Нова Година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нова година е денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.[1] Новата година според Грегоријанскиот календар, кој денес е најкористен низ целиот свет, паѓа на 1 јануари, но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година.

Грегоријански календар[уреди]

Во земјите кои го користат Грегоријанскиот календар, првиот ден од новата година паѓа на 1 јануари. Овој датум како прв ден од новата година е проширен низ целиот свет, дури и во земјите кои слават друг ден како почеток на новата година (на пример Кина и Индија). Прославата на новата година се случува вечерта наспроти 1 јануари, односно на 31 декември, и се смета за најголем настан проследен со големи огномети.

Во Сиднеј на полноќ се користат околу 80.000 огномети, и има повеќе од милион и пол посетители, а во 2009 година овој настан беше најгледан преку телевизија. Во Лондон покрај впечатливиот огномет, новата година ја најавува и удирањето на часовникот Биг Бен, кој означува полноќ. Во Њујорк, прославата се одвива на плоштадот Тајмс Сквер. Во Единбург прославите траат четири дена, додека во Скопје, веќе традиционално новата година се дочекува на плоштадот во центарот на градот.

Други прослави на Нова година[уреди]

Следува список на прославувањето на Нова година на други датуми.

  • Кинеската Нова година, позната е и како лунарна (месечева) Нова година, секоја година е на различен датум, а паѓа на првата Млада Месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари според Грегоријанскиот календар. Традиционално оваа прослава е одбележана со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Оваа прослава е една од најважните во Кина.
  • Виетнамската Нова година (Tết Nguyên Đán) најчесто е во ист ден со кинеската Нова година.
  • Тибетанската Нова година (Losar) паѓа од јануари до март.
  • Nava (нова) Varsha (година) се слави во различни делови од Индија во март и април.

Види исто така[уреди]

Референци[уреди]

  1. Anthony Aveni, "Happy New Year! But Why Now?" in The Book of the Year: A Brief History of Our Seasonal Holidays (Oxford: Oxford University Press, 2003), 11-28.


Државни празници во Република Македонија

Нова ГодинаПрв ден БожиќПрв ден ВелигденВтор ден ВелигденДен на трудотСв. Кирил и МетодијИлинденДен на независностаДен на востаниетоДен на револуционерната борбаСвети Климент ОхридскиРамазан Бајрам