Биг Бен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Биг Бен
Big Ben

Биг Бен
Општи информации
Град Вестминстер, Лондон
Земја Англија, Велика Британија

Биг Бен, која во буквален превод означува Голем Часовник, е кула која се наоѓа во Лондон како дел од архитектурата на Вестминстерскиот дворец[1]. Оваа кула уште се нарекува и Кулата на Св.Стефан а на англиски јазик е позната како Big Ben, Clock Tower, Palace of Westminster или St. Stephen's Tower. Овој објект е висок 93 м. Со тежина од околу 13 тони.

Биг Бен е најголемата камбана ако се споредат другите механизми кои се состојат од часовници. Долго време овој часовник бил сметан за најголемиот во светот.

Биг Бен била изградена во 1858 година, а часовникот бил пуштен во употреба на 7 септември 1859 година. На часовникот се наоѓа надпис на латински кој гласи: Domine salvam fac Reginam nostram Victoriam Primam, кој во превод значи "Боже, чувај ја нашата кралица Викторија I!".


Наводи[уреди]

  1. „The Story of Big Ben“. Whitechapel Bell Foundry. http://www.whitechapelbellfoundry.co.uk/bigben.htm. конс. 19 октомври 2008.