Национална библиотека на Албанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национална библиотека на Албанија
Biblioteka Kombëtare e Shqipërisë
Националната библиотека
ЗемјаАлбанија
Основана1922; пред 102 години (1922)
МестоТирана
Фонд
Збирка накниги, списанија, весници, списанија, мапи, атласи
Обем1 M
Други информации
ДиректорПерсида Аслани
Службена страницаbksh.al


Национална библиотека на Албанија (албански: Biblioteka Kombëtare e Shqipërisë) е албанска национална библиотека со седиште во главниот град Тирана.[1] Основана е во 1920 година [2] и инаугурирана на 10 декември 1922 година.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Националната библиотека на Албанија (НБА) е примарна национална културна институција и најстара во албанската држава. Библиотеката опфаќа две згради и е организирана и работи под надлежност на Министерството за туризам, култура, млади и спорт. библиотеката е сместена во Тирана, и претставува чувар на националното наследство за собирање, обработка, обновување, зачувување и достапност на јавноста за пишувањето на културното наследство на албанскиот народ.

На национално ниво организира библиотекарно образование и континуирано стручно образование и е центар за студиско истражување од областа на библиотекарството, каталозирање во публикациите центар, националната агенција ИСБН и единствениот центар за зачувување и реставрација на специјални збирки. Нејзината архива опфаќа вкупно 1.169.767 книги, периодични списанија, мапи, атласи, микрофилмови и други библиотекарни материјали. Специјалните колекции се вредни за национална, како и за европска култура. Библиотеката е отворена 72 часа неделно за секој над 16 години.Корисниците можат да позајмуваат материјали или да ги користат во читалните. Мрежното место на библиотеката им овозможува на корисниците да ја пребаруваат архивата, а нуди и други услуги како дигитализирани каталози и дигитални збирки. Библиотеката организира изложби, промоции на книги, конференции и слично. Како правна институција библиотеката објавува Национална библиографија. За националната библиотекарни мрежи објавува научно-културен преглед на библиотеката, учебниците, стручни упатства и прирачници. Библиотеката е член на ИФЛА, ЛИБЕР, ЦЕНЛ, ЦДНЛ. Официјално е поканета да стане партнер во Светската дигитална библиотека.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Национален архив на Албанија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „National Library of the Republic of Albania“. LibDex. Архивирано од изворникот на 2008-07-06. Посетено на 2008-08-01.
  2. Etleva Domi (2003-06-23). National Library of Albania. Encyclopedia of Library and Information Science. doi:10.1081/E-ELIS-120008530 (неактивно 2020-01-25). ISBN 9780824720797.
  3. „Albanian National Bibliography“. University of Illinois at Urbana-Champaign. Архивирано од изворникот на May 18, 2007. Посетено на 2008-08-01.
  4. DOMI, E. (2011). The National Library of Albania: Tradition and Modern Vision. Alexandria, 21(3), 15-24.