Кинески јуан
| Кинески јуан (ренминби) 人民币 (кинески) |
|||
|
|||
| ISO 4217 код | CNY | ||
|---|---|---|---|
| Официјален корисник | |||
| Неофицијален корисник | |||
| Инфлација | 5,4% (март 2011.) | ||
| Сврзан со | американски долар (за деноминација) | ||
| Подвалута | |||
| 1/10 | џиао (角) | ||
| 1/100 | фен (分) | ||
| Симбол | ¥ | ||
| Прекар | куаи (块) | ||
| џиао (角) | мао (毛) | ||
| Монети | |||
| Најчесто користени | ¥0,1, ¥0,5, ¥1 | ||
| Поретко користени | ¥0,01, ¥0,02, ¥0,05 | ||
| Банкноти | |||
| Најчесто користени | ¥1, ¥5, ¥10, ¥20, ¥50, ¥100 | ||
| Поретко користени | ¥0,1, ¥0,2, ¥0,5, ¥2 | ||
| Централна банка | Народна банка на Кина | ||
| Мреж. место | www.pbc.gov.cn | ||
Кинески јуан или ренминби (кинески: 人民币) (ISO 4217: CNY, нумерички код: 156) е официјална валута во Кина (без Хонг Конг и Макао). Симболот за ренминби е ¥, а го издава Народната банка на Кина. Во 2010 год. инфлацијата изнесувала 5,1%.
Називот ренминби на кинески значи „народна валута“. Основна единица на ренминби е јуан (元), и многу често и самата валута се поистоветува со јуанот. Еден јуан содржи 10 џиаоа, кои се делат на 10 фени.
Историјат [уреди]
Првата серија банкноти на ренминби била издадена во декември 1948 година. Биле печатени само банкноти и тие ги замениле разните валути што циркулирале во подрачјата што биле под контрола на комунистите.
Во првата серија биле издадени дури 62 различни дизајни на банкнотите, а сите биле повлечени во 1955 година, откако била издадена втората серија на кинескиот јуан (ренминби). До сега се издадени 5 серии на јуанот, а последната била претставена во 1999 година.
Во текот на својата историја, курсната вредност главно била врзувана за американскиот долар. Во периодот на централно планирање, вредноста на валутата била преценета, додека денешната курсна вредност е далеку под реалната вредност. Флексибилноста на курсот е ограничена со вредностите што ги поставила Владата на НР Кина.
Во оптек се банкноти во вредност од 0,1, 0,2, 0,5, 1, 2, 5, 10, 20, 50 и 100, како и монети од 0,01, 0,02, 0,05, 0,1, 0,5 и 1.
Наводи [уреди]
- ↑ Кинескиот ренминби е прифатен во Монголски тугрик каде е официјална валута
- ↑ 2,0 2,1 „RMB increases its influence in neighbouring areas“, „Народен дневник“, 17 февруари 2004. (англиски)
- ↑ 人民幣在蒙古國被普遍使用 - Тукунгпао
| Тековен девизен курс на CNY | |
|---|---|
| Од Google Финансии: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB |
| Од Yahoo! Финансии: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB |
| Од XE.com: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB |
| Од OANDA.com: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB |

