Борови

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Борови
Pinus sylvestris или бел бор
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Иглолисни
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Фамилија: Борови
Lindley, 1836.
Подфамилии и родови

Подфамилија Pinoideae
    Pinus - борови (со околу 115 видови)
Подфамилија Piceoideae
    Picea - смрчи (со околу 35 видови)
Подфамилија Laricoideae
    Cathaya (еден вид)
    Larix - ариши (со околу 14 видови)
    Pseudotsuga - дуглазии (пет видови)
Подфамилија Abietoideae
    Pseudolarix - лажен ариш (еден вид)
    Abies - ели (со околу 5о видови)
    Cedrus - кедари (два или четири видови)
    Keteleeria (три видови)
    Nothotsuga (еден вид)
    Tsuga - тиса (девет видови)

Боровите (науч. Pinaceae) сочинуваат фамилија на растенија во редот Боровидни. Многу видови од оваа фамилија се важни извори на дрво и дрвна пулпа. Некои видови се одгледуваат како украсни растенија, додека некои образуваат важни растителни заедници.

Содржина

Опис [уреди]

Со исклучок на листопадниот ариш (Larix) и лажниот ариш (Pseudolarix amabilis), оваа група обединува зимзелени дрвја, а поретко и грмушки. Најголемите дрвја од оваа фамилија се дуглазијата (Pseudotsuga menziesii, односно Pseudotsuga menziesii var menziesii: "Red Creek Fir") со големина од 73,8 m и дијаметар на стеблото од 4,02 m, [1]која расте на островот Ванкувер во Британска Колумбија и ситканската смрча (Picea sitchensis ) со големина од 70 m и дијаметар на стеблото до 3 m (кај Квитс Ривер, Олимписки национален парк, Вашингтон). Едно од најдолго живеечките дрвја е Pinus longaeva (за еден примерок од Невада се смета дека е стар 5000 години). Сите дрвја од фамилијата содржат смола и имаат ароматичен мирис. Кората, во зависност од видот, може да биде мазна, лушпеста или крзнеста.

Корењата се најчесто задрвенети, а присутни се и фиброзни корења. Дрвенестите корења се заменуваат најдоцна до една година. Некои видови формираат ектомикориза.

Игличестите лисја се спирално распоредени или се во снопчиња. Листовите кај подфамилијата Abietoidae (со родовите Abies, Picea и Pseudotsuga) се наоѓаат на долги дршки; кај подфамилијата Laricoidae (со родовите Larix и Cedrus) тие се сместени на кратки или долги дршки, додека кај Pinoidae (со единствениот род Pinus) листовите се на долги дршки кај младите растенија, а потоа се прередуваат на кратки.

Шишарки, ,,цветови‘‘ и семиња [уреди]

Женска шишарка од Picea abies.

Сите видови на борови се еднодомни растенија. Тие носат машки шишарковидни ,,цветови‘‘ кои се наоѓаат на кратки дршки и стојат на една оска. Содржат многу прашници. На својата долна површина, овие прашници носат две поленови торбички. Од надворешниот слој на поленот (ектегзина) се создаваат две воздушни торбички. Поленот се произведува во многу големо количество и се распространува со ветрот (анемофилија). Зрелиот полен кај боровите се состои од четири клетки: две проталиумови клетки, поленова цевка и генеративна клетка. По опрашувањето, поленовата цевка и генеративната клетка образуваат стем-клетка и две спермални клетки.

Женските шишарки се хомологни со соцветијата на скриеносемените. Женската шишарка се состои од задрвенета семена површина во чија основа се наоѓаат семенови зачетоци. Секоја семена лушпа претставува повеќе или помалку слободен прицветен лист. Според ова, една семена лушпа би била хомологна со изменетите кратки изданоци. Боровите градат шишарки во кои созрева семето. Меѓу опрашувањето и оплодувањето има одреден период кој зависи од видот (кај борот и до една година).

Најчесто се формираат 2-15 (ретко и до 24) котиледони.

Хромозомскиот број од 2n = 24 е речиси секогаш константен.

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]