Ден на независноста на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ден на независноста на Република Македонија
Го слави Македонија Македонија
Значење Прогласување на македонската независност преку референдум
Датум 8 септември
Прослава Сенароден собир, концерти, спортски настани, одбележување во македонските амбасади низ светот[1]...
Обичаи Одење на излети[2]
Поврзано Илинден

Ден на независноста на Македонијадржавен празник[3] кој се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и како 8 септември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Историја[уреди]

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Саборот независност прогласила и Хрватска. На 6 мај избиле нереди, а потоа дошло и до престрелки во и околу поморската база "Лора" во Сплит. Прва жртва на немирите бил војникот Сашо Гешковски од Кавадарци, кој извршувал стражарска служба.

Сплитските настани биле почеток на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добивале сè повеќе на интензитет, се прошириле и пераснале во отворен оружен конфликт.

Тоа создало и хаотична состојба и во БиХ со прогласувањето на Источна Херцеговина, областа Романија и Босанската Краина за Српски автономни области кои се ставиле под директна јурисдикција на сојузната власт, односно на раководството во Србија.

Со цел мирно решавање на кризата, на 27 август Eвропската заедница донесла Декларацијата за Југославија. Биле потпишани и два документа - Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на посматрачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.

Оригиналната страница на Декларацијата за Сувереност
Оригиналната страница на Декларацијата за прогласување на Независност

Потпис на Декларацијата ставија тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ Стипе Месиќ, од име на Сојузниот извршен совет Анте Марковиќ, како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша Ханс Ван ден Брук, претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломаријата на Холандија, која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот суверенитет, негирање на употребата насила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции.

ЕЗ како последен обид да ја спречи граѓанската војна која се наѕираше од развојот на југословенската криза, на 7 септември во Хаг организира Мировна конфренција за Југославија.

Согледувајќи ја состојбата во Југославија првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на 8 септември 1991.

Референдум[уреди]

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Собрание на Република Македонија|Македонски Парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

Реакции[уреди]

Домашни[уреди]

Македонците самите резултати ги прифатиле со голем оптимизам и еуфорија. Истотака и вискоките функционери се големи оптимисти.


...Пред се со референдумот се бара да се афирмативно пристапи кон онаа вековна борба на македонскиот народ, која некогаш се решавала со пушки и крв. Денес слободни со својата културна еманципација, национална свест се определиме пред се за самостојна и суверена држава, а потоа да пристапиме со својот правен легитимитет, ослободени од секаква поданиска философија и инфериорност и во преговори со партиите, а тоа се шестте републики во Југославија и никако другачие, и тоа ни даде за право да кажеме дека нашиот суверенитет и нашата самостојност ја сфаќаме само како поттикнувачки мотив, инспирација и правен легитимитет да стапиме во еден сојуз со суверени држави. Оттука нашата замисла и ние сакаме врз овие принципи и ова видување да изградиме една нова заедница на југословенските суверени држави. Но, во колку не дојде до тоа, тогаш самата историска обврска и судбина ќе не тера да ние пристапиме кон спокојно изодување на своја суверена држава, односно сите нејзини сегменти во правниот, политичкиот, економскиот систем и тоа ќе ни даде шанса да воспоставиме партнерство со сите оние кои ќе имаат интерес со нас да бидат, а Европа е тој дом кој ќе не интегрира и ќе не спои....


Никола Кљусев, тогашен претседател на владата


...Со оваа одлука што денес ја донесуваат граѓаните на Македонија се отвора еден интензивен процес на градење на македонската држава, на градење на нејзините односи во Југославија со другите суверени држави, а исто така и со соседите и со Европа. Тоа е макотрпен и сложен процес, но благороден процес, меѓутоа знаат за што се одлучуваат што работат. Ќе има, веројатно некои тешкотии што треба да се поднесат, а младите генерации еве од оваа генерација што го организира изборно овој референдум добиваат во аманет да бидат на тоа ниво па и да ги натфрлат нашите достигања....


Стојан Андов, претседател на македонското собрание во 1991 година.

Странски[уреди]

По референдумот, водечките светски медиуми излегоа со оценка дека мнозинството гласачи се изјасниле за независност на Македонија и оти тоа ќе значи чекор поблиску до распадот на Југославија.

Референдумското изјаснување во соседните земји не наишло на одобрување. Атина го оценува референдумот како скопска опасност за Грција. Бугарија најавува дека ќе ја признае државата, но не и нацијата, а Албанија го одобрила бојкотот на албанската етничка заедница во земјата. Честитки до претседателот Глигоров меѓу првите упатил словенечкиот претседател Милан Кучан. САД го повториле својот став за политиката на македонскиот државен врв даден пред референдумот во кој изразиле задоволство од нејзиниот умерен пристап и духот на компромис што ги покажувала Македонија. Уставното име на Македонија, САД го признаа за време на администрацијата на Џорџ Буш Помладиот на самиот почеток од неговиот втор претседателски мандат во 2004 година.


Првата прослава[уреди]

По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собирале на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. каде Македонското радио организирала свеченост насловена Глас за Македонија со настап на стотина естрадни ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читале извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот.

Идниот прв претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, се обратил кон македонскиот народ со историскиот говор:

„Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“.

Вакви спонтани прослави биле организирани и во Битола, Охрид и во другите градови низ новата Република.


Прославување на празникот[уреди]

Денот на независноста како државен празник е неработен ден во Македонија[4]. Претседателот и владата на Македонија организираат разни свечености. Претседателот традиционално го доделува Орденот „8 Септември“. Народот традиционално оди на излети во познатите излетнички места. Македонскиот олимписки комитет организира спортски пикници, а додека Мотоциклистичката федерација на Македонија го организира Меѓународното мото рели „Македонија 2008“ во Скопје.

Сите македонски амбасади, конзулати и преставништа организираат пригодни коктели и свечености во земјите во кои се наоѓаат.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Државни празници во Република Македонија

Нова ГодинаПрв ден БожиќПрв ден ВелигденВтор ден ВелигденДен на трудотСв. Кирил и МетодијИлинденДен на независностаДен на востаниетоДен на револуционерната борбаСвети Климент ОхридскиРамазан Бајрам

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Ден на независноста на Македонија“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).