Народен дневник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Народен дневник
人民日报
People's Daily logo.svg
People's daily 1 Oct 1949.jpg
Насловна страница на 1 октомври 1949
(дента на прогласувањето на НР Кина)
Тип дневен весник
Сопственик Комунистичка партија на Кина
Издавач Централен комитет на Комунистичката партија на Кина
Главен уредник Џанг Јеннунг
Основан 15 јуни 1948
Јазик разни
Седиште Бр. 2 Џинтај Сјилу, Чаојанг, Пекинг
Страница

people.com.cn

english.peopledaily.com.cn

Народен дневник (кин. 人民日报; пинјин: Rénmín Rìbào; мактр. Женмин жибао) — кинески дневен весник, орган на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) што се издава ширум светот, со тираж од 3-4 милиони примероци. Покрај главното издание на кинески јазик, весникот има изданија на англиски, јапонски, француски, шпански, руски, арапски и корејски. Содржините на други јазици се поограничени со кинески теми, а побогати со меѓународни содржини и случувања во земјата кајшто се говори дадениот јазик. Како „Правда“ во времето на СССР, весникот е гласило за ставовите и политиката на партијата.

Историја[уреди]

Весникот е основан на 15 јуни 1946 г. во Пингшан, Хебеј, а следната година е преместен во Пекинг. Од неговото основање до денес, венсникот е под непосредна контрола на владејачкиот врв. Во првите две децении, главни уредници биле Денг Туо и Ву Ленгсји, но со весникот всушност раководел Ху Чаому, личен секретар на Мао Цетунг.

За време на Културната револуција, „Народен дневник“ бил еден од ретките извори на информации за намерите и политиката на партијата и државното раководство. Во овој период, воведниот дел важел за официјално приопштување на одлуките и плановите на владата и затоа се читал ширум целата земја. Рубриката има таква улога и денес.

Постои значајна содржинска разлика помеѓу воведниот дел, освртите и мислењата во весникот. Иако сите мора да добијат согласност од владата. Додека вовидначарот има за задача да соопшти договорени и официјализирани ставови и планови, и тоа го прави поретко, колумнистите даваат свои гледишта и мислења за тековни проблематики кои не мора да го одразуваат мислењето на партијата или владата, но не се ни критично настроени кон неа.

Бројот на написи за некој политичар важи за јасен показател за неговиот успех во кариерата.

Покрај ова, редакцијата на „Народен дневник“ го издава и Global Times,[1] и на својот портал го држи значајниот форум „Зајанување на нацијата“.[2]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Тања Браниган во Пекинг (20 април 2009). „Пуштено ново гласило во Кина“. The Guardian. http://www.guardian.co.uk/world/2009/apr/20/china-newspaper-launch. конс. 10 мај 2012.  (англиски)
  2. „Форум „Зајакнување на нацијата““. „People's Daily“. 27 јуни 2008. http://bbs1.people.com.cn/. конс. 10 мај 2012. 

Надворешни врски[уреди]