewPage%3FpageId%3D690. конс. 10 април, 2008. 
  4. Алан Тејлор (2006). „Поделеноста: Староседелци, дојденци и северната граница на американската револуција“. „Knopf“. ISBN 978-0679454717. 
  5. „Суливан/Клинтон - итерактивка карта“. http://www.sullivanclinton.com/mapset/shell.swf. конс. 30 август, 2010. 
  6. Дејвид В. Чен Битката за ирокезиските поседи ескалира [1] „The New York Times“. 16 мај, 2000. . Проверено на 11 април, 2008.
  7. „Среќен ден на евакуацијата“. Њујоршки оддел за паркови и рекреација. http://www.nycgovparks.org/sub_newsroom/daily_plants/daily_plant_main.php?id=19733. конс. 12 април, 2008. 
  8. „Њујоршката ратификација“. Онлајн устав на САД. http://www.usconstitution.net/rat_ny.html. конс. 10 април, 2008. 
  9. „Каналот Ири: Кратка историја“. Канали на Њујорк. http://www.nyscanals.gov/cculture/history/. конс. 10 април, 2008. 
  10. The Brown Quarterly, 4 том, бр. 1 (есен, 2000) – островот Елис/Имиграционен проблем
  11. „Копнени и земјени површини на САД (2000)“. Infoplease.com. http://www.infoplease.com/ipa/A0108355.html. конс. 11 април, 2008. 
  12. Околу паркот Андриондак, Паркова агенција на Андриондак. Проверено на 1 јули, 2009.
  13. Питер Исенстад, уред (2005). „Њујоршка енциклопедија“. „Syracuse University Press“. стр. 1619. ISBN 9780-8156-08080. 
  14. Питер Исенстад, уред (2005). „Њујоршка енциклопедија“. „Syracuse University Press“. стр. 1437. ISBN 9780-8156-08080. 
  15. „Клима на Њујорк“. „New York State Climate Office – Cornell University“. http://nysc.eas.cornell.edu/climate_of_ny.html. конс. 10 април, 2008. 
  16. „Typical High and Low Temperatures For Various New York Cities“. US Travel Weather. http://www.ustravelweather.com/new-york/. конс. 24 март 2010. 
  17. 17,0 17,1 „Историја на паркот Кетскил“. www.catskillpark.org. архивирано од оригиналот на 5 јули, 2008. http://web.archive.org/web/20080705134653/http://www.catskillpark.org/history/history.htm. конс. 11 април, 2008. 
  18. „Карта на единаесет региони“. Visitnewyorkstate.net. http://www.visitnewyorkstate.net/regions/. конс. 12 октомври, 2010. 
  19. „Карта на осум региони на Њујорк“. Nyeducationjobs.com. http://www.nyeducationjobs.com/Information%20Resources/members_new_york_map.htm. конс. 02 октомври. 
  20. „Њујорк: Историја, географија, население и факти за државата“. Infoplease.com. http://www.infoplease.com/ipa/A0108252.html. конс. 2 октомври, 2010. 
  21. „Годишни проценки на населението во метрополитенските и микрополитенските области: од 1 април, 2000 до 1 јули, 2007 (CBSA-EST2007-01)“ („CSV“). „Пресметки на населението - 2007“. Биро за попис на САД. 27 март 2007. архивирано од оригиналот на 2 април, 2008. http://web.archive.org/web/20080402204232/http%3A//www.census.gov/population/www/estimates/metro_general/2007/CBSA-EST2007-07.csv. конс. 27 март 2007. 
  22. „Проценки за промените во населението на САД и државите одделно: од 1 јули, 2005 до 1 јули, 2006“ (Ексел документ). архивирано од оригиналот на 11 март, 2007. http://web.archive.org/web/20070311040559/http%3A//www.census.gov/Press-Release/www/2006/statepopest_table1.xls. конс. 5 јануари, 2007. 
  23. „Годишни проценки за населението во САД, регионите, државите и Порторико: од 1 април, 2000 до 1 јули, 2009“. Биро за попис на САД. http://www.census.gov/popest/states/tables/NST-EST2009-01.csv. конс. 30 декември, 2009. 
  24. 24,0 24,1 24,2 Биро за попис на САД (15 декември, 2008). „Кумулативна проценка на компонентите во промените на населението за САД, регионите и државите: од 1 април, 2000, до 1 јули, 2008 (NST-EST2008-04)“ (CSV). http://www.census.gov/popest/states/tables/NST-EST2008-04.csv. конс. 16 јануари, 2009. 
  25. Тимоти С. Паркер (10 октомври, 2010). „Факти за Њујорк: Приход на Њујорк од степенот на развиеност на агрикултурата, фарми, образование, население, финанскиски показатели, извоз итн.“. Ers.usda.gov. http://www.ers.usda.gov/StateFacts/NY.htm. конс. 10 февруари, 2010. 
  26. „Население и центри на населението во државата, 2000“ (текст). http://www.census.gov/geo/www/cenpop/statecenters.txt. конс. 5 јануари, 2007. 
  27. „DP-3. Профил на избрани економски карактеристики: 2000, Географска област: Њујорк“. „Биро за попис на САД, попис од 2000“. http://factfinder.census.gov/servlet/QTTable?-geo_id=04000US36&-qr_name=DEC_2000_SF3_U_DP3&-ds_name=DEC_2000_SF3_U. конс. 5 јануари, 2007. 
  28. Прекрасна Америка: Њујорк. Проверено на 18 август, 2007.
  29. „Центар за јазични податоци“. Mla.org. 27 јули, 2007. http://www.mla.org/map_data_results&state_id=36&mode=state_tops. конс. 2 јули, 2010. 
  30. Проф. Д-р Игон Маер (2001). „Американски религиозни убедувања“. „The City University of New York“. http://www.gc.cuny.edu/faculty/research_briefs/aris/key_findings.htm. конс. 5 јануари, 2007. 
  31. „Архивирани податоци на религиозната асоцијација“. Thearda.com. http://www.thearda.com/mapsReports/reports/state/36_2000.asp. конс. 2 октомври, 2010. 
  32. Оддел за економски анализи. „Бруто домашен производ по држава, 2005“, 26 ацгуст, 2006 (конс. 8 февруари 2007).
  33. Bls.gov; Локални статистики за невработеност
  34. „Њујорк - статистики - лиценцирани возачи, 2008“. Nydmv.state.ny.us. http://www.nydmv.state.ny.us/Statistics/statli08.htm. конс. 2 јули, 2010. 
  35. „Њујорк - статистики - регистрирани возила, 2008“. Nydmv.state.ny.us. http://www.nydmv.state.ny.us/Statistics/regin08.htm. конс. 2 јули, 2010. 
  36. „Office of the New York State Comptroller“. „2006 Годишен извештај за локални самоуправи“ (PDF), ноември, 2006 (конс. 14 ноември 2006).
  37. Оддел за финансии на Њујорк. „Фер поделба на државниот буџет:Дали Олбани со Њујорк плаќаат фер?“, 11 март, 2005 (конс. 19 јули, 2006).
  38. „Федерални трошоци по долар за секоја држава посебно FY2005“. „Tax Foundation“. http://www.taxfoundation.org/research/show/266.html. конс. 12 април, 2008. 
  39. Џеј Реј (22 декември, 2010). Бавниот раст на Њујорк ќе значи губење на две места во претставничкиот дом. „The Buffalo News“. Проверено на 22 декември, 2010.
  40. Роб Галагер (25 октомври, 2005). „Погубувања во Њујорк“. архивирано од оригиналот на 28 мај, 2008. http://web.archive.org/web/20080528081537/http%3A//users.bestweb.net/%7Erg/execution/NEW%2520YORK.htm. конс. 9 април, 2009. 
  41. Брендан Скот. „Владата ја промени одлуката за смртоносната келија“, „New York Post“, 24 јули, 2008 (конс. 9 април, 2009).
  42. Мајкл Пауел. „Во Њујорк, законодавците гласаат за спречување при повторн воведување на смртна казна“, „The Washington Post“, 13 април, 2005 (конс. 11 април, 2008).
  43. Opensecrets.org. „Изборен преглед од 2006: Топ поштенски кодови“, 16 мај, 2005 (конс. 19 јули, 2006).
  44. Томас, Скот. „Њујорк во водство по трошоци за образование“, „„The Business Review““, „American City Business Journals, Inc“, 28 јуни, 2010 (конс. 29 јуни, 2010).

Надворешни врски[уреди]

Влада

Туризам и рекреација

Култура и историја

Мапи и демографија


Административна поделба на САД
Сојузни држави Ајдахо | Ајова | Алабама | Аљаска | Аризона | Арканзас | Вајоминг | Вашингтон | Вермонт | Вирџинија | Висконсин | Делавер | Западна Вирџинија | Илиноис | Индијана | Јужна Дакота | Јужна Каролина | Јута | Калифорнија | Канзас | Кентаки | Колорадо | Конектикат | Луизијана | Масачусетс | Мејн | Мериленд | Минесота | Мисисипи | Мисури | Мичиген | Монтана | Небраска | Невада | Њујорк | Њу Мексико | Њу Хемпшир | Њу Џерси | Оклахома | Охајо | Орегон | Пенсилванија | Род Ајленд | Северна Дакота | Северна Каролина | Тексас | Тенеси | Хаваи | Флорида | Џорџија
Федерален округ Колумбија
Островски територии Американска Самоа | Американски Девствени Острови | Гуам | Порторико | Северни Маријански Острови
Оддалечени острови Џонстонов Атол | Бејкеров Остров | Вејк | Кингмен | Мидвејски Острови | Наваса | Палмирски Атол | Џарвисов Остров

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Њујорк (сојузна држава)“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).